leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Најголемото криминално дувло во земјата не одобрува пари за малата Тамара.
МОЛК ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ТАМАРА ДИМОВСКА
НА ДЕСЕТ ГОДИШНАТА ТАМАРА И СЕ ЗАКАНУВА ТРАЕН ИНВАЛИДИТЕТ
Бидејќи лакрдијата од медиуми не објавува ништо од оваа сторија да ја споделиме оваа вест се со цел да се зголеми притисокот кон криминалците.
Еве го повикот од родителите
http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-tamara-dimovska/
Кај ќе ви оди душата само незнам.
МОЛК ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ТАМАРА ДИМОВСКА
-
Молк од институциите по објавувањето на сторијата за 10 годишната Тамара Димовска, на која и се заканува траен инвалидитет. Од Фондот за здравство каде се води постапката за одобрување пари за лекување во странство не сакаат да ја коментираат негативната одлука на Второстепената комисија. Ниту од кабинетот на министерот за здравство Никола Тодоров не одговорија дали во земјава може да се изврши сложената операција и каде. На Тамара не и се одобрени пари за лекување во хрватска со образложение дека операцијата може да се изврши на Клиницкиот центар во скопје. А токму од таму ниту еден лекар не се согласил да го оперира девојчето.
Поради тежината на деформитетот и специфичната тежина, предложената операција не може да се изведе на Клиниката за Трауматологија ниту на останатите специјалистички установи, се вели во конзилијарното мислење.
Според дел од докторите , вакви сложени операции би можеле да се извршат во земјава, но со помош на турски специјалисти со кои министерството договорило соработка. За таа намена Се очекува отворање и на нов ортопедски центар . Димовски пак не веруваат на тврдењата и велат дека државата си поигрува со нивното дете на кое му е потребна итна операција и кое не може да чека на реализација на проектите.
Една година помина откако металната шипка која беше прикачена за рбетот на ова девојче ја острани доктор од Хрватска. Таа ја одржуваше исправена, но стана прекуса за нејзината висина и правеше дополнителни проблеми. Сега Димовски немаат 30 илјади евра за нова операција и стравуваат дека Тамара ќе остане инвалид, засекогаш.
Билјана Николовска
13.11.2014
НА ДЕСЕТ ГОДИШНАТА ТАМАРА И СЕ ЗАКАНУВА ТРАЕН ИНВАЛИДИТЕТ
-
Рбетот на десет годишната Тамара Димовска од Велес се повеќе се искривува па има уште малку време за да не остане инвалид засекогаш. Една година помина откако металната шипка која беше прикачена за рбетот на ова девојче ја острани доктор од хрватска. Ја одржуваше исправена но стана прекуса за нејзината висина и правеше дополнителни проблеми. Но од тогаш се искриви двојно повеќе. Шест неделниот третман за исправување истегнување и корекција на пршлените во хрватска чини триесет илјади евра додека Турција или Америка повеќе од 100 илјади. Димовски пари за ова немаат, но велат повеќе не можат да издржат како секојдневни сведоци на маките на нивната ќерка. Таа веќе е за 50 сантиметри пониска од нормалното, внатрешните органи и се натиснати, а најголема е опасноста кај срцето и белите дробови.
Димовски побарале фондот за здравство да ги покрие трошоците за лекување во странство, но ги одбил со образложение дека може да се оперира во земјава, на Ургентен. Родителите пак тврдат дека ниту еден доктор со кој контактирале не се нафатил оти освен стручност потребна е апаратура која ја нема во земјава. Тројца раководители на одделенија од Клинички центар веќе се потпишале дека операција тука не може да се изведе.
Фондот ги покри трошоците запрвата операција, но сега не одобрува пари за продолжување на лекувањето во странство. Сега родителите молат уште еднаш да се разгледа нивниот случај и државата да помогне Тамара да не остане инвалид. Велат нивната борба ќе трае се додека не престане растењето на девојчето.
Билјана Николовска
11.11.2014
00:00
02:46
Бидејќи лакрдијата од медиуми не објавува ништо од оваа сторија да ја споделиме оваа вест се со цел да се зголеми притисокот кон криминалците.
Еве го повикот од родителите
http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-tamara-dimovska/
Кај ќе ви оди душата само незнам.