"Система" - најефикасната боречка вештина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Не применува во борба зошто се тепа во кафез, со ракавици, против професионалец. Да беше на улица не викам дека само со Винг Чун би се тепал, но би искористил неколку техники. Инаку за џабе го тренира. А боксот е една од наједноставните (ако не наједноставната) боречки вештини. Што е толку комплицирано? Нема врска дали си изнервиран, дали ти е страв или што и да е. Боксот малку би се искомплицирал ако веќе сакаш да правиш ескиважи како Андерсон Силва или Рој Џоунс, но пак не е ништо споредено со Винг Чун, Кунг Фу, Система.

За да направи трапинг не му сметаат ракавици ниту рингот, слободно може да ги добива сите борби и со Винг Чун кога би било можно, ама наместо тоа користи бокс и таи бокс, проверени работи во пракса.

Досега имало три турнири на борба во ринг таи боксери против кинески кунг фу борци и сите три пати победиле таи борците. Последниот пат кунф фу (повеќе стилови) биле со голи раце без ракавици и сепак загубиле.

Се гледа дека не си тренирал бокс туку го збориш лаички, на лаик верувам дека му изгледа просто. Ескиважите се составен дел на боксот и се само еден дел од целата вештина или спорт.
 
Не тренирам бокс, тренирам кик бокс. Нормално дека ескиважите се составен дел на бокс, кик бокс и ММА. Не зборам за трапинг, зборувам за повеќе техники во кои му пречат ракавиците. Не сум видел никој до сега да користи Винг Чун во ринг, нормално дека бокс, кик бокс и таи бокс се далеку поефективни во ринг.

Зборував за на улица. Барем 50% од Винг Чун е употребливо за на улица. Незнам зошто имаш толкава отпорност кон оваа боречка вештина.
 
Како да оцениме колку е ефективно коа не сум видел некој да го употреби.Вештинава како и ајкидото многу се фокусира на спиритуалниот дел а малце на самата борба.
 
Гледав неколку клипчиња на јутуб, има некој азијат што покажува многу различни техники, бранење од директи, трапинг, удари во гради и сл. Ама имаш право, не е сигурно. Јас одев според тие видеа зошто ми изгледаше многу ефективно, ама додека не се употреби во вистинска ситуација тогаш стварно неможе да се оцени.
 
Ефективно изглеа зашто тој што го покажува се остаил од тренирање цел живот а тие што го напаѓаат се дечки со 2 дена тренинг.Тренирав ајкидо краток период иста приказна,те фолираат како искористи ја туѓата сила ама реалноста е дека физичката спремност е многу важна.99% од потезите беа неупотребливи ни во ринг ни на улица,од типот фати ме тука па му виткаш рака.Или она со ножевите,смешки живи.
Едноставно ако немаш спаринг не можеш да видиш колку си напреднал и колку ти е ефективна техниката,ко да фатиш фудбал да играш без противничка екипа.И не ги ставајте карате,џудо на исто ниво со глупостиве,имаат таму борби меѓусебни и се покажале доста ефикасни.
 
Само кијокушин карате е карате,другото е глупост. Или ај, “Олимписко„ карате. А џудото е 100% ефективно, нема збор за тоа. А инаку тоа сакав да кажам, Винг Чун е најверојатно ефективно кога се соочуваш со некој без тренинг. Баш ми текнува порано еден постар човек отвори на јутуб аикидо демонстрации. Се скина од смеење. А система јас не би тренирал додека не се уверам дека е ефективно. Имам и едно видео за вас
https://www.youtube.com/watch?v=wNV4t_be-EE
 
Тоа е и поентата,винг чун личи убаво за очите но во реалноста...да речеме дека не би се надевал на таа вештина.Еве прост пример.Доколку ВЧ е толку ефективно истотото тоа ќе се користеше во ММА.Зошто?Бидејќи во секој ММА(во овој случај УФЦ) борец се инвестираат многу пари.Доколку тие менаџери дознаат дека тренирајќи винг чунг тоа ќе му даде на тој борец победа,односно поголема шанса за победа,верувј дека тоа и би тренирал.
И нека не ни пробува некој да дава аргумент од типот...да брат ама Винг Чун е смртоносно и за вистинска тепачка а не за во ринг со правила...Најлош аргумент во свет.Како што наведе некој гори сите тие trapping and chain punches се легални во рингот.И втора работа,во почетоците на УФЦ беше речиси се дозволено,вклучувајќи и многу забранети удари сега.И пак сите ВЧ борци што се пријавија завршија патосирани по кратка постапка.

Иначе глеј го клипчето од Gracie Breakdown street bjj vs sports bjj,убаво објаснуваат браќава некои работи.Што како човек што тренира БЏЏ можам да потврдам од лично искуство
 
Нема ништо подобро од комбинација од повеќе вештини/спортови.Зошто ? затоа што борбата не знаеш каде ќе почне а каде ќе заврши.Боксер ќе знае да се бори на нозе,но што ако противникот почне да мава лакти,колена,глава ? посебно ако се постави во нивниот препознатлив гард,ногата напред...ако даде добар лоу кик,има да го свитка за 1 минута.Да не зборам ако падне на земја,што правиме тогаш ?
 
Na pocetokot vo ufc imase eye gouge, vlecenje za kosa, lakti, glava I sl. I bez rakavici. Samo togas mozel nekoj sto trenira wing chun da se dokaze.
 
Гледам и се смеам винг чунот не чинел , не бил применлив во реални ситуации.Зошто тогаш се повеќе и повеќе се тренира од многу специални сили како воени и полициски ширум цел свет. Башка вие што толку многу зборите против ВЧ не сте ни вкрстиле раце со ВЧ мајстор па да знаете дали е ефективно или не.
 
Ниту ЕДНА специјална единица во свет,не тренира КЛАСИЧНА боречка вештина,туку тоа се концепти.И јас зборував за аматер да го примени,а не некој што и жена и деца и мајка остаил и вежбал у манастир 50 години и 24/7 бил посветен на вештината,да тој ќе биде ефикасен на улица.Јас зборев за аматер кој ќе ја вежба вештината 1-2 години и кога ќе дојде ситуација на улица да примени,да го примени тоа што го научил.Можда ќе примени против некоја пијана будала и слично,ама ако се најде во тесно со некој што вежба бокс,кик бокс,таи бокс,мма, под услов еднакво да биле посветени,ќе го испие мајчиното млеко.
 
Можда ќе примени против некоја пијана будала и слично,ама ако се најде во тесно со некој што вежба бокс,кик бокс,таи бокс,мма, под услов еднакво да биле посветени,ќе го испие мајчиното млеко.

Istoto I jas go potenciram.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom