Како да се откажете од цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
До 8 Декември 60 дена без запалена цигара. Со електронската како замена. Прво не купувајте непроверени течности и цигари особено кинески зошто има голем број на случаи со отрови. Второ кај мене оваа цигара сега ќе испадне му ја поддржувам рекламава на дечково успешна мисија има. Цигарите моментално ми смрдат на одвратно. И тоа секако е добар знак. Не чувствувам никаква потреба да запалам цигара. Си го имам цигарчево и не го пуштам од рака. Психолошкиот момент е дека мора да е до мене, да го гледам па макар и да не пушам.

Она што е добро е што не мириса станот, ни облеката не ми мириса! Немам кашлица на утро, имав само првите два дена кога се прилагодував на цигарава и трпнење на усните потоа ми се навикна организмот.

Течноста што ја земав е исто табак исто залажува вкус дека е цигара. Тешко е првата недела мислиш дека пушиш воздух. Али после се навикнуваш. И не, не земав 18ка, земав онолку колку што има и во цигарите 9ка. Тие малина, капина глупостите не се за пушачи. Ја полнам на вечер кога легнувам, секоја вечер. Трае батеријата цел ден.

Си имам дадено цел и мислам дека ќе успеам овој пат. Ќе се занимавам со цигарава до март/април и потоа и неа ќе ја баталам. Од неа полесно би се откажала барем така мислам сега.
Па ете моето искуство е позитивно со цигарава. Ако некој може и без ова: Овации од моја страна за упорноста и самоконтролата!

И стварно смрделе цигарите, никогаш не мислев дека ова ќе го речам - смрдат одвратно.
 
До 8 Декември 60 дена без запалена цигара. Со електронската како замена. Прво не купувајте непроверени течности и цигари особено кинески зошто има голем број на случаи со отрови. Второ кај мене оваа цигара сега ќе испадне му ја поддржувам рекламава на дечково успешна мисија има.

Ако мислеше на мене, зарем сериозно мислиш дека кинескиов сајт fasttech.com е мој и имам некаква корист од продажбата? Други луѓе ми ги имаа отворено очите и сакам истото јас да го направам за други. Колку и да делува како безначаен постов, ако барем на еден му го смени животот мојата мисија е исполнета.
Ако како модератор ми дозволиш би постирал тема од друг македонски форум кој не е конкуренција за кајгана бидејќи има поспецифична содржина и се е погиковски/ подетално објаснето?
 
Vape is fun
60f5461f27bce3eaee7ded231c902fe3.jpg
 
Точно месец одкако ги откажав..
Нејсе,.. за цигарите што ми помогна да не запалам еве месец дена (25окт). инаку пушев 2.3 кутии денот некогаш и по 3 и нешто.

1. Дефоксуриање максимално.. постојано зафатен никако одмор ниту еден минут.. ностоп да прајш нешто.. Ако ти текни за цигара сконцентриај се на тоа што го правиш и не мисли на цигарата.. значи да не го тераш умот да мисли на цигара. фантазирањето за чуството како е да пушиш цигра за брзо ќе те врати на пушењто.
2. Ептем кризи кога те фаќаат.. земи mouthwash она што е за плакење уста.. ја плакниш устата и ги убива бактериите и имаш свеж здив кој мене барем не ме тера на цигара дури и одбивно ми е. Само не претерувај да не ја наплониш устата со отпорни бактерии.. мастиките исто така помагаат
3. Не ги избегнувај работите кои те тераат да запалиш цигара.. јади, пиј кафе, пиј чај прај ги работите кои те тераат да запалиш цигара ама не пали. Тогаш инаетот треба да ти е најголем.. За мозокот да не го асоцира кафето повеќе со цигара, туку да го навинкиш без цигара. За недела дена постепено се одвикнуваш и кризите се поретки ама посилни..
4.Упорност, борбата против пушењето е доживотна...

Следна мисија 3 месеци без запалена цигара.. После тоа 6 месеци.. после тоа година па 3 па 5 па 10 па 15 па 25 години.. па после ќе биде полесно нема толку да ме тера :)))

Инаку со оглед на тоа што трошев по 4060 денари месечно за цигари, некогаш и повеќе, сега има и материјална сатисфкација - си купувам работи порано што не можев...
 
Ако мислеше на мене, зарем сериозно мислиш дека кинескиов сајт fasttech.com е мој и имам некаква корист од продажбата? Други луѓе ми ги имаа отворено очите и сакам истото јас да го направам за други. Колку и да делува како безначаен постов, ако барем на еден му го смени животот мојата мисија е исполнета.
Ако како модератор ми дозволиш би постирал тема од друг македонски форум кој не е конкуренција за кајгана бидејќи има поспецифична содржина и се е погиковски/ подетално објаснето?

Еве овде има тема ќе се префрлиме и ќе разговараме.
http://forum.kajgana.com/threads/Електронска-цигара.47450/
 
До 8 Декември 60 дена без запалена цигара. Со електронската како замена. Прво не купувајте непроверени течности и цигари особено кинески зошто има голем број на случаи со отрови. Второ кај мене оваа цигара сега ќе испадне му ја поддржувам рекламава на дечково успешна мисија има. Цигарите моментално ми смрдат на одвратно. И тоа секако е добар знак. Не чувствувам никаква потреба да запалам цигара. Си го имам цигарчево и не го пуштам од рака. Психолошкиот момент е дека мора да е до мене, да го гледам па макар и да не пушам.

Она што е добро е што не мириса станот, ни облеката не ми мириса! Немам кашлица на утро, имав само првите два дена кога се прилагодував на цигарава и трпнење на усните потоа ми се навикна организмот.

Течноста што ја земав е исто табак исто залажува вкус дека е цигара. Тешко е првата недела мислиш дека пушиш воздух. Али после се навикнуваш. И не, не земав 18ка, земав онолку колку што има и во цигарите 9ка. Тие малина, капина глупостите не се за пушачи. Ја полнам на вечер кога легнувам, секоја вечер. Трае батеријата цел ден.

Си имам дадено цел и мислам дека ќе успеам овој пат. Ќе се занимавам со цигарава до март/април и потоа и неа ќе ја баталам. Од неа полесно би се откажала барем така мислам сега.
Па ете моето искуство е позитивно со цигарава. Ако некој може и без ова: Овации од моја страна за упорноста и самоконтролата!

И стварно смрделе цигарите, никогаш не мислев дека ова ќе го речам - смрдат одвратно.

Сега ќе ти го барам постот кај што серињаш за бившите пушачи. -.-
 
Електронските цигари се 10 пати повеќе канцерогени од обичниот тутун.

Електронските цигари содржат и до 10 пати повеќе канцерогени супстанци отколку обичниот тутун, според најновата студија на јапонски научници.
Тим на научници од јапонското министерство за здравство ја испитуваа пареата и најдоа канцерогени како "формалдехид" и "ацеталдехид".
 
Немој да се лажеш дека електронските се поштетни од тутунските. Ме мрзи сеа да барам статии кои ОСНОВАНО го докажуваат спротивното ама попосле може ќе ги побарам. Во електронските има пропилен гликол, растителен глицерин и никотин, не се најздравите состојки ама далеку помалку штетни од тутунските (амонијак, бензен, ацетон цијанид, .....)
 
Електронските цигари се 10 пати повеќе канцерогени од обичниот тутун.

Електронските цигари содржат и до 10 пати повеќе канцерогени супстанци отколку обичниот тутун, според најновата студија на јапонски научници.
Тим на научници од јапонското министерство за здравство ја испитуваа пареата и најдоа канцерогени како "формалдехид" и "ацеталдехид".

Прочитав официјални сајтови пред да ја земам цигарава за истражувањата околу електронската цигара. Први кои почнаа да ги испитуваат овие е цигари се американците, па азијците и европјаните. Германците досега испаднаа со официјални истражувања дека е цигарата содржи помалку канцерогени елементи од обична цигара и дека времето за испитување за штетни последици од е цигарата е прекратко. Во досегашните години и оние пациенти кои ги следат со е цигарата нема некакви дејства кои би биле штетни. Исто и американците имаа резултати од истражувањата дека на краткорочен период нема штетни ефекти оваа цигара, али за долгорочни ефекти никој неможе да говори.
И какви долгорочни последици може да донесе оваа цигара никој неможе да знае зошто е релативна нова ствар. Значи се е пропаганда.

Она што е интересно е при најавата на е цигара беше пласирана информација дека секаде може да се пуши. Но тоа не е така до ден денес. Предност е тоа што во хотелска соба можеш да си пушиш неказнет и на аеродром во веце бидејќи нема мирис.

Во Германија е во тек законско спроведување на е цигарата. Уште нема никакви измени. А преписките добро се знаат: е цигарата со или без акциза. Ти дали ќе умреш или не од пушење на никого не му е гајле.

Ја не би сакала да бидам дел од долгорочен проект. Мислам дека најчиста ствар ти е тутун чист да си земеш и само качак да си пушиш. Од тоа почисто здравје.
 
Оваа вест ја објавија Guardian, Daily Mail, RT... затоа и ја пренесов, затоа што не е некој шалабајзерски извор. Да, електронските цигари се прилично нови и недоволно тестирани, затоа и се тестираат сега и се доаѓа до вакви "нови" заклучоци, кои доаѓаат од конкретни јапонски научници со конкретни тестирања. Јас напишав во преводот тутун, не напишав цигари, затоа што не знам дали се или не се поштетни од обичните цигари, туку дека тутунот е поздрав, барем така јас ја разбрав статијата.
 
Види не сакам да ширам теории на заговор, ама тутунската индустрија вреди милјарди долари, во превод статии дека е стотици пати поштетна електронската од се останато уште долго време ќе има, особено сега кога сеуште е баук.

Состојките на електронската ги наведов во горниот пост, кој сака може да ги прогугла и сам да се увери, а потоа нека ги прогугла 4000те отровни честички во цигарите .

Постот на @leandra за непроверените кинески течности ме испровоцира да пишам и за тоа.
Без малку се се произведува во Кина, отидете во Амбрела и овие течности на Ликва ги продаваат како италијански, а всушност само аромите се италијански :) Цената за 10 милилитри им е 200 денари меѓутоа видете го линков, истата фирма/течност за 30 милилитри е 250 денари. Ова беше најлесно за споредба бидејки се работи за истиот производ, самите електронски цигари истотака ги продаваат за 3-4 пати поскапа цена, а добар дел се со полош квалитет од овие поефтините на интернет.
И ниедна компанија кај нас, сега гледам ги има 2-3, не продава течност во амбалажа поголема од 10милилитри. Се прашувам зошто? За споредба едно вакво шишенце за 650 денари ќе ви трае 6-8 недели
 
Пушaм 10тинa гoдини и пред 3-4 гoдини успеaв дa ги oткaжaм (трaеше пoлa гoдинa пoсле се излaжaв декa леснo се oстaвaaт и пaк прoпушев). Сеa пaк сум у фaзa нa oткaжувaње. Испрoбaн рецепт:
Вечер јa пушиш пoследнaтa цигaрa. Стaнувaш нaутрo сo пoрaкa у aлaрмoт декa ти веќе не пушиш и тoчкa. Ги стaвaш нa 1 стрaнa бенфициите aкo престaнеш a нa другa стрaнa штo дoбивaш, штo пoстигнувaш, кaкo ти пoмaгa пушењетo у живoтoт. Си нaoѓaш зaнимaции(психички и физички) кoи ќе ти гo испoлнaт времетo и пиеш aлкoхoл кoлку штo мoжеш пoвеќе. Мене ми беше тешкo 3 денa. Пoсле тoa кризите беa се пoмaли(скoрo дa ги немaше).
 
Последно уредено:
Некој ќе каже јака волја и ништо друго но не е така, сите тие што на тој начин ги откажале и пробуваат да ѓи откажат се измачуваат, поминуват низ пекол, се борат сами со себе, некој успеале повекето се откажале но и тие што успеале им текнува понекогаш пак на цигарите и во одредени ситуации се доведуваат во искушение само една и толку...
Предлог: Прочитајте ја книгата „Lako je prestati Pusiti“ од авторот Allen Carr
Пробувам да ја прикачам но не ми успева Word документ e и има стотина страни, ако некој знае како нека каже ќе ви ја прикачам за да можете да ја превземете, доколку не е можно заинтересираните оставете e-mail и ке ви ја пуштам.
Година и еден месец како ги оставив, во ниеден момент не помислувам на цигари, ја ископирав книгава во два примероци и им ја давам на блиски пријатели,познаници... за една година петмина пријатели,колеги ги оставија цигарите и ми заблагодаруваат секој пат кога ке се видиме, исто и тие им ја препорачуваат на нивни пријатели како што и јас кога во една од Скопскиве обложувалници се сретнав со еден пријател што го немав видено од поодамна и како што е редот седнавме на кафе, кога... се изненадив типот ги оставил цигарите а беше еден од оние кои викаа „абе несакам да ги оставам убаво ми е да пушам“ а за разлика од него јас бев во фаза кога со едно кафе почнав да пушам по три цигари... кога го прашав како ги оставил цигарите ми кажа за фамознава книга по што јас се смеев, тој го извади паметниот телефон и ми ја пушти книгава по mail, прочитај ја па ке правиме муабет. Ми беше страв да ја прочитам, но сепак нешто ме копкаше внатре и седнав и ја прочитав, во книгата е наведено дека слободно можете да си пушите додека ја читате а откако ке ја прочитате Вие сами ке одлучите кога ќе ѓи оставите цигарите, ова ви го напишав за да не се плашите да ја прочитате и уште нешто во книгава нема ништо страшно што е напишано туку тоа е едноставна приказна на авторот од негово лично искуство како тој по многу обиди го пронашол лесниот начин на одвикнување од цигарите и сето тоа го ставил на хартија, 90% од луѓето кои ја прочитале неговата книга успеале да ги откажат цигарите!
Поздрав!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom