ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А тоа дека Иванов можеби ќе употреби право на вето...![]()
Како што имам чуено, он си цели на некое амбасадорско место, така да гајле му е за факултетот.
Плус, кај нас ветото на претседателот е никакво. Законов мислам дека се носи со обично, т.е. просто мнозинство, а доколку Хорхе употреби суспензивно вето, се враќа во собраниска процедура и ако се изгласа со апсолутно мнозинство ќе мора да го потпише указот.![]()
Си се смешал малце со ветото на америчкиот претседател.Во право си, во Р.М ветото е такво, нема некој ефект, но постои и уште еден вид вето, непишано, своевидна дупка во законот, иако не сум 100% сигурен, така да не ми го земајте тврдењето за апсолутно точно.
Имено, Претседателот може воошто ништо да не прави со законот, ниту да употреби вето, ниту да го потпиште, ќе го држви во статус-кво засекогаш, дури законот не се повлече. Но, секако со овој „претседател“ нема шанси такво нешто да се случи.
Знаеш дека сега ке нема 3 годишни студии т.е ке има ама нема да дипломиран или незнам што профисионални студии ли или како и да ги нарече министерот и за магистар две години ке биде, плус ке биде задолжително усното пак...?[DOUBLEPOST=1419683700][/DOUBLEPOST]бтвДа се разбереме, во понеделник нема да се гласа законот бидејќи е првото од трите читања. Ама негде, до крајот на јануари ќе биде.
Е ова е малку нејасно. Пример, ја сум на три годишни студии и се запишувам на мастер (под претпоставка дека тука ќе запишувам матер) во учебна 2016/17. Мастерот го завршувам 2017/18 и треба да полагам државен испит за тие 2 години на мастер. Други викаат вака: дека државен испит за мастерот ќе полагаат тие што ќе се запишат 2017/18. Не ми е јасно околу тоа, но како и да е, опфаќа голем дел од сегашните студенти.
Е сега, дури и да завршиш 4-годишни студии за 5 години, не би требало да полагаш државен испит затоа што тоа би било ретроактивно важење на законот кое со Устав е забрането (ок, досега не им пречеше да го кршат Уставот како сакаат). Тоа е така затоа што ти кога се запишуваш на факултет во прва година, потпишуваш договор со високообразовната институција според постоечките прописи во Законот за високо образование (а во тој момент истиот не го содржи државниот испит). Е сега, мислам дека прочитав негде, нели, ако завлечкаш малку поише, те префрлуваат во најновата програма и мислам дека ќе треба да полагаш државен испит, ама не сум сигурен за ова.
Последен мандат му е овој, нема право веќе да се кандидира.Претседателот може? како може бе МОРА да го потпише инаку ќе го бесат, вака ќе фати уште еден мандат претседател и после уште 4-5 години ќе се брука пред студентите и то е то - пензија.
Арно рекле - Every generation need a new revolution
За министерот Тодоров Пленумот на студентите е враќање во времето на Сталин
Ние во сталинизам, они во барок. Пак сме понапредни![]()
Решителност, а не ароганција.Иначе, според мене, ароганција и тоа како треба да се покаже. Со досегашното игнорирање, потценување, заокружување и ништо помалку не заслужија.
Со оглед на сериозноста на предложените измени, и потребата од активно вклучување и придонес на Универзитетот во процесот на креирање на Законите кои се однесуваат на високото образование, Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола смета дека е неопходно одложување на предложените закони од областа на високото образование и нивно процесуирање во редовна постапка. Во таа смисла, со прифаќањето на овој предлог би се дало доволно време за темелно разгледување и анализа на предложените закони, и активно и креативно вклучување на целокупниот потенцијал на Универзитетот во изнаоѓањето на оптимални решенија.
Колената црвени им се изгледа на овие. Какво одложување, нормални ли сте вие бре?! Ова у старт, без дискусија треба да се отфрли, а не одложување.
Претседателот има право на вето. Првиот пат, вториот пат кога ќе се изгласа МОРА да го потпише указот.
Значи може само да го одложи, но и тоа е нешто. Ако се случи.
покрај сите убедувања и ветувања дека сегашните студенти нема да бидат опфатени со новиот закон, последните измени на законот велат поинаку. Според член 30 студентите запишани според студиските програми до денот на влегувањето во сила на овој закон можат да ги завршат студиите под услови кои важеле при уписот, но најдоцна во рокот определен за завршување на студиската програма продолжен за две години за студиите за прв циклус, односно за една година за студиите за втор и трет циклус. Сегашните студенти имаат рок предвиден од Владата во кој мораат да дипломираат, во спротивност санкцијата е државен испит
Ете ако не праша утре некој зошто требало да бираме претседател од друга партија да знаеме да одговориме.Претседателот има право на вето. Првиот пат, вториот пат кога ќе се изгласа МОРА да го потпише указот.
Значи може само да го одложи, но и тоа е нешто. Ако се случи.