Не бе Леандра воопшто не го толкував како лошо. Немав ни некое посебно мислење, туку само на основа на дефицитот во буџетот ја спомнав Америка, на неа прво ми текна. За Јапонија заборавив.[DOUBLEPOST=1417722871][/DOUBLEPOST]
Поентата ми е дали има знаци по кои би сетиле кои економии живеат на стара слава ако можам така да се изразам, го користат моментумот од порано( јбг поинаку не ми текнува). На пример ако некоја држава има добра социјална политика( бесплатно здравство, висока социјална помош, малце работни сати, итн....) и веќе реално неможе тоа да го одржува па превзема мерки за вештачки да го одржува високиот стандард. Или ајде вака поописно. Ако јас сум живеел на висока нога но под разноразни околности сум паднал во долгови и реално неможам повеќе да живеам на висока нога, па глумам лудило. Сите сметки блокирани, ама јас со последните пари бркам најнова мода колку за пред другите да не мислат дека готов сум. Какви економски мерки таква некоја држава би превзела кои би биле знаци за тоа. Значи не ме интересира конкретно за ниедна држава, туку општо прашувам. Инаку и мене ми е јасно дека ако во Еу работата се заеби, кај нас ке се заеби многукратно повеќе. Тоа мислам го напоменав претходно. Нити имам намера да се инаетам или пак да навивам дека во Еу ке биди лошо. Само прашувам. Купвам што би рекле , купвам.