Вардар-Работнички недела 30.11.2014, 17 часот на Градски стадион

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши дербито?

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Чорба утакмица, уште 3 дена да се играше немаше гол да падни...
Освен испадот на одбраната на Работнички кога Петковски излезе сам со Шишковски и ударот на Алтипармаковски надвор од 16 поконткретни шанси немаше...
Среќен роденден на Лојал Фанс, одлично навивање, со уште подобра кореографија и феноменална баклијада браво (y)
 
^ и ти ко коментаторот, офсајд беше досуден кај ситуацијата на Петковски :D
 
^ и ти ко коментаторот, офсајд беше досуден кај ситуацијата на Петковски :D
Друга беше таа ситуација :D
Ова за кое зборува Пеце се случи во прво полувреме, кога Петковски искористи една грешка во противничката одбрана, ама Шишковски успеа да го спаси голот.
Во второ полувреме, судијата крена офсајд, ама и без тоа Петковски успеа да промаши цел гол :icon_mrgr:
 
Aбе сигурно за офсајд ситуацијата збори пошо коментаторот до крајот на натпреварот едно 10 пати жалеше за таа пропуштена шанса на Петковски :D
 
Филип Петковски ја имаше најголемата шанса да ја реши утакмицата, но, го утна цел гол.
 
Aбе сигурно за офсајд ситуацијата збори пошо коментаторот до крајот на натпреварот едно 10 пати жалеше за таа пропуштена шанса на Петковски :D
Можеби :D

Јас зборам за првата шанса на мечот, но да бидам искрен го видов само моментот кога Петковски биеше во Шишковски, а не можам да се сетам како дојдовме до шансата, ама сепак мислам дека се работеше за некое грешно додавање во одбраната на Работнички.
Неколку минути подоцна Шишковски го погоди Петров, кој иако имаше празен гол отиде странично и се испосра.
Тоа беше се што направивме на мечот :LOL:
 
Мислам ова беше најслабата утакмица што сум ја гледал помеѓу Вардар и Работнички во мојот живот.
Со мене го земав и татко ми му викам во одлична форма е Работнички ќе падне добар фудбал. Место тоа ни ф од фудбал немаше и се разочара и тешко да дојде во блиска иднина пак.
Ајде ние редовно што идеме навикнати сме на ваков фудбал и пак ке идеме,но останатите тешко да дојдат пак.
Инаку честитки до Лојал Фанс за 15годишнината и одлична атмосвера направиа . Секоја чест.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom