Насилства во Македонија

Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Значи многу шпекулации и невистини поминаа низ медиумите, злосторник, убиец, насилник, пострауматски синдром бла бла бла...општината Пробиштип покрај прогласениот ден на жалост за немилиот настан треба да прогласи посебен ден како ден на жалост за загубата, самоубиството на војникот!! Зошто??? еве некои информации од прва рака. Драган Манаилов, бог да го прости, беше златно дете, момче по сите нишани, личност која би сакале да ви биде син, брат, зет, колега, другар...златно дете без ниту една маана. И неговата сопруга на почетокот на нивниот брак била иста таква..девојка/сопруга без маана. Додека Драган е на мисија во Авганистан, сопругата се обидува да се вработи како учителка/наставничка но за таква работа се прашува само партијата (се знае која) и за таква голема услуга (државна работа) на Радмила и е побарана “притивуслуга“ и тука почнуваат настаните кои ќе резултираат со она што се случи. Невестата и се усладило па продолжила да мрда со опашката. Злетово е мало село каде не може да сокриеш дури и ако прднеш погласно а камо ли швалерации и слични работи. Тоа доаѓа и до ушите на Драган и во последниве две години Драган поминува низ пекол. Парите од двете мисии во Авганистан ги троши на куќа која е направена на плац на дедому (значи не е негова), женаму му клава рогови на главата... и покрај сето тоа Драган успева да остане колку што може смирен. Тоа што го велат од АРМ дека војникот бил примерен и одговорне во извршување на задачите е само блага форма да се опише Драган...тој беше перфектен и најодговорен работник, војник, другар.
За да и самиот се увери дека тоа не се злобни и невистинити гласини тој и мести мамка на жена му..и вели одам на работа на стража сум 3 дена, ќе си дојдам во ... и заминува. Но тој каков што беше умен и бистар всушност имаше земено три слободни дена. Се качува на ридот во грмушките спроти куќата и таму лежи и набљудува што му се случува дома цели три дена. На крај влегува и го фаќа младио љубовџија во кревет со жена му, пробува да се пресмета веднаш но со помош на вртиопашката љубоџијата некако успева да избега таа вечер, ама каде ќе бега .. Злетово е тоа..брзо после тоа го начекува на пат и го претепува љубовџијата ама баш претепување по сите нишани, душмански, крвнички (јас би рекол заслужено..која кучка јаде маст, ќе јаде и стап). После тоа оди и убаво ја пегла и женаму, нејзините се ставаат во одбрана на ќерката им курвичка, следуваат кривични пријави за претепување и насилство и од љубовџијата и од сопругата и од нејзините, разводна постапка останува без децата, без пари, куќата останува куплерај во сопственост на женаму...Одтука се тие информации дека се работи за насилник, неранимајко, пријавуван во полиција и сл. глупости. Наместо тоа секој треба да рече бог да го прости тоа чедо божје, таа мачна душа која посегна по својот живот поради нелуѓе. Ај толку за сега..колку да се знае вистината.
Посегнал по ТУЃИ животи затоа што самиот бил нечовек.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Посегнал по ТУЃИ животи затоа што самиот бил нечовек.
Не бе, он злато, душа човек бил. На мравка не газел. И за Чарлс Менсон исто така некои викаат. Еве една дури и ќе се мажи за него. А бе срцка.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.429
Поени од реакции
18.597
Го прочита текстот? Те демантира токму во овој дел. Вика дека бил на стража, ти викаш дека не бил, дека имал слободни денови, три дена посматрал итн....
Веројатно случката не е од сега,туку пред да ја добие таа пријава за насилство.Како и да е приказнава е преувеличена сигурно.
Али мое мислење дека сигурно имало нешто за овој да му се спојат жиците,ова класичен очајнички потег кога ќе го пикнеш некој во ќош. И ја не верувам во тие поствоени трауматски срања....
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.705
Поени од реакции
59.927
Јасен е текстот, службени лица велат дека човекот бил на стража од каде што заминал со оружјето. Го пријавиле брзо во МВР но за час и нешто тој ги извршил убиствата.

Дечкото погоре ни продава некоја друга верзија која ја вика „апсолутна вистина“. Очигледно е засегнат од случајот, можеби роднини/пријатели итн... се тоа разбирам, но треба да објасни зошто неговата верзија се разликува од официјалната. Дали тоа службени лица лажат дека човекот бил на работа вечерта, и со каква цел?
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Класика.
Се обвинува жртвата и се пуштаат муабети за да се сведе на муабетот “сама си го барала“.
Да убиеш нечии родители и нечиј чичко, да убиеш било кого е знак на болен мозок.
Пријавуван за насилство врз повеќе луѓе и врз жена му....
Не нечиј чичко туку чичко на швалерот кој патем речено е колатерална штета во настанов. Но секој си има свое мислење. Само прашање е кој е тука жртвата а кој насилник. Воопшто не е пријавуван за насилство од никого освен од претепаниот љубовџија, од сопругата која поминала еден третман на воспитување на курсот “примерна домаќинка“ и од нејзините родители. Ниту еден друг ниту во селото ниту во Пробиштип ниту во АРМ нема еден лош збор за дечкото.
Но кога биле пред суд...твоето видување е тоа што го гледал и видел судот како исправно...тој е прогласен за насилник и силеџија, децата одат кај примерната домаќинка, куќата за која работел во блискиот ни и пријатен Авганистан ја губи, оштета за повреди на љубовџијата и така натаму. Во некои држави каде судовите гледаат со човечки очи а не како е напишан зборот во некој закон и каде е ставена или испуштена запирката би пресудил...тепаниот љубовџија со скршена рака да се дотепа, да му се скрши и другата рака и да му плати тешка глоба за навреда на честа на домаќинот, вртиопашката гола на средсело да биде каменувана од сите полнолетни жители на селото, родителите кои тоа го одобрувале во прогонстово...[DOUBLEPOST=1417201826][/DOUBLEPOST]
Веројатно случката не е од сега,туку пред да ја добие таа пријава за насилство.Како и да е приказнава е преувеличена сигурно.
Али мое мислење дека сигурно имало нешто за овој да му се спојат жиците,ова класичен очајнички потег кога ќе го пикнеш некој во ќош. И ја не верувам во тие поствоени трауматски срања....
Токму така случката како од холивудски филм не е од завчера кога се случи настанот туку многу порано, после таа случка доаѓа претепувањето на швалерот па има судења па пресуди па жалби...[DOUBLEPOST=1417202159][/DOUBLEPOST]
Јасен е текстот, службени лица велат дека човекот бил на стража од каде што заминал со оружјето. Го пријавиле брзо во МВР но за час и нешто тој ги извршил убиствата.

Дечкото погоре ни продава некоја друга верзија која ја вика „апсолутна вистина“. Очигледно е засегнат од случајот, можеби роднини/пријатели итн... се тоа разбирам, но треба да објасни зошто неговата верзија се разликува од официјалната. Дали тоа службени лица лажат дека човекот бил на работа вечерта, и со каква цел?
Немам намера никого да убедувам во нешто, Македонија е мала сигурно имаш некој пријател или познаник кој познава некого од Злетово или Пробиштип..бујрум провери па ќе разговараме. Апсолутно не сум засегнат од случајот по никоја основа и немам интерес некого да бранам или напаѓам освен што секогаш сум бил на спротивната страна од онаа која англичаните ја викаат bully. A во овој случај за bully го прогласуваат тој што тоа не е. Е тоа е интересот поради кој го пишувам ова.
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Не бе, он злато, душа човек бил. На мравка не газел. И за Чарлс Менсон исто така некои викаат. Еве една дури и ќе се мажи за него. А бе срцка.
Да, да. А дека бил срце човек, го потврдува и фактот дека имал толку обѕири кон сопствените деца, што им овозможил доживотна траума и чест да имаат татко трикратен убиец.
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Да, да. А дека бил срце човек, го подржува и фактот дека имал толку обѕири кон сопствените деца, што им овозможил доживотна траума и чест да имаат татко трикратен убиец.
Баш тоа му е најголемата грешка , да ги остави децата со трауми и покрај таква мајка домаќинка . Подобро бори се за децата до крај и одземи и ги , тоа би било најдобра одмазда.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.705
Поени од реакции
59.927
Немам намера никого да убедувам во нешто, Македонија е мала сигурно имаш некој пријател или познаник кој познава некого од Злетово или Пробиштип..бујрум провери па ќе разговараме. Апсолутно не сум засегнат од случајот по никоја основа и немам интерес некого да бранам или напаѓам освен што секогаш сум бил на спротивната страна од онаа која англичаните ја викаат bully. A во овој случај за bully го прогласуваат тој што тоа не е. Е тоа е интересот поради кој го пишувам ова.
Не знам кој ти е интересот ама целата приказна што ја раскажа е неточна со оглед на тоа што официјални лица потврдија дека човекот бил на работа. Јас те чепнав за ова затоа што уште првиот пат кога прочитав ми заличе на оние приказни од пријател на пријател на пријател... Фер е да си кажеш дека си згрешил и друг пат кога ќе чуеш приказна од трето лице да не се истрчуваш. Луѓето секаде си прават свои верзии од настаните, чаршијата секаде си работи 24/7.

Или пак да дадеш логично објаснување зошто службени лица би лажеле дека човекот бил на работа? Кој би имал корист од тоа?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не нечиј чичко туку чичко на швалерот кој патем речено е колатерална штета во настанов.
Значи луѓето што некој ќе ги убие само затоа што се поврзани со некого се колатерална штета, а?
БРАВО! Колку човечност има во тебе!

Но секој си има свое мислење. Само прашање е кој е тука жртвата а кој насилник
.
Ич не е прашање.
Жртвите се тие што се убиени, насилник е тој што ги убил. ТОЧКА И КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА.

Воопшто не е пријавуван за насилство од никого освен од претепаниот љубовџија, од сопругата која поминала еден третман на воспитување на курсот “примерна домаќинка“ и од нејзините родители. Ниту еден друг ниту во селото ниту во Пробиштип ниту во АРМ нема еден лош збор за дечкото.а.
Додека луѓе како тебе, семејно насилство нарекуваат воспитување, злоба и насилници ќе има. За мене ти индиректно поддржуваш семејно насилство и немам што да дискутирам со тебе.
А тоа дека нема лош збор за дечкото, реков и за Чарлс Менсон (прогуглај ако не го знаеш) има што го сакаат и што нема да кажат лош збор за него. Еве дури сега и ќе се мажи. Срцка бе, срцка бил.

Во цивилизирани земји, цивилизирани луѓе кога ќе откријат неверство, поднесуваат барање за развод. Секоја примена на насилство, посебно убиства е дело на нецивилизиран човек. Оправдување за насилство - НЕМА.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.900
Поени од реакции
12.446
За крвавите тепачки на ученици, посебно дивеење на албанците каде се мнозинство, постои чуден развој на настаните. Во септември 2011 беше донесена мерка за секое школо да е одговорен полициски службеник.
http://forum.kajgana.com/threads/Полицаец-во-секое-македонско-училиште.53521/
Полицијата и учениците се дружат
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6C4D11A13985794296721A062F9B2A85

за жал, се остана само на хартија од медиумите. Родителите тогаш плаќаа од свој џеб приватни обезбедувања.
Понатаму, најмалку еднаш беше ветено од министерот и владата дека на улиците ќе се вратат полицајците позорникари. Неколкупати беше ветувано од актуелниот министер дека позорникари повторно ќе патролираат, но од сето тоа ништо.
И покрај влошените безбедносни состојби, посебно кај што мнозинството се албанци, дури некој се обиде да им обезбеди на полицискките станици работно време како да се банки или семкарници
Затворањето на станиците за време на викенд и нивното неработење по 10 часот навечер значи оставање на граѓаните сами на себе, велат дел од упатените

Потклекнаа разни служби, конкретно најеклатантен и најкрвав пример, убиствата кај Смиљковско езеро. Дивеат секакви психопати, а не се преземаат никакви долгорочни мерки.
Немам намера никого да убедувам во нешто, Македонија е мала сигурно имаш некој пријател или познаник кој познава некого од Злетово или Пробиштип..бујрум провери па ќе разговараме. Апсолутно не сум засегнат од случајот по никоја основа и немам интерес некого да бранам или напаѓам освен што секогаш сум бил на спротивната страна од онаа која англичаните ја викаат bully. A во овој случај за bully го прогласуваат тој што тоа не е. Е тоа е интересот поради кој го пишувам ова.
Ако за сите изневерувања одеше ку**рбан цело семејство, цел свет колку еден балкан дали ќе испаднеше. Ако за 1 година се случиле 1450 разводи, ако само во четвртина случаи (под претпоставка неверство и лабилни личности) настане ваква пресметка, тоа се некаде околи 1000 убиства. За само 1 година, само од една причина. Како може да оправдувате ваков чин па макар жената била навистина како што пишуваш? Пред да влезеш во врска или брак, посебно во мало место, дали е до толку тешко да откриеш со каков човек треба да бидеш?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Не гледам во кој дел и во што овој текст ме демантира ?? Апсолутна вистина е случката каде дечкото сакајќи самиот да се увери во приказните што доаѓаат до него дека опашката на женаму и мрда, за да не излезе дека злобници со измислици му го растураат бракот..и прави приказна дека оди на стража, се спрема, пакува облека како и многупати до тогаш и заминува а всушност се обезбедува со вода и храна и три дена и три ноќи наблјудува што му се случува по дома, кој влегува, кој излегува, каде се децата и се она што го пишав претходно..
Бај д веј секогаш кога вртиопашката имала посетител децата биле на спиење кај нејзините родители кои се во тек со се што се случува а сепак застануваат на страната на ќерката, убава на мајка, и затоа си носат дел од вината а веројатно и затоа се и меѓу убиените. Сосема друга приказна е братот на вртиопашката исто така дечко на место, (оној што му ја оттргнува/одзема пушката) кога дошол да ја поздрави и сопругата со калашњиковот. И тој дечко е исто така професионален војник во АРМ и односите меѓу зетот и шурата се извонредни..шурата копга го видел со пушката сакал да го спречи да го смири, му ја оттргнал пушката но...тоа е тоа.
Уште еднаш ќе напоменам дека се започнува со барањата на “противуслуга“ на локалните партиски моќници и локални газди. Но ако на почетокот тоа било изнуда, уцена, економска зависност, висење на работното место и сл. подоцна тоа станало своеволен избор на вртиопашката
:facepalm:
Те читам и не ми се верува! Ти нормален ли си бе ?
Го браниш „професионалниот“ војник, а се чудиш што родителите ја бранеле ќерката?!
Ебати професионалецот! Тој бараба убил луѓе од 60 години без око да му трепне! Тоа ли е војник? Такво нешто војниците не прават во војна!
Шо не им рипнал на партиските моќници кои ја уценувале жена му? Или само на жени и на возрасни бил кадарен.

ПТСП ако имал од 2001 немало ни да го пуштат во Авганистан. Човекот е полнолетен, знае кои се ризиците од долгото отсуство дома.

Ебаве мочковците! „На шефот му ќутите, а жените си ги тепате?!“ (цитат од фб).
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Не знам кој ти е интересот ама целата приказна што ја раскажа е неточна со оглед на тоа што официјални лица потврдија дека човекот бил на работа. Јас те чепнав за ова затоа што уште првиот пат кога прочитав ми заличе на оние приказни од пријател на пријател на пријател... Фер е да си кажеш дека си згрешил и друг пат кога ќе чуеш приказна од трето лице да не се истрчуваш. Луѓето секаде си прават свои верзии од настаните, чаршијата секаде си работи 24/7.

Или пак да дадеш логично објаснување зошто службени лица би лажеле дека човекот бил на работа? Кој би имал корист од тоа?
Значи уште еднаш ќе кажам дека немам апсолутно никаква врска со случкава ниту некаков интерес некого да бранам или напаѓам. Незнам каде ти наоѓаш противречности односно каде јас сум кажал дека тој ноќта пред настанот не бил на должност на стража...напротив реков дека додека вечерта се смрзнувал на стража добил телефонски повик дека жената му има “ноќен третман“ не те разбирам во што е контрадикторноста но не е толку ни битно..[DOUBLEPOST=1417203886][/DOUBLEPOST]
... полнолетен, знае кои се ризиците од долгото отсуство дома...
Да не мрда опавчето малку? Некако ми прозвучи дека добро си запознаена со ризиците... или ми се причинило??? no offence!!
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Интересна приказна ни раскажа, ама овие те демантираат: http://www.telegraf.mk/aktuelno/219652-ubistva-vo-zletovo-po-krivicnata-vojnikot-osum-meseci-ne-bil-na-straza
Не знам зошто не се разбирате.
Значи објаснувањето на членот е: војникот се вратил од Авганистан, дознал за наводни неверства, ја излажал жена си дека ќе биде на стража, но тој три дена следел што она прави. Ги фатил, ги претепал сите, добил пријави за насилство, почнала постапка за развод. Тогаш и му забраниле да оди на стража осум месеци.

По осум месеци пак му дозволиле да оди на стража, а последниот пат кога бил ете што се десило. Ако сум у грешка нека исправи некој.
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Додека луѓе како тебе, семејно насилство нарекуваат воспитување, злоба и насилници ќе има...
Во тоа семејство имало насилство де факт...прашањето само е кој извршил насилство врз семејниот мир во тоа семејство..по мене тоа е сопругата која макар и без работа да останела (а на село нема ниту еден што нема работа и дневни обврски) не смеела да подлегне а подоцна и сама да се препушта на слатките задоволства, ситните подароци...
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Баш тоа му е најголемата грешка , да ги остави децата со трауми и покрај таква мајка домаќинка . Подобро бори се за децата до крај и одземи и ги , тоа би било најдобра одмазда.
Па, најголемата грешка му била што убил тројца луѓе...
После тоа што го видел, требало да ги сликне и да поднесе барање за развод. Ако тоа му нанело психичка болка, требало да се обрати на психијатар.
Не е точно дека треба да и ги одземе децата на мајката, зашто сепак, и да била неверна, му била неверна нему, не на децата свои. Многу ми е одвратно кога ќе видам двајца бивши сопружници кога си ги лечат меѓусебните фрустрации на грбот на децата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom