И муслиманите и паганите и хиндусите и будистите исто како и христијани имаат свои лични искуства, имаат и свои прикаски и докази како богот или боговите во кои веруваат - им помогнале, им се јавиле, им се покажале, ги спасиле, ги оздравиле. Така да лично искуство може да ми препорача било кој верник од било која религија.
Дали ти си пробал лично искуство од сите религии па си одбрал православието спрема тоа свое лично искуство?
Дали си бил неколку години јудеец, муслиман, будист, хиндус, паган, католик, православен, адвентист, протестант... си ги практикувал сите нивни закони и прописи, па си увидел дека баш православието е вистинско?