Песна на 2014 година

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Возраст
30
Локација
Скопје
Бидејќи се одбележуваат најдобри, најлоши, најубави форумџии, најдобри потписи, аватари, постови, најдобри игри, љубовни резимеа и слично, да отвориме и ваква тема.

Целта е да се постави песна која излезе во 2014 година и за вас таа претставуваше најдобра музичка композиција, најубава песна, ве прави да се осеќате најубаво, не е битно значи. Битно е да ја оставите песната која ви ја одбележа годината или која ви е најомилена од сите што изглегоа.

Имате право да поставите само една, такада размислете убаво пред да кажете која е. Исто така, не оставајте само линк од песната, туку дајте опис и образложение зошто токму таа песна ја избравте :)

Па чим ја отворам темата, да почнам јас.


Колку и да (не) им се допаѓа ова на некои, факт е дека оваа година Саша Ковачевич прерасна во најактуелниот и најпопуларниот пејач на балканот. Вистински талент кој оние кои го немаат слушано би рекле дека прави турбо-фолк, меѓутоа вистината е дека Саша си прави забавна музика од повеќе жанрови, тип на музика која е актуелна низ целиот свет, за ако на некој не му се допаѓа еден вид на песна, би му се допаднала друга негова, и слободно можам да речам дека моментално како вокал е нешто најблиску што може да се дојде до недостижниот Тоше Проески. Дефинитивно се наоѓа на врвот на својата кариера, а со оваа песна тој кај мене ја запечати својата улога како еден од најдобрите изведувачи кои сум ги слушнал, all-time. Песната "Браним" за мене е нешто уникатно. Да, постоеле песни со слични тематики, но во оваа има нешто посебно, комбинирано со спотот во него (кој е клучен за кога ја слушаш првпат да добиеш максимален ефект од неа) навистина знае да те исклучи од реалноста и да се препуштиш целосно на песната. Првпат кога ја слушнав и изгледав со се спотот се наежив, ја слушав долго и чекав да ми здосади како и речиси секоја друга, али тоа не се случи. До ден-денес песнава ја слушам во полн ефект и ми е незаменлива во топ 10 листата. Затоа и ми беше лесен изборот за песна на годината.

Вие сте на ред :)
 

Тотално не е мој стил но песнава си гази. Плус беше хит годинава и уште си има место на топ-листите.

П.С. Излезе во декември 2013 но знаеме кога стана популарна. :)
 
Не дека има некоја гледаност на YT
 
и слободно можам да речам дека моментално како вокал е нешто најблиску што може да се дојде до недостижниот Тоше Проески.
Да ,прави забавни песни ама те молам не го ставај во иста реченица со Тоше.Не може за млаиот прст да му се фати.Кај Тоше секоја песна те погодува,како приказана е,совршен спој на мелодија и текст а овој пее за како бившата го остава и како го боли него кур.

Го опишува летото,тотално.Опуштено.
 
Годинава претежно слушав постари песни, не бев толку посветена на хитовите, па затоа прва на која ми текна е:
Огромен хит беше песнава. Она што е најинтересно што кога излезе ич не и посветував внимание, гледав сите ја постираат, на радио ја пуштаат, ама ич не ја заслушував.
Потоа ја заслушав убаво и се опседнав, 24/7 ја слушав мислам. И рингтон на телефон ми беше.
Ми одбележа еден период и лично ми значи.
Sia е ѕверка, има интересен глас, а и песните и ги обожавам, така да мојот глас годинава иде за оваа песна. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom