Супстандардни услови за живот во македонските градови и села во 21 век

  • Креатор на темата Креатор на темата König
  • Време на започнување Време на започнување

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Возраст
38
21 век во Македонија. Градски населби без асфалтирани патишта, водовод, канализација, села без струја, живеење во услови како во 19 век, потресни семејни мизерии. Темава е разгледница од вистинската Македонија, неколку километри оддалечена од гипсаниот барок и шарените вртелешки.

„До темел изгоре малата куќарка на 59-годишна жена од Кочани. Синоќа околу 20 часот пламените јазици го зафатиле домот во којшто живеела сама и бидејќи вдишала поголема количина јаглерод моноксид жената била префрлена во штипската болница. Според соседите, условите во кои живеела жената биле супстандардни а со години немала ниту струја. Се претпоставува дека причина за пожарот е запалена свеќа.

-Причината... она се грее мислам со свеќа, ѝ паднала и се запалила. Ете тоа е причината. Она нема ни струја ни вода. Нема ништо.
-Струја немаше долго време, со години, не можам да кажам точно. Ѝ беше исклучена. Сама живееше.“
Транскрипт од вестите на Телма во 18:30, 24.11.2014
upload_2014-11-25_12-4-1.png

Бујрум, истражи ја Македонија.
 
Што да ти кажам освен катастрофа. Ама и не дека грешката не е кај нас. Ние самите сме си криви што го дозволуваме тоа. Ние самите си правиме да сме странци во сопствената држава. Ние сме Македонците кои треба да владеат со Македонија, наша земја е тоа.
Затоа кога ќе се рече 10 милиони ќе одат за барокна фасада на ГТЦ, панорамско тркало, бродови и слични барокни ствари, не треба само да плукаме по тоа на Интернет, туку треба и да се обединиме, да се буниме против тоа, да кажеме дека тоа не ни треба, туку дека ни треба струја, вода, канализација..............., кога ќе се побунат илјадници луѓе во јавност самото тоа укажува дека не е нешто во ред, па ќе се разгледа случајот:)
 
Побитни се спомениците кај нас и барокот, не е битно шо има села/градови во кои нема основни услови за живот(вода, струја, пат, доктор, болница.....)
Затоа сите наши соседи од селата праат 1000000 евра, полнат буџет и инвестираат во селски туризам со сите услови, за градовите по комшииве да не праиме муабет.
 
Срамота и греота е организацијава во државава. Луѓето од власта лапаат пари премногу и прават проекти крајно ненормални за уште повише да се полнат со пари без ни грам милост и сочуствителност за своите сограѓани кои немаат услови за живот и никакви човечки потреби. Иронично е да ни мачкаат очи дека државава ни се развива културно и уметнички кога луѓето со работнички плати немаат што да јадат од сиромаштија и доколку им се случи несреќа на домот остануваат директно на улица. Најтажно е што луѓето кои не се во работен однос и не добиваат плави картони немаат право да се лечат. Голем срам и грев е состојбава. А зошто не чекориме кон подобро глупо е да се прашуваме... Народ што не се сака и почитува меѓу себе и не гледа добро за сите не заслужува подобро од ова нашево.
 
Не се криви само институциите на државата и државните органи, криви се и самите поединци кои се одтуѓени од фамилијата (која е основна функционална клетка во општеството) и од другите поединци и како резултат на тоа имаме; себичност, суровост, нема емпатија ниту пак хуманост.

Бруталните времиња тек пристигаат. Чудно е тоа што порано сме важеле за посолидарен народ.

П.С. кај нашите соседи гледам емисии од типот на Радна акција а кај нас акцент се дава на Бекстејџ, Ексклузив, Среќни коцки, Талкачи, Шпајзот на Македонија и останатиот шунд за неписмените од 21 век.

П.П.С. гледаме организации како Анима дунди, секакви УМС и.т.н. кои немаат желба или тенденција да помогнат на било кој начин, да бидат хумани а како такви се представуваат. Ебени хипстери и партиски потрчковци кои се представуваат како социјални и политички активисти, тотално неспособни.

П.П.П.С. најпрво се тргнува од самиот себе; дали преку волонтирање во некоја акцја, донација и.т.н. а таква култура овде нема. (не дека и на запад или исток е којзнае што)[DOUBLEPOST=1416927754][/DOUBLEPOST]П.П.П.П.С. имаше едно време организација Храна а не Оружје и делеше топол оброк на плоштад, секако за тие на кои најмногу им треба арно ама кај нас има една изрека;

" и шамар да е, на гага да е ...."
 
Последно уредено:
-Причината... она се грее мислам со свеќа, ѝ паднала и се запалила. Ете тоа е причината. Она нема ни струја ни вода. Нема ништо.
-Струја немаше долго време, со години, не можам да кажам точно. Ѝ беше исклучена. Сама живееше.“
Причината била во неа требало да внимава кога се греела со свеќата исто така и причината за исклучување била затоа што неплаќала сметки што е логично. Неможе некој да плаќа сметки а други гага да си имат струја така да...
 
Тек ќе имаме супстандардни услови.Кога можат да купат цела улица луѓе со 3 квадрати асфалт:
Teren_Gradonacalnik_Velgosti_4851.jpg
k%202.jpg
k%201.jpg

k%203.jpg

А некогаш и бекатонки ќе завршат работа
sl%202.jpg

Истрагата утврдила и дека Петрески ја злоупотребил службата и со крпење дупки на улиците во Охрид. Градоначалникот од 2005 до 2007 година извршил јавна набавка за крпење ударни дупки со асфалт од 19.940.785 денари. Петрески, спротивно на Законот за јавните набавки, не објавил јавен оглас за доделување договори за јавни набавки и со Сузана Паунковска потпишале штетен договор и за асфалтирање ја одбрале градежната фирма „Ив стил градба“ од Охрид
 
Тек ќе имаме супстандардни услови.Кога можат да купат цела улица луѓе со 3 квадрати асфалт:
Teren_Gradonacalnik_Velgosti_4851.jpg
k%202.jpg
k%201.jpg

k%203.jpg

А некогаш и бекатонки ќе завршат работа
sl%202.jpg
Колку само бедно изгледа.
Kрпени улици и тротоари, крпена држава, крпен живот.
 
Колку само бедно изгледа.
Kрпени улици и тротоари, крпена држава, крпен живот.
Најбедната работа е што после секоја ваква крпеница се организира закуска што е поскапа од самата крпеница.
 
Па добро бе сите викааат излезете искажете незадоволство кој ке искаже бе да им каеш на протест дојдете ти си луд бе ке ти рече така тоа е македонија
 
Тие дупките погоре се секундарни и не се битни толку колку случајот со куќарката која изгоре... уствари и таа не е битна ако направиме споредба со тоа колку од социјално загрозената категорија, инвалиди и бранители не добиваат надомест од државата (која патем ни зима пари за тие цели).

Има теми по форумов околу тоа бајаги, штосот е зошто стратегијата не функционира или дали воопшто има стратегија а башка зошто сме апатични.

Фројд и Јунг да беа живи... (и многуте кои го истражува полето на бихејвиоризмот) мислам ќе си ги напикаа тудовите в гз.
 
Никој без разлика на возраста место да кука и плука по државата не е спречен ако останал без работа истата да ја побара на друго место.
Дотичната ако сакала да работи можела да собира пластични шишиња,лименки,конзерви,старо железо,стара хартија,можела да чисти по куќи,влезовите во зградите кои ги има и во Кочани.
 
Најжално од се е шо во сите други градови, поготово оние од западот(а,па за села да не правам муабет) се осети ефектот од Скопје 2014.
Но, самите сме си криви шо Македонија стана град-држава зошто некој не знае да раководи со факинг 25 000 км2 површина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom