Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби нема да игра улога но сега видов дека од задутре ќе заврне снег низ цела земја, а температурите ќе бидат -10, да не испадне заради времето луѓето да седат дома за време на протестите. Баш кога треба да се одржат протестите ќе се спуштат температурите на -10 а во едно ќе завршне снег низ цела држава. Ова ми е само една мала сугестија, можеби нема да влиаје на протестите ама тоа е тоа..
:unsure:
Weather.com вика дека во почетокот на денот ќе биде сончево, после ќе се наоблачува и ќе врне ситен слаб дожд. Тек вечерта се очекува снегот.Температура 5-6 степени. Тоа -10 једино може 2-3 саат навечер, нема шанси преку ден.

Ај да ви олеснам, нема да бидат Бернејс Пропаганда. :D :P
 
Последно уредено:
^ ^ ^ ^ ^
+ Од ‘интрото‘ па натака од збор до збор...можат и во живо ‘Во живо‘ да ја вртат, Џака и компанија attending.Ќе не изеде демократски мрак.
 
Мора да е трол ова од нивна страна, да пренесуваат испити во живо??? Може сител ќе ги откупи правата за пренос.
Може и Игорче ќе го коментира полагањето.

Ако не се лажам, Абдулаqим рече дека е потребно минимум 30000 (50%) студенти да излзеат за да биде важечки протестот. Значи според тоа, и овој протест ќе биде за џабе.
Ако го изјавил ова Адеми пак си дал автогол. Не е битна бројката ниту пак процентот на излезност. Нормална дражава го слуша ставот и на двајца кои не се согласуваат ако и е битно мислењето на своите граѓани кога прави реформа крупна како оваа во образованието, од причина што од истата зависат генерации на сегашни и идни студенти, особено што област како образование резултатите ги дава години подоцна.
 
Последно уредено:
Тоа го објавија сите провладини медиуми, не сум сигурен дали и Кољо кажа такво нешто, Адеми нешто во тој контекст...демек требале пола од студентите и пола од средношколците или заедно негде 70000 за да биде успешен бла бла... :D :D А они да не имаат освоено 900 000? :D
 
Кој пушти дезинформација за Пропаганда? :D Ќе биде еден кул момак, али не ви кажувам кој. :D

Meanwhile... :aplauz::aplauz::bravobe::bravobe:

 
Кој пушти дезинформација за Пропаганда? :D Ќе биде еден кул момак, али не ви кажувам кој. :D

Meanwhile... :aplauz::aplauz::bravobe::bravobe:


Мој тип по ова што го викаш е или ЛД Пистолеро или Пеце од Суперхикс (а може и Цацко) пошто и они го поддржаа. :D
 
Ништо нема да помогне од носењето на законот, за жал тоа си го нацртале и никого не прашуваат :)
Законот е доставен до професорите, составен без никакво влијание од професорите и утре ќе се изгаласа во собрание :D
Тоа е тоа, што сме си посеале (изгласале), тоа ќе си жнееме :kuracc:

Колку што порталите на власта и нејзиното арогантно однесување придонесуваат за што е можно поголем број луѓе на протестите, толку организаторите ќе си дадат автогол и ќе избркаат дел од протестирачите доколку почнат со некакви хипички потези, како што е музика на протестот (па макар и една песна). Треба да се има цврста цел во тоа против што се протестира, а тоа е одлуката за државен испит, песни за државното уредување и системот на владеење, ќе биде само мотив за проталите да пишуваат дека ете студентите бараат безвластие, автоматски ќе поврзат со тоа дека не сакаат да учат и сакаат лесно да го минат факултетот со тоа што нема да полагаат државен испит (не дека овие две работи се поврзани во реалноста).
 
Па нека се, што да правиме сега? И 100 000 да има, тие ќе напишат 10 000 ... Остајте ги, нив ако не им е срам тоа да го прават, нема што ние да се грижиме.

Мислам дека не му давате доволно значење на влијанието што го имаат ваквите „медиуми“. Тоа што тука комуницираш со луѓе што горе доле делат исто размислување како тебе и што можеби си опкружен со луѓе што ја согледуваат ситуацијата разумно, не значи дека сите се такви. Мораш да разбереш дека има луѓе што го голтаат секој збор што ќе го прочитаат и веруваат во тоа. Тие таквите утре излегуваат на гласање и гласаат за истиве фаци кои ја погребаа демократијата во Македонија. Истите тие седат пасивно додека државата се распаѓа под водството на кретени. Состојбата во државата укажува дека малку се оние кои размислуваат критички а не се водени од никакви партиски цели него едноставно им е дојдено преку глава од се и сакаат да сменат нешто. И кога таа критична маса конечно почна да се буди и колку толку да придобива приврзаници многу е битно да го задржат тој курс и да внимаваат како се преставуваат пред остатокот од државата. Најмал знак на несериозност може многу лесно да го казнат и после пак сите да западнеме во апатија. Јас секако ќе одам на протест. Без разлика на статии на Курир и вести на Сител. Ама стварно не сакам да замре ова движење кое е единтвената надеж дека може нешто да се промени што ми се појавила долги години наназад.
 
Што и да се случи со државниот испит, Пленумот не смее да замре по каков и да е епилог. Може да оди во повеќе различни насоки, се надевам ќе отиде во правилната. :)
 
Синдикати и хонорарци ќе протестираат заедно со студентите во петок!


КАТАСТРОФА али ајде за жал протестов ќе испадне во Сеопшто незадоволство што и таков протест треба да се случи у државава НО не сега иако филмот одамна е пукнат кај сите лончето е претечно и сите се напиздени но не на овој начин уше фали опозицијата со изгубените мандати и крај
 
Што и да се случи со државниот испит, Пленумот не смее да замре по каков и да е епилог. Може да оди во повеќе различни насоки, се надевам ќе отиде во правилната. :)

Па да, треба да се протестира пред Парламентот, а доколку Парламентот се оглуви и сепак ги изгласа законските измени, потоа ќе треба да се протестира пред Уставниот Суд за да ја оцени уставноста на истите тие законски измени.

Доколку сепак и Уставниот Суд се оглуви и се прогласи за ненадлежен или пресуди во корист на законските измени, тогаш ќе треба да се протестира пред Министерството за Образование и Наука и пред самите универзитети, а ако е потребно и да не се присуствува на полагањето на екстерните тестови/државните испити.

Доколку универзитетите сепак соберат храброст и им дозволат на студентите да продолжат со студиите, колоквиумите, испитите и на крајот им дадат и дипломи за завршените студии, без положени екстерни тестови/државни испити, тогаш студентите ќе треба да протестираат во одбрана на самите универзитети, деканите и ректорите, бидејќи токму тие ќе се најдат на удар на полицијата затоа што ги ставиле своите потписи на колоквиумски/испитни резултати и на дипломи на студенти кои воопшто не полагале екстерно тестирање/државен испит.

Затоа Студентскиот Пленум треба да стане се помасовен, пожилав и најважно од се - погласен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom