95, 96 ili 97 година не се сеќавам кога точно, во Струмица имаше исто така некој протести на кои протестираа средношколците. Незнам зошто точно се протестираше но ни рекоа на протести може да излезете после часевите. Така да ова не е ништо ново и не се трескајте од земја како прв пат да се случува вакво нешто. Со манипулации нигде не се стига и само губите во очите на оние кои сакат да ве подржат а не се партиска војска.
Абе Џонка ти 97та си бил на средношколски протести ( за кои немаш поима зошто биле), а во 2015 година сеуште си студент. Ти или си вечити студент или си бил на протести со пелена на гз. Или си лаж или си труп трето нема од изјавава.
Друго, сите кои и мислат добро на младината ги поддржуваат, единствено треба да си глуп или партиски испечатиран да не сфатиш дека протестираат против глупо решение кое не е никакво решение. А она што ти бараш да протестираат против опозиција со пароли Геро губи се - Тоа е поразително да се прочита од млада особа која себе си се доживува како интелектуалец. Љубовта кон политиката на Грујо како што велиш те довела на скалило каде разумот ти е како на дете од 14 години. Се бориш со некој замислен непријател опозиција и опозиционери кои реално не постојат десетина години. Постојат духови кој никој не ги есапи за живи, беспредметно е да се разговара. Освести се Џонка имаш уште време, не ти мислам зло. Геро губи се пароли, ало кој е Геро за интелектуална маса и неговиот ретардиран портал. Ах бе која е оваа насока за муабет со студенти бе Џонка, три деца од темава по случаен избор да ги најдеш ќе те изедат за појадок со информации од која сакаш област. А ти нив им продаваш ниско профилни ликови за дискусија. Не ти е срам?
Дечки секоја чест!Вие сте убавина. Само напред! Никакво откажување од глупо решение за реформи во образованието со единствена цел изживување, собирање арач и губење на автономија на универзитетите. Чим неможе на маса, секогаш може на улица!