Супстандардни услови за живот во македонските градови и села во 21 век

  • Креатор на темата Креатор на темата König
  • Време на започнување Време на започнување
Никој без разлика на возраста место да кука и плука по државата не е спречен ако останал без работа истата да ја побара на друго место.
Дотичната ако сакала да работи можела да собира пластични шишиња,лименки,конзерви,старо железо,стара хартија,можела да чисти по куќи,влезовите во зградите кои ги има и во Кочани.

Да де исто како и многу дипломирани, магистри и доктори кои се на работ на егзистенцијата. (мал милион примери)

Но кој им е крив што магистрирале/докторирале или се работноспособни, кој ги ебе.
Да не зборувам за лицата со инвалидитет...
Нека собираат шишиња оти на крај краишта сите сме скитници.

Како беше таја; "нечие богатство е нечие ѓубре..." уствари... не!
 
Како беше она здрав живот, здрава храна?

НЕМА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО СРЦ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
НА 26 НОЕМВРИ 2014. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Спортско рекреативниот центар Билјанини извори две недели нема струја. Со тоа се доведени во прашање работата на службите на салата и на спортските активнсоти кои се одвиваа таму. Прекинати се во моментов спортските натпревари во футсал за градските основни и средни училишта.

Ние како колеги и професори минатата сабота се собравме и сметавме дека ќе може да одржиме едно коло. Но, сите колеги од средните училишта зазедовме став дека нема светло за да се реалзира колото за да не дојде до повреди на учениците на натпреварите. Заклучивме дека продолжиме штом ќе се обебедат услови. Има најава дека лигата ќе се одигра во спортскиот центар „Климент Колески“ за да му се овозможи на победникот на лигата да учествува во зонскиот натпревар закажан за 4 или 5 декември, но до сабота ќе имаме информација“, вели професор Наум Јамандиев, претседател на спорстка училишна лига за футсал.

sala%201.jpg

Исто така и Ракоментиот клуб Охрид ги прекина тренинзите во спортскиот центар Билјанини извори. Тренерот на клубот Горан Андоноски за ТВМ изјави дека подгоотовките ракометарите ги одржуваат во спорстката сала во Велгошти. Андоновски кажа дека иако оваа сала за ракометрите име е подалеку, таа е единствениот спортски објект кој ги има потребните стандарди за тренирање, останатите училишни сали во градот не гизадоволуваат стандардите затоа што се мали.

Во спортската сала Билјанини извори се одвива и дел од наставата на спортските паралелки од средното угостителско училиште Ванчо Питошески. Фудбалерите ги користат надворешните терени и според наставната програма тренинзите ќе им бидат надвор без разлика на временските услови, информира Проф Љубе Мешкоски.

sala.jpg
Тој објаснува дека во салата се откажани само часовите по фитнес кој се изведувале во Билјанини извори. Сега се изведуваат во друг фитнес клуб, информира проф. Мешкоски. Не успеавме да го исконтактираме неговиот колега Јаковче Матлиоски задолжен за спортската паралелка во ракомет дали и како немањето струја во спортската сала се одразува на одвивањето на наставната прогарама.
Директорот на Јавното претпријатие Билјанини извори, Ристе Мише за ТВМ кажа дека работат на решавање на проблемот. До управниот одбор на ЕВН доставиле план за решавање на проблемот, но досега од таму не се произнеле по нивниот предлог.
Инаку, спортската сала по втор пат оваа година останува без електрична енергија заради неплатен долг кон ЕВН во висина од околу 8 милиони денари.


- Струја не платиле
- ама изготвиле план за решавање на проблемот пуштен до ЕВН

Едноставно е.Плати и ќе имаш струја, исто како обичните смртници.Луѓе ве гласет да не ги повторвите грешките на Петрески.

Ама ќе прајме Охрид 2014 и кружни на секој чекор :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
http://ohrigani.mk/raspishan-konkurs-za-idejno-ureduvane-na-dvata-glavni-ploshtadi-vo-ohrid/
http://www.ohridnews.com/vesti/76774
Приоритети...
 
Никој без разлика на возраста место да кука и плука по државата не е спречен ако останал без работа истата да ја побара на друго место.
Дотичната ако сакала да работи можела да собира пластични шишиња,лименки,конзерви,старо железо,стара хартија,можела да чисти по куќи,влезовите во зградите кои ги има и во Кочани.

A си се запрашал ли од каде пари да извади неколку лиценци?
И кој ќе ја викне да му чисти по куќи и да ризикува казна од 1500 евра?
 
A си се запрашал ли од каде пари да извади неколку лиценци?
И кој ќе ја викне да му чисти по куќи и да ризикува казна од 1500 евра?
А ти дали си се информирал дека предог законот е повлечен.
Патем ова околу лиценците е последните 2-3 месеци а каде била пред тоа.
Најверојатно како повеќето луѓе чекала помош од државата или дома да дојдат па и понудат да работи некаде.
 
Основно училиште во град Струга

10616223_560522364078574_3949288745283850710_n.jpg


1554585_560522300745247_4207891748827863550_n.jpg


10710570_560522290745248_4764377196402959988_n.jpg



Во Чаир

10432552_616176678504334_4074924405112148142_n.jpg


18.jpg


10603413_578206772301325_64439434577331695_n.jpg


10342760_578206732301329_4059394730120251872_n.jpg


10603577_570687533053249_8957205295333811782_n.jpg


10460279_559362637519072_4974849871802126333_n.jpg
10600582_559362534185749_7630682263002485854_n.jpg
 
Не е страшно.Мислам дека со ‘реновирањето на плоштадите‘ градоначалникон ќе им помогнит во благосостојба.
Или да им помогнат со продажба на некоја кола од возниот парк пред социјалните згради во Охрид.


СЕМЕЈСТВОТО ХУСОСКИ, БАРА КРОВ НАД ГЛАВА
НА 29 НОЕМВРИ 2014. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

husoski11.jpg
Во една соба од трошна куќа која е на распаѓање во близина на амбулантата Воска, под кирија живее семејството Хусоски од Охрид. Покрај болеста која се надвиснала над нивното едногодишно дете, кое е категоризирано како телесно инвалидно лице, најтешка форма, тие едвај крај со крај врзуваат со скромната плата која ја зарабтува сопругот Сенат, вработен како метач во ЈП „Охридски Комуналец“.

„Со таа плата од 8050 плаќам 4000 денари кирија струја и вода по 1200, мене од таа плата ми остануваат 500 со тие пари што да купам . Немам услови, немам болјер да го искапам детето, немам дрва видете на ладно седам немам пари да одам во Скопје немам пари за пат, а детето треба да прими вакцина“ - раскажува Хусоска.

husoski.jpg
Хусоска засега не зема никаква парична помош или посебен додаток за нејзиното дете. Но како што таа нагласи, најтешко од се и било тоа што немала свој покрив на глава. Го повика градоначалникот и сите надлежни да ги посетат и да се уверат со свои очи како секој ден се борат да преживеат.

„Да дојдат да видат и да ми дадат помош бидејќи како прво немам услови да ги капам децата и маж ми е нервозен, јас пијам лекови за срцето немам сила и мислам дека државата треба да ми помогне и да ми даде социјален стан на ова инвалидно дете мислам дека му следува“ - апелира Хусоска.

Со две малолетни деца во четири ѕида со влага, без дрва за огрев, Ермина, стравува како ќе ја помине зимата. Вели дека секоја помош од институциите и хуманите сограѓани е добредојдена, но најважно од се и е да добие свој покрив на главата.
 
Фото: Наместо да ја санираат бандерата, ја врзале за светилка
Вести | Охрид | 16.01.2015 12:16Посети : 1365
Бандерите оштетени од неодамнешниот снег во Охрид, се уште не се поправени и претставуваат голема опасност за минувачите, но и закана по имотите на граѓаните будејќи висат над дворови, куќи, згради, паркиралишта...


image-b773170735241add4b4f1414780b0d30768f6ebb1307fba0ce04ee8af3e98799-V.jpg

1.jpg
2.jpg



15 дена е вака низ туристичкиот центар на Македонија и бисерот балкански.
 
Битно згради имаТ...

- Погледнете во какви услови и со каков пристапен пат живееме во зградите на оваа улица. Од локалната самоуправа ни ветија дека ќе биде направен патот до зградите кои се сите нови и со платени комуналии. Ние како сопственици имаме имотни листови што значи дека се` е уредно платено за да имаме и пристапен пат и осветлување. Наместо тоа, ние во блато и кал седиме во домовите и не можеме да излеземе надвор, затоа што мора да носиме чизми, велат револтирани во дописот до Супер радио.

Додаваат дека од локалната им ветиле дека ќе добијат пат и напоменуваат дека би прифатиле и тампониран пат, како привремено решение, само да можат нормално да живеат.

- Како да живееме во некоја планина, а сме на само неколку километри од центарот на градот, стои во дописот.

Од Општина Охрид најавија став за во текот на утрешниот ден.

Погледнете во какви услови живеат граѓаните во овој дел на градот.

147.jpg


227.jpg
317.jpg
510.jpg
68.jpg
 
Гледам што постираат слики од улици со дупки некои бандери искривени улични светилки вразани за некои огради алоо луѓе вие изгледа не ви е јасно или треба да ви се црта или да осетите на своја кожа што е супстандардни услови за живеење него што разбирате татини и мамини немате потешко дигнато од лажица тешко вие и кревет да дигнете па мрчите што не вие асвалтирана улица ке си го искршите количето поштено добиено.Чудо е како свеста падна на ниско ниво а размислувањето го сведовме само за едноставни работи кои ни се како програмирани и нема право на ресет
информација што се лоши услови за живот пошто супстандардни не ми е соодветен термин
szs_u_strpcu_66_20141118_1681210799.jpg


szs_u_strpcu_118_20141118_1835310551.jpg
 
Screenshot - 02232015 - 01:44:02 AM.png
http://www.time.mk/c/ef838d194e/osumdesetogodisen-maz-izgore-vo-pozar-vo-stip.html

Изгоре до темел куќа во штипската населба Суитлак, а во нејзе и сопственикот, неподвижно лице со мозочен удар. Тој не успеал навреме да излезе од колибата изградена од импровизиран материјал која за само неколку минути изгорела до темел
 
:нинџ:
http://radovish.mk/oficijalno-radovis-ostana-bez-benzinska-pimpa/

Покрај сите убави случувања што имавме да ги споделиме со вас, драги сограѓани, денес, за жал, немаме толку убава вест. Од денес градот Радовиш остана без бензинска пумпа.

gorivo.jpg



Додека до одреден период имавме три, денес останавме без бензиска пумпа. Од овде следува фактот дека со бензин ќе мора да се снабдуваме од соседните градови.
Две од нашите бензиски пумпи се реновираат, а третата ќе биде затворена 15 или повеќе дена. Со ова нашите сограѓани се чувствуваат оштетени и незадоволни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom