Вие сериозно се испокаравте(или жестоко издебатиравте) околу мобилниот телефон на овој.
Во кратки црти еден одговор:
Има право да одземе мобилен телефон со тоа што мора веднаш да го предаде на педагог/директор/одговорно лице каде истиот ќе биде заведен во евиденција и заклучен во некој шкаф се додека твоите родители не дојдат да го подигнат од таму каде што и ќе се потпишат дека токму тие го земаат тој телефон.
Второ доста со приказни од типот на дедо ми на магарето кога јавал не имал мобилен или децата во Африка немаат што да јадат ,а не па мобилни да имаат, тоа е глупо екстремизирање на работите и гледање од перспектива што не е во допир со реалноста. Секој современ човек дури и за ден-два да биде отсечен од светот и да е во неможност да комуницира, не би знаел каде му е главата.
Трето со глупостите околу воспитанието на децата и невиновноста на професорите, јесте дека добар дел од учениците се неписмени кретени без трошка почит кон авторитетот, али ни партиски примените професори од кои само 20-30% се со соодветни квалификации, односно квалитети да бидат професори не се баш жртви. Знаете ли колку од нив немаат поим и не се ни малку стручни околу материјалот што го предаваат, незнаат како да организираат час и незнаат како да го задржат вниманието на децата(И ДА тоа е нивна должност како професори). Доста со изјави од типот ќотек, 21 век сме „демократско“ и капиталистичко општество, такви делузии моментално не се добредојдени во овој систем.
И четврто не си ги воспитувајте децата да бидат незнам што, вие погледнете се и видете како вие се однесувате, бидејки децата се огледало на родителите(сега звучам како некоја владина кампања), така да ако вие сте искомплексирани лигави незнам што, има голема шанса и децата да ве наследат.
Толку од мене.