Ова (берем делумно) се однесуваше на мене.
Морам да се обидам ти укажам дека ја осиромаши дискусијава со сувопарното бришење на постот заради технички кршења на форумските правила.
Свесно го пренесов целиот текст, за што на почетокот
однапред се извинив и објаснив дека се работи за исклучително важен и трезвен текст со критики кон двете страни во конфликтот САД - РФ, текст кој едноставно мора целосно да се пренесе во изворен облик. Не бев во можност да го преведам целиот текст на американскиот колумнист и целото обраќање на министерот за надоврешни работи на Р.Ф. Сергеј Лавров. Малкумината што ја следат темава
и не знаат англиски беа покриени со линк кон рускиот конскрипт на обраќањето на Лавров (или со користење на
гугл транслате сервисот).
Правилата се правила, ама некогаш треба да постојат исклучоци. А ако не можеме да се обидеме да го доведеме во прашање авторитетот на еден форумски модератор/администратор кога истиот можеби ќе погреши... тогаш што правиме со истото кога се работи за другите офцијални државни авторитети во Македонија.
Јасно ми е колкава и колку неблагодарна работа е модерирање на форум. Затоа се надевам дека нема погрешно да ме разбереш, а јас лично стојам на располагање за натамошно објаснување... ако постои потреба од тоа.
Во интерес на тие што како мене, на темава се во потрага по вистината, повторно го поставувам
(овој пат само) линкот кон текстов кој сметам дека сите што држат до себе треба внимателно да го прочитаат:
http://libertyblitzkrieg.com/2014/1...ze-remarks-by-foreign-minister-sergey-lavrov/