Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593

Тоа е заради оксидацијата на бронзата (рѓосување), се формира зелен слој кој се нарекува "патина". Со тек на време сите бронзени споменици рѓосуваат и стануваат зелени.
 
Ако до сега имаше некакви забуни за тоа каде треба да си ги искажеш маките и да протестираш, со новата фасада на владата тоа ќе биде обележано. Браво за владата, мисли на народот.

20141017_142347.jpg
 
Минатата година го посетив т.н. Музеј на националната борба и единствено што ми остана во сеќавање е дека кустосот не дозволи на никој да постави прашање.

Кога стигнавме до преродбеничкиот дел и оригинален примерок од ова дело со оваа корица нѝ беше презентирано од нејзина страна како Македонски народни песни, ми стана јасно зошто.

Bulgarian_Folk_Songs_Miladinov1.jpg
 
Не дозволуваат прашања а? Одмана сакам да отидам само за да влезам во некоја тешка дебат со тамошните водични, и шо ако посташвиш прашање, особено незгодно прашање, ќе те избркаат ли надвор.
 
Не дозволуваат прашања а? Одмана сакам да отидам само за да влезам во некоја тешка дебат со тамошните водични, и шо ако посташвиш прашање, особено незгодно прашање, ќе те избркаат ли надвор.
Уште пред да започне турата, кустосот замолува „и без прашања“. Мене туѓ срам ме јадеше кога го чув тоа, ама ајде си викам, може све ќе биде објаснето, па нема да има потреба од прашања. Нажалост деловите кои не ѝм одговараат ги прескокнуваат.

Така на пример, типката одвои едно десет минути пред восочната фигура на Турунџев поставен на евтина импровизирана борова бесилка со препарирани врани наоколу, а артефактите од Втората светска војна, меѓу кои германски шлемови, знамиња, ножеви, двогледи, пиштоли, документи... како да беа табу. „Ајде да побрзаме“ кон ќелијата на Ченто.

Тоа што паѓа во очи е механичкото повторување на набубан одобрен текст. Само некои кустоси се способни да прават тури на англиски.
 
Бев во Археолошкиот музеј супер е.
Одличен дизјан на ентериер и екстериер, убава атмосфера, голема колекција на артефакти, посебно нумизматиката им е одлична. Има од пајонски па до отомански пари...многу е фино објаснето за дебазирање на парите во доцниот рим. Осветлувањето е супер направено. Само не се точно означени правците на движење и на мал дел од експонатите нема опис што се. Во основа ситници.
Оцена 8/10 за археолошкиот музеј во Скопје.
И музејот на ВМРО е одличен ама археолошкиот е подобар.
 
Последно уредено:
Уште пред да започне турата, кустосот замолува „и без прашања“. Мене туѓ срам ме јадеше кога го чув тоа, ама ајде си викам, може све ќе биде објаснето, па нема да има потреба од прашања. Нажалост деловите кои не ѝм одговараат ги прескокнуваат.

Така на пример, типката одвои едно десет минути пред восочната фигура на Турунџев поставен на евтина импровизирана борова бесилка со препарирани врани наоколу, а артефактите од Втората светска војна, меѓу кои германски шлемови, знамиња, ножеви, двогледи, пиштоли, документи... како да беа табу. „Ајде да побрзаме“ кон ќелијата на Ченто.

Тоа што паѓа во очи е механичкото повторување на набубан одобрен текст. Само некои кустоси се способни да прават тури на англиски.

Кустос е еден, другите се водичи.
Секој историчар си има омилен лик од историјата, па така и водичите најмногу се задржуваат кај омилениот. Мора да брзаат затоа што поставката е голема, има многу работи, а турата треба да трае 45 минути, меѓутоа толерираат до саат. Затоа и забрануваат прашања додека трае турата, за време на турата нема време за се да се објасни детално, за тебе и на некој друг да му се објаснат сите недоразбирања за секој лик, за секоја книга писмо, шлем или печат, но, ништо не те спречува да спориш после турата. Дури и можеш да им побараш да ти посочат литература за да ти се разјаснат нејаснотиите. Сите водичи до еден на крај на тура дозволуваат дискусија за поставката, а на англиски скоро сите знаат да водат.
Бесилката на која е обесен Турунџев исто била импровизирана, не била како оние шт ги гледаш на вестерн филмови.
За сликата што си ја поставил дискутирано е во подфорум историја, за тоа зошто се така насловени, побарај ќе најдеш. Кој сака ќе разбере, кој не ќе се инаети, зависи на кој за што е дојден. Да разбере или да се контра.
 
А како секаде низ светот дозволено и нормално е да го прашаш водичот за се што не ти е јасно?
 
А како секаде низ светот дозволено и нормално е да го прашаш водичот за се што не ти е јасно?

И тука е, но, после турата. Во интерес на времето е тоа. Плус причина е што во земјава наша во врска со историјата повеќето не прашуваат што не им е јасно туку сакаат да спорат апсолутно за се.
 
И јас бев во археолошкиот музеј, многу артефакти и секако водичот многу подобро објаснуваше одколку во другиот музеј кој го посетив пред година дена. Посетете доколку имате можност, навистина е одлично.
 
Ало будали, ќе се запалите бе!

Додека утрово ги читав на мојот смартфон кусите извештаи на моите колеги од Плусинфо за драмата пред Владата, да ви кажам право, вриев од лутина. „Пожарникарите го кршеа скапиот барок“. „Причинета е значителна материјална штета“. „Причина за пожарот е електрична инсталација“...

Ало дечки, кај видовте бе вие „скап барок“? Овој од кур-пена што може да се стопи со запалена цигара за вас е „скап барок“? Кај видовте вие „кршење“? Како што слушнав подоцна, секирите на пожарникарите во фасадата влегувале како во лајна. Шљап! Проблем било како да се извадат назад.

Каква „значителна материјална штета“? Целиот овој пенест ејакулат на малоумен кич, со кој е обложена владата, не вреди ни денар повеќе од артефактите што можат да се купат на Пластичарската улица. И каква „електрична инсталација“? Абе чадел кабел! Како дома кога ќе ви се запали кабелот од пеглата. Пожарот избил поради неспособноста на луѓето коишто треба да се грижат за безбедноста на објектот, со прирачните противпожарни апарати (што мора да ги има секое гранапче, а камоли владата), да изгасат едно банално пламенче.

Од авион се гледа дека овде станува збор за катастрофална негрижа и неспособност на луѓето задолжени да се грижат за безбедноста и на објектот и на самата Влада. И да ви кажам нешто што можеби не сте го знаеле - наспроти сите легенди дека нашиот премиер го чуваат стотици телохранители и мајстори на својот занает, јас ви тврдам и сведочам дека тоа воопшто не е така.

Ако утре, не дај боже, се случи да зачади некое кабелче во зградата во која живее Груевски, противпожарните возила нема ни да можат да се приближат до неа, зашто резидентниот паркинг каде што и јас се паркирам (со премиерот сме комшии), секој ден е преполн со возила на разноразни натрапници кои влегуваат „со врска“. Постојано се карам со полицајците од обезбедувањето поради таа фрапантна неодговорност. Последниот пат ми се заканија дека ќе ме пријават поради моето однесување. Сега чекам пријава и шанса да дадам официјална изјава.

Да сум јас на местото на Груевски, веднаш би поделил едно дваесеттина откази. Некои луѓе, едноставно, се заебаваат. А безбедноста на премирот лично, на владата и на државните објекти е прашање кое го засега него, ама и сите нас – не е пријатно да се живее во земја во која зградата на владата ја гранатира кој како ќе му текне и која може да пламне од едно глупаво кабелче, па нејзината судбина да зависи од нашиот фајармен Сем, популарниот и фотогеничен пожарникар Менковски.

^Не верував дека ќе дојде ден кога со оваа протува ќе се сложам за нешто.
Патем, овие не сфаќаат дека ни кожни гаќи не ги вадат више:

СВЕШТЕНИЦИ ЌЕ БРКААТ ЗЛИ ДУХОВИ ОД ВЛАДАТА

По инцидентите во кои беше оштетен објектот на Владата во последните недели, Владата сериозно ја разгледува идејата да се освети објектот за да се истераат лошите и зли духови и да се заштитат луѓето што живеат таму.

Како што информираат македонските медиуми, идејата на МПЦ ја изнел свештеникот Александар Цандовски, кој покажал почит и кон функционерите од друга вероисповед кои работат во Владата, објави Алсат М.

„Се осветуваат темелите и работните простории. Конкретно, во овој случај, тешко би било да се осветат сите простории, бидејќи во нив работат и нехристијани. Затоа е добро осветувањето да го прави секој по своја желба. Тоа се прави со темјан. Се верува дека ѓаволот бега од темјан. Оттука се и верувањата дека се истеруваат злите сили и ѓаволските работи“, се вели во изјавата на свештеникот Цандовски.

Дека иницијативата е сериозна потврдува и владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Тој за весникот “Вест“ изјавил дека можноста за осветување на владиниот објект сериозно се разгледува.

„Сериозно ќе ја разгледаме можноста за осветување на зградата, бидејќи станува збор само за реновирање, а не за градење од почеток“, рекол Александар Ѓорѓиев
 
Ако се осветуваат темелите на владата нека ти осветат и греалките,така на Трескавец и Бигорски направија темелите осветени а ги занемарија греалките не осветени останаа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom