Порошенко кога дојде на власт конфликтот веќе беше неизбежен. Муабети и движења за Новорусија во Донбас постоеја уште за време на мајданот.
Или прашуваш зошто украинците воено интервенираа во Донбас?
Не вреди постојано да се повторуваат хронолошките настани, за да се сузбиваат ваквите лаги проследени со хистерично драматизирање на настаните кои сепак да не заборавиме дека ги коментиравме сите заедно ден-за-ден.
Доволно е да препрочитаат првите сто страни од темава.
Разликата во справување со кризата е следна:
- Јанукович: Бројно ограничени единици Беркут
без огнено вооружување против
де факто вооружена групација предводена од декларирани нео-наци поклоници
- Порошенко: Активирање на нелегални парамилитарни единици и употреба на тешка воена артилерија и авијација
Анти-руските инциденти кои му претходеа на Крим се нижеа од ден на ден, исто така се бележани на темава, почнувајќи од пукањето на Мајдан, па физичко пресметување со политичките опоненти, до парламентарно јавно повикување за линчување и истребување на сите руско-јазични Украинци, проследени со нивно физичко малтретирање и незаконско легитимирање од страна на параполиции, дополнети со наци-маршеви и кореографија со факли во стилот на ККК, уништување на руските културни обележја, легислативна деградација на рускиот јазик во Украина, па се до организираните автобуски екскурзии на Десниот Сектор по останатите украински градови за да “спроведуваат“ ред.
Фактите се тие, се’ додека Десниот Сектор, за кој само последно време не слушаме често, не беше ополномоштен преку превратничката Влада да спроведува самоволие и екстремен национализам, никој не постави прашање за статусот на Русите во Украина.
Кризата пак во Донбас и Луганск почна како одмаздничка акција на Украина за губењето на Крим, официјално нарекувајќи ја “казнена експедиција“ во која се потврди сценариото поради кое реагираше Русија на Крим - им беа дадени одврзани раце на нелегални паравојски и парамилиции спонзорирани од украински олигарси и банкари кои распишуваа парични награди за “лов на москали“.
И тоа не беше доволно туку со непрестајно бомбардирање и гранатирање требаше да се наплати долгот од Русите во Украина, чија цел беше кристално јасна - да испровоцира директен одговор на Москва со започнување на тотална војна.
Веројатно сега ти е жал што Русија успева да го одигра својот дел на истиот начин како и САД, преку инфилтрирање на војници и оружје, за првпат применувајќи ја американската диверзентска стратегија на војување.
И немој молим те така хумано да го сожалуваш народот, посакувајќи им европска еманципација преку дополнително задолжување.