Сакаш да кажеш дека човековата улога во светот се состои во тоа што е само една минорна и безначајна алка во вечното движење во природата, т.е. движењето на атомите кои откако неговото тело ќе се распадне ќе послужат како градивни единки на живата и неживата природа (камења, предмети, дрвја, животни, луѓе...)? И сè така без никаква цел до топлотната смрт на универзумот? Зарем не ти изгледа таквиот универзум апсурден?
Не се само природните закони. Во болдот не мислев на земјата како природа или планета, туку мислев како држава. Еве, мене лично не ми одговараат македонските закони, но морам да ги почитувам. На некој друг може нема да му одговараат шеријатските закони во муслиманските држави, на некој трет може нема да му одговарат законите на толпата (линчувања) во африканските и латиноамериканските држави, но мора да ги почитува.
Ти какви би сакал да ги створил? Дали можел Бог да ги создаде животните според Својот образ и подобие како што го створил човекот!? Нивната цел веројатно била човекот да не се чувствува осамено.
Зошто си толку разочаран од христијаните? Имаш ли некои негативни искуства за ваквата огорченост?[DOUBLEPOST=1415569364][/DOUBLEPOST]
Знаеш ли што зборуваш? Православното Христијанство нема секти. Католичкото, методистичкото и секакво друго христијанство не се секти на Православието туку се искривени (еретички) учења сведени само на ритуали и церемонии.
Православно на грчки се вика
ὀρθόδοξος (orthódoksos) , from
ὀρθός (orthós, “straight”) +
δόξα (dóksa,“opinion”). Значењето му е вистинско(правилно, исправно) сфаќање (мислење, мнение, расудување).
Православната Црква се вика
Ορθόδοξη Καθολική και Αποστολική Εκκλησία - Православна Соборна и Апостолска Црква.
Католичката Црква се вика
Ecclesia Catholica Romana - Римокатоличка Црква. Од
Апостолска нема ни
А. Ти се разјаснува ли пополека?
Дека ова што го зборувам не се празни зборови без покритие, еве ви докази:
http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=2944
http://pravoslavlje.spc.rs/broj/1032/tekst/sveti-oganj/print/lat
Спореди со Третата Книга Царства Глава 18:
22. И му рече Илија на народот: „Само јас останав пророк Господов, а Ваалови пророци има четиристотини и педесет души и четиристотини идолски пророци;
23. нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно теле, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ќе го приготвам другото теле и ќе го ставам врз дрва, и оган нема да потпалувам;
24. тогаш повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ќе го повикам името на Господа, мојот Бог.
Оној Бог, Кој ќе одговори преку оган, Он е Бог.” И сиот народ одговори и рече: „Добро, нека биде така!”
31. И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што се колената на синовите на Јакова, кому Господ му беше рекол вака: „Израил ќе биде твоето име.”
32. И изгради од тие камења жртвеник во името на Господа, а околу жртвеникот направи окоп, што собираше две мери зрна, за да се посеат,
33. и постави дрва врз жрвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата,
34. и рече: „Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!” И направија така. Потоа рече: „Повторете!” И тие повторија. Тогаш рече: „Направете го тоа по третпат.” И тие го направија и по третпат.
35. И водата се разлеа околу жртвеникот, а окопот се наполни со вода.
36. Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, извика кон небото и рече: „Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие луѓе, дека си Ти единствен Бог во Израилот, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив сè според Твоето слово.
37. Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ, дека Ти, Господи, си Бог и ти ќе го свртиш срцето нивно кон Себеси.”
38. И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата, што беше во окопот.
39. Кога го виде тоа, сиот народ падна ничкум и рече: „Господ е Бог, Господ е Бог!”
Сега јасно ли ти е
зашто Источната Православна Црква е Новиот Израилот и зашто нејзините верници се избраниот народ божји?