Еве овде ќе ти одговорам да не пишувам во темана на Владе
Commerzbank е една од најголемите банки во Еврозоната воведува негативни камати од Декември благодарение на одлуката на Европската Централна Банка. Нашите медиуми многу помпезно најавиле, а при тоа заборавиле да напоменат дека германската банка ќе воведе по примерот на американски, англиски и швајцарска банка. Она што го воведува КБ се однесува само за големи компании со големи примања, концерни и инстуционални инвеститори. Нема да се однесува на средни фирми и физички лица. При тоа банката изјави дека не и се во план други групи да опфати. Со овие големи фирми индивидуално ќе разговара. Ако некој нема претстава колку се тие големи фирми, една банка во Тјуринген ја има воведено од 1 Ноември оваа негативна камата и ја пресметува за оние фирми кој на дневно конто имаат повеќе 500 000 евра или на жиро сметка им лежат над 2 милиони евра. Засметува со 0,25% негативна камата.
Германците важат за штедлив народ така да не верувам дека некој ќе се осуди на физички лица да стави негативна стапка зошто на тој начин може да се случи масовна миграција на парите од сметките со краен ефект пропаст на банкарскии сектор. А Германија ја измисли монетарната економија (ако некој не знае нашата НБРМ го копираше германскиот систем на монетарна економија после инфлацијата 1995) и јас лично не се сомневам во тој систем.
Одлуката на ЕЦБ е да се мотивира приватниот сектор на инвестиции и работни места, се со цел да се раздвижи пазарот бидејќи постојат стравови од повторна рецесија. За да не се случи истото од 2009 монетарниот систем презема акции. Ова е прва, верувам ќе следат дополнителни мерки за раздвижување на пазарот.
Повеќе некој ако сака да прочита
тука