Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Акo слoбoден индекс се ствaрнo oргaнизaцијa нa студентите кaкo штo се претстaвувaaт некa зaстaнaт oни вo oргaнизaцијa нa нaредниoт мaрш/прoтест зaеднo сo oвие oд пленумoв, и некa биде тoј мaрш/прoтест пoбрзo, a не сеa 10 гoдини сo вaквите слики oд 1500-2000 студенти дa мислиме декa нештo е решенo. Не ништo не е решенo.

А сите тие штo дaвaaт мoрaлнa пoддршкa, aкo не дoјдете нa нaредниoт вaкoв мaрш/прoтест, a критикувaте сaмo вaкa нa фoруми и пo фејсбуци и чекaте oд небo дa пaднaт прoмените, вaшaвa мoрaлнa пoддршкa ни знaчи кoлку лaнскиoт снег !

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
http://plusinfo.mk/vest/4527/milcin...oruzeni-do-zabi-se-krieja-zad-butki-so-cvekje

Иако со доза на резерва ја примам оваа информација од Милчин, сепак има некаква смисла доколку ја поврземе со обидот за провокација со наводното апсење на лингурот. Да не' испровоцираат, ние да напраиме нешто пожестоко и да рипнат специјалците.

Иначе околу изјавата на Адеми, дури смешно ми е да ја коментирам...
„Нема ништо конкретно околу екстерното...“ Уште во првата реченица од писмото има барање „да го повлечете предлогот за воведување екстерно...“. Понатаму, вика дека единствено се барало негова оставка. Во писмото никаде не е спомнат зборот оставка, се скандираше вчера оставка, точно и само еднаш. Но, во официјалното барање го нема зборот оставка. Дури и да го има, според Адеми, единствено политичките партии бараат оставка, а не студентите. Абе Адеми, јас можам да седнам и да ти барам оставка преку писмо, не па 3000+ студенти. Дали Адеми со ова сакаше да даде партиски карактер на маршот? Очајнички обид министре, очајнички.
Сега испадна дека во декември ќе виделе дали ќе донесат и каков ќе биде механизмот...чекај малце, не треба да кажеш: каков БИ БИЛ механизмот? Ама толку знае он, јбг, ја можам од тука да му укажам.

Следната смешка е што немало име на писмото, немало адреса. Не е ова СПУКМ па да си праќате љубовни тајни писма. Јавно ќе одговориш на писмото бидејќи вршиш јавна функција!!


Иначе, праеле некои пресметки, отприлика да пресметаат колку луѓе имало. Трите коловозни ленти се широки 10.5м (ако се почитувани прописите), а должината на колоната е некаде 160 метри. Ако се земе по 2 луѓе на квадратен метар, тоа се 3300 студенти некаде .Нека се и 3000. Можеби, не викам не, иако и бројката 2000 изгледа супер, 3000 е уште подобро.
 
Голема прва победа на обичните луѓе против партиите се надевам нема да биде пирова туку ќе биде почеток на уште многу вакви против овој диктаторски систем и против политизираните граѓани кои имат меморија на риби и држење ко амеби.Интересно денеска баш вежби против Ебола пропагандата на перење мозоци е феноменално разработена секоја чест.Јасно е како ден оваа не го очекуваа.
 
Ме мрзе да пребарувам наназад, ме интересира доколку еве стане (не дај боже) ова вистинито, пример јас што сум догодина четврта година, што ќе има влијание ова за мене пример ако не го положам екстерното? И дали од сите години ќе биде оценувањето?
 
За специјалците, бев да купам вода до таа трафиката што е веднаш после цветниот пазар, имаше 6-7 коли со специјалци си седеа во кола чекаа нешто да не се деси :)
За екстерново уште не се знае што како ќе биде, немаат предлог важно они сакаат екстерно што би рекол министерот :ROFLMAO:
Колку што разбрав треба да полагаш и 2 и 4, така да тие што сега се 2 и постари не би требало да ги фати.
Конкретно, зашто бев на сите пленуми до сега, ептен се плашев дека нема да има доволно луѓе( на пленумите имаше 200 највеќе), па кога видов колку имаше кога излегов од факултет се изненадив малце, мада главното изненадување беше кога уствари излеговме на улица и се виде стварно колку моќно тоа изгледа :vozbud:
И за крај, девојчето што беше на нова тв ми е колешка и можам да ви кажам само дека е дебатер повеќе години, така да најверојатно се чуствувала спремна да излезе на тв и мислам дека нема врска тоа со Иванов ;)
 
Можда ќе ја откачи сеа. :D

Иначе, едно од прашањата е и тоа. Т.е. многу прашања има, со оглед дека ништо конкретно не дале, а предлогот стои 4 месеци во вис. Дали би важел и ретроактивно? Со тоа се крши уште една одредба од Уставот.
 
Ме мрзе да пребарувам наназад, ме интересира доколку еве стане (не дај боже) ова вистинито, пример јас што сум догодина четврта година, што ќе има влијание ова за мене пример ако не го положам екстерното? И дали од сите години ќе биде оценувањето?


Ако не положиш екстерно во втора или во твојов случај во четврта, ‘‘студентот ќе мора да го напушти факултетот‘‘ - директно контра на Болоњскиот систем кој го убија од спомнување.

Oд крајот на вториот пасус
1660548_1563103613919922_3166385808827198460_n.jpg
 
Ај споделете какви реакции имаа вашите професори/асистенти денеска на предавања за вчерашниот студентски марш? Кај нас еден асистент рече дека било многу моќно, рече дека дури и солза му потекло кога видел колку луѓе има. Искрено, ни значи секоја подршка, се надевам доколку има следен ваков настан, ќе видам повеќе професори и асистенти.
 
Не знам дали е фотошоп или вистинито, ми излезе на ѕид, па да го споделам.
1908456_10152896537572229_7250921500793682136_n.jpg
Арно де, ХЦ партизани, поарно да ги нема на протест, само ќе провоцираат.
 
Не знам дали е фотошоп или вистинито, ми излезе на ѕид, па да го споделам.
1908456_10152896537572229_7250921500793682136_n.jpg

ЈАБЕ, монтажа било...или ќе е!

Да не пишуваше дека е студент, ќе мислев дека е 6то одд.

ЈАБЕ брат, ЈАБЕ! :cenzura:


Туку каква е оваа организација Левичарско движење ‘Солидарност‘ и каква е нивната фактичка поддршка кон студен‘ите? Или стандард приказна - после војна сите генерали?
Screenshot_1.png
 
@Рудници и
Левичарското движење „Солидарност“ е левичарска активистичка организација која се залага за хуманизација на сите сфери во општеството, социјална правда, унапредување на работничките права, одбрана на демократијата и нејзино унапредување.
Повеќе на линков http://solidarnostblog.wordpress.com/about/[DOUBLEPOST=1416352709][/DOUBLEPOST]http://24vesti.mk/24-analiza-18-11-2014
Кој има време, 50 минути нека погледне. Добро е што се добива и на медиумска покриеност, бидејќи верувајте, некои луѓе не знаеа дека ќе има Студентски марш. Ама сега сите дознаа!
 
Последно уредено:
Пази богати, бил на јавен настан одржан на јавен простор каде нормално е да има медиумска покриеност, и сега бара да се избрише видео оти неќел да го има на него. Ахахаха пичка вмровска.

Youtube бара цензура на видео од протестот на студентите

или „Не се секирај синче, тато ќе го сруши јутјуб ако треба ама од Партија нема да знаат дека си бил на протести“
Глобалниот видео сервис Youtube побара од НОВА ТВ да отстрани дел од видеото од протестите на студентите по пријава која дошла од Македонија. Вчера утрото НОВА прими порака од одговорните од Youtube во кои тие не известија дека треба да го отстраниме целото видео од студентските протести. Образложение од нивна страна дојде дури откако главниот уредник на НОВА Борјан Јовановски и официјално се обрати до одговорните во сервисот барајќи да објаснат зошто го наоѓаат видеото за спорно. Денеска Youtube одговори дека дел од видеото, односно снимките од 12:45 до 16:14 минута претставуваат нарушување на приватноста, а нивното барање за отстранување на видеото дошло по „пријава од Македонија“.

za%20saska%20slika.jpg


Редакцијата на НОВА смета дека сите нејзини снимени материјали кои се објавени во видеото се снимки направени на јавен настан и преставуваат снимки од јавен интерес. Од тие причини, на барањето на Youtube не гледаме поинаку освен како обид за цензура. Видеото е се уште достапно, но доколку Youtube остане на проценката дека видеото од протестот на студентите претставува нарушување на нечија приватност, можат да го активираат механизмот со кој ќе и оневозможат на НОВА да поставува видеа на мрежата.

НОВА нема да постапи по барањето бидејќи смета дека постапувањето би било спротивно на сите новинарски стандарди.
Во продолжение погледнете го видеото со кое некој наш анонимен сограѓанин го смета за спорно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom