
Локалниот телевизиски канал ВТВ официјално во етер ќе зрачи како Телеканал А1, а тој веќе добил концесија за регионална телевизија, јави Нова ТВ.
Тој за Нова ТВ не одговорил зошто настанала таква промена и за што ќе се користи овој добро познат бренд на македонската јавност, токму во Струмица. Молк имало и за прашањата, каква програма ќе и биде понудена на јавноста, со колкав тим ќе располага, колку средства се вложени и која е целта на телевизијата.
Новата регионална телевизија Телеканал А1 официјално требаше да стартува од 1-ви ноември, а во исто време се најавуваат уште шест нови регионални телевизии во државата.
Преземено од press24.mk