Дали сте за влез на Македонија во НАТО?

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за влез на Македонија во НАТО?

  • Вкупно гласачи
    115
Ако нема алтернатива објасни какво фајде ќе видиме од еу и нато.
Уште не сме членка на еу а имаме исти дури и поригорозни закони,правила,прописи а платите никако да мрднат нагоре на работниците барем 1/3 од европските

За таа работа ќе се обратиш на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.. А инаку овдека во МКД нема европски закони,туку само се злоупотребува името на ЕУ, верувај нема никаква врска македонските закони со европските.. Било кој закон што се носи во МКД се злоупотребува со името на ЕУ, овдешните закони не се европски закони,туку вмровски...:гомце:[DOUBLEPOST=1416427274][/DOUBLEPOST]
@Realen. Зошто барем еднаш не напишеш Македонија наместо МКД?

По скратена форма ти е МКД...
 
Последно уредено:
И јас ги сметам НАТО за империјалистичка организација но сепак сум за тоа ние да влеземе во тој сојуз.Зошто?Бидејќи РМ веќе одамна функционира како неформална членка на НАТО(или барем како нивен потрчко).И вака и така ние праќаме војска во воени зони за потребите за овој воен сојуз,некогаш дури и повеќе од некои други земји членки.Така да веќе кога изиграваме вазали,зошто да не бидеме и членка.

ПС: За сите што мислите дека треба да кажеме кој те ебе на НАТО и да се приклучиме кон Русите,ве молам посветете малце повеќе време на историја и политика.Русија не ја боли к-р за нас,и никогаш нема ни да ја боли.Плус тоа, ние сме мала земја и сме никој и ништо во светската сцена,така да нашето мислење не се ни бара околу овие работи.Ако сакаат да не приклучат кон Нато ќе не приклучат и оро ќе играме.

Ова нема врска со бирање помеѓу западот или Русија, историјата е едно, сегашната реалност е друго, иднината е трето.

Со влегување во било каков воен сојуз - значи не само НАТО, туку било кој воен сојуз - Македонија се обврзува да поддржи било која држава која е членка на истиот тој воен сојуз и која војува против некоја сосема трета држава која не е членка на истиот тој воен сојуз.

Ако Македонија беше членка на НАТО во 2001 година, ќе се очекуваше активно да земе учество во инвазијата на Авганистан после терористичките напади на 11 септември 2001 во САД, а можеби и во инвазијата на Ирак во 2003 година.

Е сега, факт е тоа дека Македонија - со сегашната војска и таканаречена авијација - не може да окупира ни град, а камо ли па држава, но останува фактот дека ќе се очекуваше Македонија да прекине секакви односи и секаква соработка со Авганистан и/или со Ирак, ма да мислам дека и тоа го направивме без членство на Македонија во НАТО во 2001 и во 2003 година.

Поентата не е во тоа да бидеме нечии потрчковци, туку да бидеме сами свои газди, а со НАТО тоа нема да го постигнеме.

Ние и сега тоа не го постигнуваме надвор од НАТО и од ЕУ, а па со членство во НАТО и/или во ЕУ, тогаш па воопшто и нема да го постигнеме.

Истото важи и за сојузништво со Русија и/или со било која друга држава.
 
Зарем мислиш дека јас не сакам мојата земја да биде тотално независна во своите избори,без притисок од Западот?Но како што кажав ние не сме никој и ништо.Не можеме ние да речеме еј ај утре ќе праиме шо сакаме кој ги прашува НАТО.Тоа проба Милошевиќ да го направи па ете што му се случи.Немаме ние со што да се силиме.Ние сме само обично заморче во целата светска сцена.Утре кога сакаат можат војна да направат овде и да не поделат.Сети се кога нашите партизани сакаа да одат на Солун,што се случи?Никој не им даде да мрднат,бидејќи тоа беше против интересите на Англија да Југославија излезе на уште едно море.И верувај има причина зошто Македонија го потпиша Рамковниот.Ние,Босна и Косово сме земјите кои ќе служат за секогаш кога ќе има потреба од воен профит да можат само да потегнат еден конец и се да иде у курац...
 
Некогаш, многу оддамна, на крајот на 20-тиот век, кога бев зелен и ептен млад, кога влегував некаде во моите 20-ти, ЕУ, НАТО и западот ги сметав за некаков идеал кон кој ние како држава треба да се стремиме... И, тоа беше во ред... за мене. Сметав дека така треба да биде, дека тоа е олицетворение на слободата, добросотојбата, редот...
Подоцна, кога прошетав по белиот свет малце, кога созреав умствено, и, кога видов како всушност стојат работите, станав скептик.
Да не должам, накратко вака стојат работите:
Апсолутно сум против членство на мојата држава - Македонија, во каква и да било организација на држави кои како услов, исклучиво за Македонија, бара да се самукинеме како Република Македонија и Македонци.
Во спротивен случај сум апсолутно за.
 
Шо ќе ни се? Ништо нема да смени.
 
Ова е едноставно. Ако сакавме да влеземе во НАТО ке купевме 10тина џет фајтери амерички или еуро тајфуни , пар апачи и ете ти НАТО. И? што добиваме со тоа ?Демек заштита ако не нападне некој ? Кој ке не нападне жити се уозбилете се , ако сака некој да не нападне ке не стопи у 1 ден , освен овие арапиве планински и тоа пази сценарио . Доколку направат некоја глупост планинариве и да сме во НАТО нема да смееме да ги користиме тие оружја, со таков став ке излезе НАТО , демек да се одржи рамнотежа на балканов да не се употребуваат тешки наоружања. И тоа ти е тоа, само ке ги задужат нашите внуци да плаќаат кредит :)
Нато= не фала.
Еу= не фала.
ЕвроАзиски сојуз :rolleyes:
Да сме живи и здрави , може некогаш ке им пораснат мадињата на нашиве политичари , кој знае.
 
Некогаш, многу оддамна, на крајот на 20-тиот век, кога бев зелен и ептен млад, кога влегував некаде во моите 20-ти, ЕУ, НАТО и западот ги сметав за некаков идеал кон кој ние како држава треба да се стремиме... И, тоа беше во ред... за мене. Сметав дека така треба да биде, дека тоа е олицетворение на слободата, добросотојбата, редот...
Подоцна, кога прошетав по белиот свет малце, кога созреав умствено, и, кога видов како всушност стојат работите, станав скептик.
Да не должам, накратко вака стојат работите:
Апсолутно сум против членство на мојата држава - Македонија, во каква и да било организација на држави кои како услов, исклучиво за Македонија, бара да се самукинеме како Република Македонија и Македонци.
Во спротивен случај сум апсолутно за.

http://www.un.org/en/members/

Нашата држава ја барав кај државите чие име започнува на "М" , но не ја најдов, потоа ја барав и кај "Ф" ... и таму не , кај "Т" била.

Самоукинувањето се случи пред повеќе од 20 години. Македонија утре да влезе во НАТО, ќе влезе како Бивша Југословенска Република Македонија.

Околу темата, па и не ми е многу гајле веќе дали ќе се зачлениме во нато или еу.
 
Последно уредено:
Ja гласав ЗА само поради нашите браќа,пошто они многу сакаат во НАТО..Не дека ќе смени нешто ама ајде.
 
Ние од главата си патиме а за тоа нема лек ниту во нато ниту во еу. Единствена надеж за Македонија е да после 30ина години со природна смена на генерациите овој зомби народ биде заменет со народ составен од луѓе кои размислуваат и не се дел од сива маса туку се индивидуи на кои главата нема да им служи само за стрижење.... се разбира ако во меѓувреме внатрешно не се распаднеме или сите до еден не заминеме во странство....
 
Зарем мислиш дека јас не сакам мојата земја да биде тотално независна во своите избори,без притисок од Западот?Но како што кажав ние не сме никој и ништо.Не можеме ние да речеме еј ај утре ќе праиме шо сакаме кој ги прашува НАТО.Тоа проба Милошевиќ да го направи па ете што му се случи.Немаме ние со што да се силиме.Ние сме само обично заморче во целата светска сцена.Утре кога сакаат можат војна да направат овде и да не поделат.Сети се кога нашите партизани сакаа да одат на Солун,што се случи?Никој не им даде да мрднат,бидејќи тоа беше против интересите на Англија да Југославија излезе на уште едно море.И верувај има причина зошто Македонија го потпиша Рамковниот.Ние,Босна и Косово сме земјите кои ќе служат за секогаш кога ќе има потреба од воен профит да можат само да потегнат еден конец и се да иде у курац...

Залудно негуваш надеж дека членство во НАТО всушност би променило нешто во Македонија.

Македонците и додека се надвор од НАТО и ЕУ се поделени и не се обединети - примери ги имаш безброј.

Така да, и со членство во НАТО и/или во ЕУ, ситуацијата нема да биде ништо подобра, биди сигурен.

Солун и партизаните веќе 70 години му припаѓаат на минатото, а како што можеш да видиш, Македонците и во денешна Република Македонија се поделени, а тука вината не може да им се припишува ниту на политичарите, ниту на НАТО/ЕУ или не знам кои други надворешни фактори, туку исклучиво на Македонците како народ, а во вакви околности, верувај ми, НАТО нема да смени ништо кон подобро.
 
Последно уредено:
Народот е доволно интелегентен и соеглаво расудлив до таа мера што јасно му е дека НАТО и ЕУ не им се потребни ни од економски,политички,геостратешки,безбедносен или пак цивилизациски план бидејки она што очигледно реално му треба на народот е реоформирање на кралство и именување император.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom