На крај за малце од готово версија ќе напраевме..
3 разлика имавме на 3 минути до крај и ќе ебевме работа..
Примивме ќор гол кога тргнаја да се менват на сред напад на Прилеп,играчот на Прилеп напаѓа на 6 метри нашиот оди да се менва,...

Гол не дадовме последните минути....
Арно имаше Ќани право на уште еден тајм аут во последниот напад иначе гарант ќе ја изгубевме топката и се можеше да се случи..
Вака на крај сепак заслужена победа на Пелистер...
Да почнам со нашите..
Богдан Николиќ

,дечкото е алфа и омега во оваа екипа..
Вреди за сите 6 тиквари шо ги дојсоја зимата заедно...
Даваше голој,праеше позиции за Дрогата и Фитило,еден куп топки му даде на Папата,даваше голој од пенал,играше одбрана.
Едноставно дечкото е класа над сите во екипата и е засилување во секоја смисла на зборот...

Вистински лидер на екипата,играч каков шо одамна сме немале...
Му прај доста простор на Дрогата и Фитило да можат да се кренат на шут...
А Фитило искористи неколку ситуации и еден на еден решаваше со финта со тело..
Почна да се делка малиот браво..
Е сега колку ќе успејме да го задржиме Николиќ е големо прашање,со оглед на нашата легендарна управа...
Со само 5 души го изигравме мечот,со 3 бека фуравме во напад цело време,без смена...ротација неаме ни за лек..
Колку фалат уште барем едно десно крило.за да можи Рајатоски да се врати кај шо треба на десен бек,не да дреми во ќош на крило,и
ГОЛМАН АЛООО ГОЛМАН....
Освен Коко шо влегваше во одбрана сите други играја нон-стоп,е не можи така,не сме пред 30 години да игра цело време иста постава.....
Нормално е шо падна екипата на крај,не можиш да играш цело време во ист ритам....
Чиста среќа шо немаше уште некоја минута иначе се можеше да биди....
За голманите наши шо да кажам..
Тој вториот голман шо влезе на средина на второ топка не фати кутриот,го избушија од кај стигнаја..
Првиот голман со зелените патичиња Хамел

,освен на почеток шо фати некја топка другои ништо,чат пат некој полесен удар...
Многу слаб е на удари од далечина,посебно тие шо одат горе,како да се плаши од топката и бега од неа,а и тие шо некако можеше да ги одбие си ги турна самиот в гол...

Се на се,ко со играч помалце да сме на голман..
Нека го земват ако мислат тој Црногорецот,не да дреми на трибина ко некој избркан.или нека го избркат,срамота е ова бе,цела полусезона да играме без голман...

Додуша не се криви децата,прерано се турнати во оган.....
Иначе околу резултатот,освен почетното водство од 2-0 Прилеп цело време бркаше наше водство,успеаја да се држат негде до првите 15 минути,се друго беше во знак на Пелистер....
Слабо издание на Прилеп,посебно на голманите во поголем дел од емчот,на крај фати некоја топка Менде,пред се зошто играа далеку поагресивно и ударите на играчите на Пелистер беа изнудени.
Освен играчот со број 24 се друго од бековската линија чорба,Бозаро чат пат мрдаше ама не се виде многу..
Ангеловски даде некој гол,ама појќе беше по вина на одбрана која ич не излегваше на бекојте,појќе го чуваја пикерот....
Цветковски,каде бе уште со овај?

Дали 180 има дечкото и пак даде некој гол...
Крилата слабо беа користени,посебно Козла,топка не фати кутриот хихи..
Освен некој пенал не ја ни фати топката...како да не го играја намерно...

Петковски даде убав гол од мртов агол,додуша нашиот голман бркаше муви...
Пикерот даде некој гол,не е лош Пецката,корисен играч....
Се на се слаб Прилеп,не е ни чудо шо имат толку порази...
Со ваква игра тешко плејоф,а иначе вака по имиња не се лоши....
Не беше лош меч,интересен,добри голој паднаја...
Посебно од бекојте на Пелистер,убедливо најдобар дел од тимот..
Нападот не ни е лош,ама одбраната леле леле..
Посебно шо неаме никој да смениме,а и тој шо го менваме(Коко) нема висина...
Не знам шо да речам,освен ЛАЈК за Николиќ,ДИСЛАЈК за Тројче и далаверите во клубот...
То е то..

Сеа да видиме со Дукла шо ќе биди...