- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.273
- Поени од реакции
- 13.004
kakva glupava komparacija...
9/11 sami amerite go napravile right ? go imas gledano vo dokumentarec kazi![]()
А твојата компарација не е глупава ?
Викаш американците ги предизвикале терористичките напади на 11 септември ?
На кој 11 септември ?
Чисто за потсетување, имаше терористички напади во САД на 11 септември 2001 и терористички напад врз американскиот конзулат во Бенгази на 11 септември 2012.
На кој конкретен 11 септември мислиш ?
Не сум го гледал филмот, но очигледно ти си го гледал, па дај упати не нас кои не сме го гледале, да знаеме за што се работи.
Но да ти бидам искрен, нема да ме изненади доколку американците ги извршиле терористичките напади на 11 септември и во 2001 и во 2012 година.
Американски бродови во Тонкинскиот Залив - територија на Северен Виетнам, ниту поканети, ниту повикани, ги провоцираат северовиетнамците, кои реагираат и одеднаш ете ти го Тонкинскиот Инцидент, кој резултира со американската интервенција во Виетнам.
Србија не нападна никого, ниту му објави војна на никого во 1999 година, но ете ти ги САД, кои обезбедија најмногу оружје и муниција за бомбардирањата на НАТО врз Србија.
Колин Пауел си игра со сликички во Организацијата на Обединетите Нации, на кои тврди дека е прикажано оружје за масовно уништување и ете ти ја американската инвазија на Ирак.
Па зошто и терористичките напади на 11 септември и во 2001 и во 2012 година не би биле уште една валкана игранка на САД и на нивните корумпирани и криминални власти ?
Неговите теории се препишувани од Алекс Џоунс и Мајкл Савиџ. Особено од вториов, иако Декстер не признава дека го слуша. Доволно е само за кратко да се запознаеш со Савиџ и се ќе ти е јасно, од каде копира Декстер. Дури и истите изрази ги користи, на пример Барак Хусеин Обама, арапска зима итн.
А твоите теории од каде се ?
Од каде знаеш дека изразот Арапска зима е од Мајкл Севеџ, а не од Мит Ромни или од некој друг американски политичар или радио и/или ТВ водител ?
Еве, да речеме дека моите теории се од Мајкл Севеџ.
Севеџ барем има напишано 30 книги, од кои 5 му се бестселери, па колку-толку, важи за некаков веродостоен извор на информации.
Твоите извори на информации кои се и по што се познати ?
Барак Хусеин Обама е целосното име на 44-от претседател на САД, јас не гледам ништо лошо во тоа, исто како што не гледам ништо лошо во тоа да се потенцира дека неговиот биолошки татко бил муслиман и неговиот очув кој го израснал исто така бил муслиман по религија.
Suddenly he is an expert in international relations and geo-strategy in the middle east reporting from novo lisice, cento or dolno dupeni ...
Дефинирај што подразбираш ти под експерт.
Јас под експерт подразбирам личност која подолг временски период - минимум 5 години - се занимава со истражување и работење во една иста област.
Од моја гледна точка, јас не сум експерт, бидејќи не се занимавам ниту со истражување, ниту со работење во областа на религијата или политиката.
Но активно ги следам настаните низ светот и гледам дека секаде каде што САД и западот си го пикнале носот изминативе 13 и повеќе години, донеле само хаос и безредие.
За тоа не треба човек да биде експерт, доволно е само да ја погледне Србија пред бомбардирањата во 1999 година и после бомбардирањата во 1999 година.
Доволно е човек да ги погледне Авганистан пред и после 2001 година, Ирак пред и после 2003 година, Либија пред и после 2011 година и многу лесно ќе дојде до заклучок дали американците во овие држави донеле подобар живот или хаос и безредие.
За тоа не е потребно човек да биде експерт, за тоа се потребни здрав разум и логично размислување.
Последно уредено: