Таквите газди шо те ценат и наградуваат се веќе реткост, биди среќна ако веќе налеташ на некој такви газди. Да бараш работа кај шо ќе ти го ценат трудот, ти е рамно на то да ојш полуслеп со пушка на фронт. За то дали те ценат или не, ќе покажи времето, после извесен период самата ќе видиш дали газдите, шефојте без разлика кој е таму, ставрно го ценат трудот што го вложуваш ти. (ќе те унапредат, повисока плата, поголема функција, можеби ќе имаш повеќе бенефиции...)
Сега, чим тие колешите ти замеруваат, да знајш дека тие две чисти немаат во то зељките или пак си тераат некој филм надвор од реалноста, шо е пак вистина. И јас и сите ние некојпат сме биле почетници, а во последиве три години, сум имал тројца нови колеги, на никого не сум му замерил и не сум влегол во конфликт. Едноставано знајш и си свесен дека се почетници исто ко шо си бил некогаш, па послесна е варијантата да им поможиш и полесно да научат, па после одреден период работата која ја работите да ја завршувате побрзо и поефикасно. (Не ради шефојте или газдите, туку ради самиот себе и колегите, да сте повеќе олабавени во работата шо ја работите)
Е сега, од мое искуство, како сакаш ти свати ме, то си е твое (зато шо никој на никого не му ги знајт маките), но доколку некој не ти го цени трудот, тури му го к.рот на таквите копиљаци/копиљки. Досега имам даено два откази, а сум на праг да дадам уште еден. Овај последниов е баш за истава тематика шо ја прајме муабет (ме скапаја од фалење, но немам никакви бенефиции), се обратив кај газдите им напрајв еден муабет, сега чекам повратен одговор, доколку ми дозволат и понатаму си продолжувам да работам, доколку не уште во истиот момент давам отказ.
Да напоменам дека сеуште не сум во брак, но сепак сум фамилиајрен чоек кој си има свој удел во куќата (фамилијата), можеби затоа и си придавам слобода на вакви решенија и одлуки. Но сепак црвсто стојам на тој став дека газдите најмногу зависат од работниците и нивните муштерии.
Искрено, ама ич не му се сакалдисви, јес да е многу тешко во оваја скапана држава да дојш до добро платена работа и ценета, но дали ти се исплаќат да те прајт некој мајмун и да буфташ цел живот за вавки то само ти си знајш.