Не лажи, кај нас законите се спроведуваат подеднакво за сите граѓани. xDПа кога ти е јасно како судат судиите и како земаат баждар баждарџиите радост се јавува кога читаш дека паднале инспектори или политичари и функционери и сл. посебно инспектори кои ослепуваат кога ќе влезат во конфекции![]()
Факт е дека е комплексен проблемот исто како што е факт дека вакви убиства постоеле од секогаш. Единствена разлика е што стана светски тренд да се зглеми бројот на ваквите убиства. Ама во право си и дека медиумите се денес поразвиени и дури и најмали деца имаат пристап не на вакви вести туку и на слики и видеа од убиства. Мислам до пред 20-30 години кој имаше шанса да види вистинско убиство на видео? Никој. Сега може секој на интернет да види и сечење глави измачувања и тн. Има повеќе медиуми и истите мора да се борат за гледаност па затоа пласираат и вакви информации како најинтересни...Жалното е шо знам дека има вакви илијадници случаи за кои е поднесено барање од полицијата за одземање на оружје, а јавното обвинителство ги отфрла ко да не се ништо страшно, ваквите барања. И така од тие случаи, ќе се погоди фала богу некој да излезе од границите.............и да заврши фатално, затоа што истиот претходно не го добил потребниот третман.
Војната сама по себе си носи страшни последици, па оние кои активно учествуваат, го имаат најдобро сетено тоа. Измените на законот каде голем дел од работата се префрли на јавното обвинителство од судот и од полицијата, по мое не се уште добро прифатени и применувани правилно во пракса. Ние немаме оспособено јавно обвинителство по законот. Оваа академијава за судии и јавни обвинители и не раѓа некој броен кадар кој може да ја препокрие цела Македонија. Старите си остануваат на новите места пред 1000 промени кои не сакаат да ги применат, не ги применуваат и на крај, се одразуваат вака несакано по животот на народото.
Сакав само да го проширам проблемов, затоа што не е така едноставен. Од друга страна си го поставувам прашањето, дали медиумското покривање на ваквите настани почнува да раѓа контра ефект и да охрабрува, наместо да влијае превентивно со осуда за тоа што не треба да се прави и што е лошо..................Ептен ко на шала е дојдена работава со убиствата и самоубиствата. Статистички ги имало и порано, помалку им се посветувало внимание на најавните шпици, што впрочем и помалку црна хроника се пласираше. Не знам шо да речам...
Не, годинава почнаа во јавност да ги објавуваат случаите. Иначе уназад секоја година имало по некое вакво злосторство. Само што јавно не биле обелоденети.Како можеше речиси копија е ова злосторство со она од Кавадарци.
Оваа година ептен крваво завршуваат семејните и љубовни односи, овој е веќе петти случај мислам.