Шо се случува со Субрата Рој и Сахара груп?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Колку болна влада а уште поболен народ. Беда.
 
А што беше проблемот со земјиштето на МПЦ во Струга, таму требаше да се гради?

Или тоа не е земја на МПЦ, не следам баш, знам дека Владиката Тимотеј се бунеше, бајги на телевизија.

Љубаништа и Свети Наум.Земјиштето е на МПЦ, овие му го продаваа како државно на кловнов.
 
Да се надеваме дека еден ден се ќе дознаеме, чие било земјиштето, хотелот и бентлито, до тогаш ќе верува народот дека кловнов нешто купил кај нас, јас лично не верувам дека вложил нешто овдека, туку е само фигура позади која се прават матни зделки.
 
Врз основа на искуството со Сведмилк ќе носиме одлуки за други компании?
@dzonyb

Секогаш се прашувам зошто ве снемува на вакви теми. Не верувам дека ви се досадни. Па сакам да ве прашам што мислите сега? Оти барем еден коментар не оставите како мажи во стил погрешив во проценка или како можеше криминалецов да го бранам и ред други ствари. Зошто вие двајца барем во една тема не побарате одговорност политичка, морална било каква?
 
Совест и лична одговорност.
Езотерија и мистерија.
 
Љубаништа и Свети Наум.Земјиштето е на МПЦ, овие му го продаваа како државно на кловнов.
Да биде трагедијата поголема МПЦ го губи с
судскиот спор со државата околу спорното земјиште,и после некој ќе каже дека имаме независно судство......:facepalm:
Што се однесува околу Рој...и тие не креваат раце од инвестирање во МК...имале административни непремостиви бароери,но ќе продолжеле со своите инвестициски идеи ви Македонија.........
 
Од болдираното може да се заклучи дека судиите повеке се плашат од дп..е отколку од господ !
 
Од болдираното може да се заклучи дека судиите повеке се плашат од дп..е отколку од господ !
Неверници се и едните и друѓите...такада божјата казна ќе им биде испорачана на домашна адреса........
 
Што се однесува околу Рој...и тие не креваат раце од инвестирање во МК...имале административни непремостиви бароери,но ќе продолжеле со своите инвестициски идеи ви Македонија.........
Ако треба вработените во Сахара - Македонија ќе излезат по овчеполиските ниви со казми и лопати и ќе работаат
 
МПЦ го изгуби имотот на „Свети Наум“

Дебарско Кичевскиот архиереј г. Тимотеј го изгубил судскиот спор со државата за имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“ информираа од синодот на МПЦ. Г. Тимoтeј, кој е и портпарол на Синодот, присуствуваше на вчерашната седница, но ниту тој, ниту некој од останатите архиереји не сакаше да даде изјава за медиумите. Врвот на МПЦ одлучи за седницата да информира преку соопштение.

wew.jpg

- Особено внимание Синодот посвети и со жалење ја прими информацијата на надлежниот епархиски архиереј на Дебарско кичевската епархија г. Тимотеј за неговиот исход во судскиот спор пред Управниот суд во Скопје за процесот на експропријација на имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“, со што негативно ќе влијае на понатамошниот духовен раст на ова наше вековно светилиште, стои во соопштението.

Земјиштето кое припаѓаше на манастирот „Св Наум“ во Охрид првично требаше да му биде доделено на индискиот бизнисмен Субрата Рој кој требаше да гради туристички комплекси кои ги опишуваше како мал Лас Вегас. Но, по неговото затварање останува неизвесно на кого државата ќе му го додели ова земјиште, но во секој случај по пресудата на Управниот суд, црквата веќе нема никакво право на ова земјиште. На МПЦ и беа експроприрани околу 18 хектари, по цена од неколку евра за квадрат.
 
Некој од пријателите го имаше лајкнато линков на фб, па еве го од 26ти јануари 2013

http://geoavant.wordpress.com/2013/01/26/индијанополис/

Индиски милијардери (во некои new primitives делови на Р. Македонија познати како Индијанци) сакаат да инвестираат „стотици милиони евра“ во државава?

Од кај испадна таа инвестиција? Зарем некој од нив кликаше рандом места на google Earth и му се погоди Љубаништа во Охрид и си рече „е, овде ќе фрлам тон пари“?

Aj вака: кој би инвестирал милијарда долари без некои големи можности да ги врати? Кој инвестира милијарда евра во политички нестабилен регион? Во демографски уназаден регион? Во инфраструктурно унаказен регион? Во земја која нема логика да оди во ЕУ се додека не се сецесионира, во земја на која и се случува work/brain drain
 
Човек што сака да испере милијарди долари
 
Изгледа некоја машинерија конструирана да се лапне Љубаниште. Индијанецов како се чини беше само гориво за да се задвижи..машинеријата.;)
Добар трик , веројатно и го има во некој прирачник за дунстери.... How to doing business in a Boranija country издаден на Вол Стрит.
 
Индиецов отвори простор на најдобрата локација на охридско и во земјоделие. Ова мора да е од книгата 100 години империја на друга не ми текнува во моментов. Каков криминал пред очи ни се случува само слеп и глуп неможе да види.
 
Ехе премиерот го донесе у државава, со еден обичен google search можеш да видиш дека индијанецов е тежок криминалец а ова нашево го пречека ко император се сликаше со него, уште на гз да го истетовираше.
Тоа се ти кажува за ситуацијава у државава и како е водена. Ова да се десеше у било која нормална држава до сега ќе имаше оставка од премиерот/претседателот.
Обама да го начекаат у близина на некој тежок криминалец ќе пукне огромен скандал, а не па средби да прави со него.Ако ништо друго ради самиот медиумски притисок ќе си поднесе оставка.
Што нормално ние немаме медиуми. Имаме али се обоени црвено. Катастрофа со еден збор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom