Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Т

Триптико

Гостин
Точно така. Да го прашам јас тој дедо зошто на синот на неговата асистентка му даде 10ка, а кутриот молчеше пред 200 студенти на испит?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.921
Поени од реакции
11.298
Точно така. Да го прашам јас тој дедо зошто на синот на неговата асистентка му даде 10ка, а кутриот молчеше пред 200 студенти на испит?
Не го знам случајот, ако било така, срамота.
 
Т

Триптико

Гостин
Седев еден ред позади него. А и мајка му, каде е дрво, па уште исфрустрирана што на стари години се уште е асистент. Ако има некој на правен, нека каже дали е така.
Влегува дотичниот и на прво предавање ја држи неговата книга и прашува: знаете ли што е ова? И, дел одговараат: учебник. - Е, да знаете, ништо од напишаното во неа не е точно. Ваков ќе кажува кој треба да оценува?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.345

Се е во ред, ама да му спориш стручност и компетентност на Шкариќ е во најмала рака смешно.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Во одделни случаи, како што е, убеден сум, и овој, станува збор за одбрана на интерес кој е заеднички за сите генерации, посебно за сегашните, а најмногу за идните студенти. И унверзитетските професори треба да се замислат малку. И родителите. Она што е е најбедно од се е целосната политизација на случајов, како припадниците на едната или на другата страна веруваат дека случајно или не никако нема да бидат засегнати од потенцијалниве решенија. Но, дури и тоа не е најважно. Трагична е мрзливоста на духот, плиткоста, еднодневниот интерес, неителектуалноста на идните интелектуалци, кои се на возраст кога треба да бидат најгласни, најенергични, најупорни и „најзабегани“, секогаш и секаде, па дури и тогаш кога не се во право (а во случајов, мислам дека се).

Една споредба: во Титова Југославија, во 1968 година, во Белград, во Загреб, во Љубљана, па и во некои други универзитетски центри на улица излегоа студенти. Таква беше годината. Студентите незадоволство изразуваа и во САД, Франција, Британија, во повеќе држави низ светот . Важно е што излегоа во држава како што беше СФРЈ, каде што, сепак, немаше место за некоја демократија, каде што имаше социјалистичко уредување, УДБА, ЈНА и Партија што контролираше безмалку се. Сепак, студентите во СФРЈ излегоа и тоа за политичката гарнитура беше вистински ШОК. Наводно и Тито бил мошне непријатно изненаден. Студентите излегоа сами. Ја имаа таа храброст. Се мислело на улица да им ја пуштат и армијата. Но, свилениов диктатор (настрана од неговата важност и улога во македонската историја, барем во моментов) сепак беше политичар кој на Балканов ретко се среќава и кој со еден вешт говор ги изманипулира студентите кои по 10 дена протести веднаш се смирија. И ова е политичка лекција за некого што треба да се научи - да знаеш да смириш со еден говор, без закани, без предупредувања.
И уште нешто - во тој еднопартиски свет меѓу студентите посебно активни беа деца на тогашни високи политичари (како на пример денес, некое дете на министер, кое не се согласува со татко му, да стане еден од најагресивните лидери на студентите протестирачи). Некои тогашни политичари, стари, закоравени комунисти, на кои во основа им се гадеше од студентските „антисоцијалистички“ демонстрации, не може а да не изразат отворено воодушевување за храброста на студентите во нивните барања (Светозар Вукмановиќ Темпо бил разочаран што неговиот син не бил во оние што протестираат, што немал муда).
И како последно од СФРЈ - меѓу студентите што тогаш протестирале не се вбројуваат студентите во Скопје и во Македонија. Ги немало тогаш, а и сега некако не се претргнуваат, во ова општество кое го нарекуваме демократско и слободно, отворено.

Добро бе, колку денес ги има? Точна бројка знае некој? Сигурно се ~20.000 ако не и многу повеќе. Зарем е важна нечија политичка определба (јас барем, овде не гледам потреба од таква поделба, кога сите колективно наебуваат)? И колку идни студенти има? Ете, и нив, да тропнам без врска, нека ги има 20.000. И во така скастрени бројки, за очекување е, барем еден послободоумен, поостроумен дел од нив (10.000???), да излезе и да си ги бара студентските права, кои не се и задолжително опозициски права, желби и интереси.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Драги пленумци, денес беше одржан петтиот студентски пленум на кој беше изгласано следната недела да се одржи втор студентски марш.

Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи коишто би ги засегнале студентите, идни и сегашни. За одбрана на нашето право на квалитетно образование, за достоинството, за солидарноста, за обединетоста!

‪#‎ПоздравПленумци‬

Ајде сеа да ве видам сите што дававте морална поддршка...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Една споредба: во Титова Југославија, во 1968 година, во Белград, во Загреб, во Љубљана, па и во некои други универзитетски центри на улица излегоа студенти. Таква беше годината. Студентите незадоволство изразуваа и во САД, Франција, Британија, во повеќе држави низ светот . Важно е што излегоа во држава како што беше СФРЈ, каде што, сепак, немаше место за некоја демократија, каде што имаше социјалистичко уредување, УДБА, ЈНА и Партија што контролираше безмалку се. Сепак, студентите во СФРЈ излегоа и тоа за политичката гарнитура беше вистински ШОК. Наводно и Тито бил мошне непријатно изненаден. Студентите излегоа сами. Ја имаа таа храброст. Се мислело на улица да им ја пуштат и армијата. Но, свилениов диктатор (настрана од неговата важност и улога во македонската историја, барем во моментов) сепак беше политичар кој на Балканов ретко се среќава и кој со еден вешт говор ги изманипулира студентите кои по 10 дена протести веднаш се смирија. И ова е политичка лекција за некого што треба да се научи - да знаеш да смириш со еден говор, без закани, без предупредувања.
.
Не се за споредување пртестите од 1968,во Европа и Југославија, и овие денес во Скопје. Тоа беа политички протести и тие имаа успех.
Ова денес што се случува е комедија.
Министерот ќе ги контролирал студентите и професорите дали знаат.
Како ќе ги контролира? Зарем тој има поголеми знаења од еден универзитетски професор?
Вистинска комедија - само прават будали од себе
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не се споредување пртестите од 1968,во Европа и Југославија, и овие денес во Скопје. Тоа беа политички протести и тие имаа успех.
Ова денес што се случува е комедија.
Министерот ќе ги контролирал студентите и професорите дали знаат.
Како ќе ги контролира? Зарем тој има поголеми знаења од еден универзитетски професор?
Вистинска комедија - само прават будали од себе
Грешка си, само студентите ќе ги контролирал, а не и професорите.
Пробуваат ваљда понезабележливо да помине нарушувањето на автономијата на универзитетот.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Добро бе, колку денес ги има? Точна бројка знае некој? Сигурно се ~20.000 ако не и многу повеќе. Зарем е важна нечија политичка определба (јас барем, овде не гледам потреба од таква поделба, кога сите колективно наебуваат)? И колку идни студенти има? Ете, и нив, да тропнам без врска, нека ги има 20.000. И во така скастрени бројки, за очекување е, барем еден послободоумен, поостроумен дел од нив (10.000???), да излезе и да си ги бара студентските права, кои не се и задолжително опозициски права, желби и интереси.
Според различни извори (ДЗС, конкурси за уписи, fakulteti.mk, wiki) поради ‘лесниот‘ пристап до официјални информации излегуваа различни бројки:
УКИМ / од 27 до 35, па до 50000 студенти на Википедија
УГД /10000-16000 - 19000
УКЛО / 9000-13000-15000
ДУТ / 7500-10000-13000
ФОН / 1000 - 5000 - 5300
Штулов / 3000 - 7000
Г.Р. Державин (Битола и Св.Николе) 600-1000
УИНТ Охрид ~ 500
Американ Колеџ ~ 350
БАС ~ 250
ЕСРА, МИТ, ЕуроКолеџ Куманово сите по 150-200

Според најмалите бројки (верувам дека се најреални) скоро 60000 студенти :eek:
 
Т

Триптико

Гостин
Се е во ред, ама да му спориш стручност и компетентност на Шкариќ е во најмала рака смешно.
Никој не му спори стручност. Ама, не може да се става во ранг на "оние, кои треба да оценуваат", а ваму да дели оцени по желба.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
На државен завод за статистика, за прошлата учебна година стои бројката 58-59.000, ама рачунајте колку од нив се стварно активни. Плус, на УКИМ се добри 45.000
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.345
Никој не му спори стручност. Ама, не може да се става во ранг на "оние, кои треба да оценуваат", а ваму да дели оцени по желба.
Во ранг на оние кои треба да оценуваат го става стручноста. Исклучоци имало и ќе има, проблемот е исклучоците да не станат правило. Бидејќи син на асистентката на Шкариќ имаш еднаш во 20 години, а луѓе што се спремни да платат за оценка доста повеќе и поредовно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom