Уште еден скандал на изборот за "Мис на Македонија"

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Па ене од девојчињана од Мис Брждани нека одберат.Секако на темата имаше согласност од стручното жири на Кајгана.
 
Кои мисици бре луѓе?
Некна на оној наводен избор во Александар Палас, се појавило и шуто и ќоро и дебелата ниска Мартина која изела две од натпреварувачките и мисли дека е некој шизик.
 
Ко мала стварно ми беше кејф да гледам Мис, што нашиов избор, а пак тој светскиот го чекав со недели.
Но, откако почнаа да праќаат неразвиени девојчиња кои едвај имаат 160 цм, со криви заби и подпросечна лепота, со фарбани и изгорени коси, катастрофа е мал збор за било која и да ја одберат. Зошто кога ќе ги споредиш нашиве со таму некои си Колумбијки, Венецуелки, Русинки, Украинки, кои ти е милина да ги гледаш зш се ко ангели, туѓ срам те фаќа.
 
Ајде бе ,голема работа ако сме немале наша, уствари имаме наша , ама мисица на Холандија која е со македонско потекло :) ОхриЏанка е = Tatjana Maul дами и господа :love:

VV4nOBO.jpg
veni.jpg
 
Шала настрана, не ја гледам смислата да те одбираат како стока на пазар. Ама оди разбери го женскиот ум.
А и мажите не се поарни. Од машкиот еквивалент на мис - мистер ворлд, до натпреварите за бодибилдинг кај што излегуваме да се прчиме ко мисири, не ни останува многу право да им солиме памет на женскиве.

Како и да е, не знам што до толку се притресуваат Црнокрак и остали. Едноставно гледаш дека жената која зела лиценца е лаик за бизнис и не знае да организира мис. Наместо да се занимаваш со угледот на државата, глеај си го својот интерес и натерај ја да плати за сите услуги што ги добила од тебе, а не и после се што си направил да ги кажува дека ова било само кастинг и немало да се оди оваа година.
Џабе ти е патриотизмот во ситуацијава кога во нејзини раце е лиценцата. Тоа е.
 
Димовски: Лидија е проститутка, спиеше со мене за 2.400 евра!
- Лидија Велковска, нема да ја наречам госпоѓица бидејќи не е, е единствената проститутка тука, таа среде ноќ ми дојде во станот во Охрид, спиеше со мене за 2.400 евра. Таа е манипулатор каков што Македонија досега не видела ни ќе види- со овие и уште полоши зборови бизнисменот Ристо Димовски им се обрати на медиумите на денешната прес-конференција по повод сите случувања деновиве околу организацијата на Мис на Македонија, пренесува Република.


Димовски, кој себе се нарекува познат активист, новинар и македонски патриот и веќе 4 децении живее и работи во Австралија, неколку пати бил спонзор на вакви слични манифестации. Пред неколку дена, организаторката на „Мис на Македонија“, Лидија Велковска, го претстави Димовски како нов организатор на овој избор, за веќе следниот ден, во

друго соопштение да се огради од оваа изјава и соработка, поради „основан сомнеж дека тој ќе соработува и со агенции кои се занимаваат со елитна проституција“.

Димовски бил изненаден од овие обвинувања, бидејќи како што вели, иако знаел дека Велковска се служи со лаги, наивно и верувал и решил да и помогне кога таа побарала помош од него за организирање на овогодинешниот избор. Тој најави дека планира на суд да бара правда, иако нема писмени докази бидејќи парите на Велковска секогаш и ги давал на рака или во кревет.

На пресконференцијата се обрати и модниот менаџер Мики Црнокрак, кој сакаше да ги демантира гласините кои Велковска ги упати кон него и неговата модна агенција „Црнокрак“. Тој рече дека со избори за убавина се занимава уште од 1991 годин, поседува 70 лиценци за разни интернационални избори, каде девојките кои ги испратил често се враќаат со по неколку титули, додека оние на Велковска никогаш не влегле во финале.

Црнокрак ја обвини дека на „Мис на свет“ таа секогаш не претставува како ФИРОМ.

Повеќе прочитајте на Република
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom