Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Све зa пaри пa нели пензиoнерoте се вoзaт беспaри тoa некoј мoрa дa гo плaти. Виде држaвaвa прoсти студенти и нoрмaлнo е декa ќе имa вaкви рaбoти.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Владата е одлучна по секоја цена да се воведе државниот испит..:facepalm: Ајде студенти излезете на улица против неправдата, незнам зошто чекате ? :([DOUBLEPOST=1417022692][/DOUBLEPOST]

Уште малце ќе се донесе законот овие дур да излезат пак на протести..

А ти од дома ќе набљудуваш? Излези и ти, бе! Повеќето сте запнале „ајде студенти, браво студенти“ и сѐ то е океј, али ова го засега секој, на овој или оној начин. Ако веќе цепидлачиме, ниту моменталните студенти не мора да преземат нешто, дека нели „и да сакаат нема да полагаат екстерно“. Ко шо е должност на секој студент да реагира, исто е должност и на секој граѓанин. На крај краева, солидаризирај се.
 
А ти од дома ќе набљудуваш? Излези и ти, бе! Повеќето сте запнале „ајде студенти, браво студенти“ и сѐ то е океј, али ова го засега секој, на овој или оној начин. Ако веќе цепидлачиме, ниту моменталните студенти не мора да преземат нешто, дека нели „и да сакаат нема да полагаат екстерно“. Ко шо е должност на секој студент да реагира, исто е должност и на секој граѓанин. На крај краева, солидаризирај се.
И ако што бев симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ овој пат сум за студентите, излезете на протести јас прв ќе сум тој што ќе ви се приклучам, и ако што веќе несум студент, срцето ми е со вас..
 
Па и треба да полагаат ! Мора да полагаат.
 
Че учиш. Да видиш како е. Јас сум завршувал штулов и еве у Швицарска важи дипломата.

Значи сепак не си научил доволно за каков идиотизам станува збор со овие најавувани промени.
 
Гаро, ај те сфаќам ти е досадно, ама не уништувај и вакви теми.
 
И ако што бев симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ овој пат сум за студентите, излезете на протести јас прв ќе сум тој што ќе ви се приклучам, и ако што веќе несум студент, срцето ми е со вас..
Не те цитирав ради партиската определеност. Е, болдираното - то е то. :)
 
Во понеделник во 18 часот пред платото на УКИМ, 5ти собир на Студентскиот пленум.
10393727_1567125666851050_319555136325265071_n.jpg

Пленумци, дојде време за петтата студентска средба, прва по протестниот марш.

Понесете си топла зимска облека, и греени пијалаци, и во понеделник, 18 часот бујрум на плато на УКИМ.

Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот.

Споделете го овој постер на социјалните мрежи, и доколку сте во можност испечатете неколку копии и залепете ги на вашиот факултет
#ПоздравПленумци #СтудентскиПленум

Очигледно дека не добиле одобрување од деканите на факултетите за користење на просторија. Смешно и тажно!
 
Сакаат преку глупави реформи да крадат повеќе пари. Образованието, кое е на доста ниско ниво, не можат да го подигнат на поголемо ниво со тие непотребни испити туку само можат да ги демотивираат студентите. Да се вработи подобар кадар, да се подобрат условите на студентските домови можеби би ја подобриле работата. Универзитетите треба да останат независни инстутуции, и треба самите да направат иновации во шемата на работа на самиот универзитет и како ќе се одвиваат учебните дејности, кои од таму би можеле да донесат некои подобрувања. Факт е дека, откако станаа подостапни студиите на државните институции, огромен процент од матурантите се запишуваат и стана како "мода" да се запишеш на факс, иако ретко 50% поминуваат после прв семестар понатака. Треба промени во субјектите кои ги изучуваат студентите, да се конкретни и прецизни, на почеток општи а потоа да се влегува подлабоко во субјектот како што минуваат семестрите. Нема никаква потреба да се воведуваат државни испити и екстерни тестови, бидејки тоа води во ќорсокак. Убаво е што колегите излегоа на протести, тоа се почитува, ние, студентите сме водечката сила на општество кое е во развој и нашиот глас мора да биде слушнат. Јас сум индиректно поврзан со овие работи бидејки сум студент во Бугарија, но мило ми е што сите студенти, минус партиските миленичиња, имаат заедничка цел, и сигурен сум дека само заедно може да се влијае на глупавите одлуките за воведување на непотребни испити и тестови.
 
Во однос на средбата во понеделник вечер, најверојатно ќе биде во некоја просторија од факултетите (не е битно кој). Ама не е уште сигурно. Така да, кој не сакаше да дојде заради ладното, сега да дојде. Убаво би било да има што е можно повеќе луѓе со цел самите одлуки да имаат поголем легитимитет. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom