Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не забележавте последниве 10 страни се препуцавања со @Brutus и @PoetskaPravda , само бараат аргументи за да кренат тензија а од авион се гледа дека се симпатизери на вемеро. Не знам шо им реплицирате кога 10 страни уназад муабетот се врти во круг и многу очигледно е дека само провоцираат. Чилнете малце, не секој има капацитет да ве разбере, посебно овие двајца.
Ми се допаѓа како студентите кои протестираат се нервираат кога некој ќе каже дека зад нивните протести стои некоја партија, а истите тие студенти на оние кои не протестираат им викаат дека се пратени од владеачката партија пошто одбиваат да им се придружат. Двоен аршин и хипокритие на тони.

Продолжете...

Шах-мат, добра ноќ.
 
Како кој!? Партиски полтрони, многу јасно. Ве убедуваа дека ќе се полага екстерно, а не државен испит; Испитот ќе важел и за тековните студенти; Ќе немало преполагање; Aко еднаш си паднел на испит, ќе не си можел да го продолжиш образованието; И уште еден куп други небулози и бљувотини. Сè со цел погрешно да се информираат и заплашат студентите. А позадината на тоа, нормално, политички интерес. Нели е тоа манипулирање!? Ова не е манипулирање, туку класично ебење во здрав мозок.
https://www.youtube.com/watch?v=r-GLRcHu4gw&sns=fb пуса

"Со ова сакаме да изградиме механизми за следење на квалитетот на високото образование и механизми, со кои диплома ќе добиваат само оние кои заслужиле и високото образование да не се сфаќа како бизнис, туку како наука. Сакаме испитот да биде двапати за студентот ако не положи по втора година да знае дека не може да продолжи понатаму, да не троши време, ниту пари" - Адеми

http://www.makdenes.org/content/article/26708359.html

како рече кој нè убедувал..?
 
Последно уредено:
Ова како си лепите етикети за припадништво у партија ко некоја инфантилна верзија на „чума“ играта. Деца на 5 годишна возраст прават подискретни ад хоминеми од вас.
 
Класика. Ако не се сложуваш со некој нивни став, гарант од ВеМеРо си. Па уште се вреѓаат ако им ја навредиш партијата. :ROFLMAO: Треба да сфатите дека не секој го дели истото мислење со вас. Логично е да постојат луѓе со различен став од вашиот. И не секогаш тие луѓе се членови на одредена партија.

Се додека нема лични навреди, не гледам причина зошто да нема спротиставени ставови на темава. :toe:

Опа, се упеца самиот!

Ти си тој кој етикетира со партија заради несогласување со нешто.

Логично е и да постојат луѓе со различен став од тој на владата. Таквите луѓе ТИ ги партизираш. Ти кој викаш дека ако некој не се согласувал со нешто не треба да ги партизираш, САМИОТ ги етикетираше тие што се против владините мерки.

Класика нели, ако не се сложуваш со владата ондак си СДСМ.

Шах мат, чао.
 
Знаејќи го менталитетот на Груевски јас мислам дека ќе се воведат екстерни тестирања,можеби ќе има некои мали измени само,, но тој ако е решен тоа да го направи ќе го направи, тој секогаш води политики со инает, а инаку незнам јас сум голем скептик дека студентите ќе успеат , Груевски не е демократ,туку хипократ, тој по секоја цена,ако треба и со сила ќе ги воведе испитите. До сега сите протести што ги имаше во МКД без разлика дали беа политички или не политички ниту еден протест не успеа, тоа се виде и со протестите на докторите кога им воведоа ткн скандалозен проект мој термин, дури и главниот доктор што ги организираше протестите беше уапсен. Па исто така на сличен начин беа потиснати и синдикалците од СОНК, исто и новинарите итн, така да јас пак ќе повторам,дај Боже да се излажам но сепак мислам дека протестите на студентите нема да успеат, ево не гледате владата почна да ги делегитимира студентските протести со зборот политичка пропаганда како што рече и министерот за образование,дека позади студентите стои некоја политичка партија,односно дека протестите има политичка позадина.. Протестите можат да успеат само доколку се радикализираат, например како во соседна Грција, да се оди до крај па макар и против полицијата ако треба.. Ниту еден протест во светот досега не беше успешен со мека сила туку со тупаница..
Се уште стојам на истиот став..
 
https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=0S4iQJ18vK8#t=72

Премиер го нарекува столбот на едно (нормално?) општество, студентите, „деца“. Дечиња. Си играат нешто, слушнале протест.. etc.

Тоа е директно понижување на огромен број граѓани. И доаѓа лично од ПРЕМИЕР на држава.
 
Иако длабоко во себе знам дека 90% од студентите и идните студенти се против овој државен испит или екстерно пошто концептот у него е срање и тоа нема да спречи нереално оценување ниту ќе го подобри квалитетот на високото образование, тоа не го менува фактот за големото политизирање на студентите во Македонија кои уште од средно школо дремат по штабови наместо да седат дома, читаат и имаат некое критичко мислење. Дури и студентските избори се политизирани.

Тоа е реалноста едноставно, се надеваат на вработување у иднина. Тоа е мотивацијата на просечен македонски студент. Студира, у слободно време дреме у штаб, на секои избори праи списоци на роднини и пријатели кои ќе гласаат за вемеро, и се надева дека ќе се вработи државно.

За нашиот премиер и неговото понижување на студентите немам зборови, такво понижување на иднината на државата нема никаде. Он дефакто ја лишува иднината на државата од правото да се има сопствено мислење.
 
Последно уредено од модератор:

Се сложувам, али не е така само со сегашната владеачка гарнитура, туку и со другата.
 
Се сложувам, али не е така само со сегашната владеачка гарнитура, туку и со другата.
За партиските вработување и разни други срања да, ама нека кажат студентите кои студирале порано дали имале вакви опресии и ако протестирале дали ги етикетирале као сега медиумите.
 
Ми се допаѓа како студентите кои протестираат се нервираат кога некој ќе каже дека зад нивните протести стои некоја партија, а истите тие студенти на оние кои не протестираат им викаат дека се пратени од владеачката партија пошто одбиваат да им се придружат. Двоен аршин и хипокритие на тони.

Продолжете...

Еј немој така. Еве Бојан си рече пред неколку дена дека не било забрането да доаѓаат опозиционери на протестот немало никаква врска тоа. Ама сепак на пример на форумов не можеш да ни да коментираш ако симпатизираш некоја партија. Ондак Бојан те тагира заокружува и те става на столбот на срамот. Истите методи кои ги критикува деноноќно тој ги применува. Има разлика?

Сами си кажуваат дека си симпатизираат некоја партија.

Шах шех шух (зошто шах мат стана мејнстрим)
 
Сами си кажуваат дека си симпатизираат некоја партија.

Шах шех шух (зошто шах мат стана мејнстрим)
Мхм. Значи пак ќе прашам ја не можам да дискутирам на форум а ти викаш дека не ти пречи опозиционери да се шеткаат со тебе на протестот, пошто они се као сите други граЏани загрижени за ситуацијата. Тоа што сум кажал значи дека сум искрен а не како 90% од овие овде што пишуваат у стил ја не симпатизирам ниедна партија ама овие шо направија никој не напраил. :-) Ова е форум, никој не се знае со никого (океј има некој се знаат) ама поентата е дека секој мже за себе да каже што сака. Можда ја у моментов дискутирам со Бојан а позади него е братучедот на синот на фрчко (член ан студентски пленум) ама тоа не ме интересира. Јас наведов овде аргументи, ти проба да наведеш твои и тоа е тоа. Ајде cheer up временската прогноза е добра за утре. Не се замарај со мене.
 
Не ми смета ни членови на СДСМ ниту членови на ДПМНЕ да маршираат заедно со мене (секако и другите партии, но нив ги потенцирам како најголеми) се' додека ги почитуваат правилата и не се обидат да извлечат интерес за својата партија или за себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom