Анализа на крв - толкување резултати

Поздрав правев анализа на крв и имам покачено и на горна граница:
RDW% 16.6 (11.5-14.5)
holesterol 5.5 (0.0-5.2)
trigliceridi 1.78 (0.00-1.80)
zelezo 28.1 (7.1-28.6)

првото поима неам што е? за другите дали треба да менувам нешто исхрана или не се многу? и ме интересира почнав со боди билдинг после година дена пауза дали смеам да конзумирам креатин со оваква крвна слика или не игра креатинот улога позз
 
  • RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.
 
И зошто би можеле да бидат над нормалната граница?
Ако другите параметри во крвната слика се нормални, се работи за варијации кои се во рамките на нормалата. Секој апарат има различни референтни граници. Твојот резултат не е големо одстапување од нормалата, така да не се замарај. Се е во ред.

За примање на креатин, потребно е нивото на креатинин во крвта да е нормално и се разбира здрави бубрези и црн дроб.
 
Дали некој убрзo испитувaл хoрмoнски стaтус? Ме интересирa зa ценaтa. Сaкaм сите хoрмoни дa ги испитaм. Пријaвенa сум здрaвственo. Слушнaв декa без здрaвственo билo мнoгу скaпo. Пa дa прaшaм вaкa..o_O
 
Не би те чинело повеќе од 600 денари чим си здравствено осигурана :pipi:
 
Ми измерија глукоза 7ммол/л и немав нишо јадено од сабајле. Во август ми беше нормална околу 4-4.5. Дали има можност за лажно позитивни резултати и уште кои тестови би требало да ги направам за точна дијагноза.
 
HbA1C- уназад тромесечен шеќер
 
Колку е дозволената граница на тромбоцити? Ако е 400,а на резултатите кажува 450,дали е ризично?
Што треба да се конзумира за да се стабилизира?
 
Што треба да се конзумира за да се стабилизира?
Ништо
Колку е дозволената граница на тромбоцити? Ако е 400,а на резултатите кажува 450,дали е ризично?
Не! Овој број воопшто не е голем, најверојатно се работи за реактвино зголемување на бројот на тромбоцити поради стимулација на коскената срж, од воспалителни процеси или активирање на компенсаторни мехнизми во рамките на една анемија.
 
Имам AST 28.9, ALT 90.2......може неко да ми каже како да ги намалам?
 
Ај и кај мене малце помош... се работи за женска особа, 167цм/51кг...

Еве кои параметри се различни од референтните:

1. Хемоглобин 10.3 реф. 11.5-16.5
2. Хематокрит 29.7 реф. 35.0-50.0
3. Железо-серум 6.7 реф. 9.0-31.3

Урина:
Еритроцити 3-4 реф.0-1
Леукоцити 10-12 реф. 3-10
Епителни клетки ++ реф +
Бактерии ++ реф. 0

Пиеше неколку дена лекарства за проблемите со урината, па направи уринокултура која е нормална т.е. без бактерии и сл.

За крвната слика дали е нешто опасно, или?

Фала
 
А да напишешеш и
MCH и MCV од крвната слика не ќе да е лошо со референтни граници
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom