Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Сакаш да кажеш дека човековата улога во светот се состои во тоа што е само една минорна и безначајна алка во вечното движење во природата, т.е. движењето на атомите кои откако неговото тело ќе се распадне ќе послужат како градивни единки на живата и неживата природа (камења, предмети, дрвја, животни, луѓе...)? И сè така без никаква цел до топлотната смрт на универзумот? Зарем не ти изгледа таквиот универзум апсурден?

Не се само природните закони. Во болдот не мислев на земјата како природа или планета, туку мислев како држава. Еве, мене лично не ми одговараат македонските закони, но морам да ги почитувам. На некој друг може нема да му одговараат шеријатските закони во муслиманските држави, на некој трет може нема да му одговарат законите на толпата (линчувања) во африканските и латиноамериканските држави, но мора да ги почитува.

Ти какви би сакал да ги створил? Дали можел Бог да ги создаде животните според Својот образ и подобие како што го створил човекот!? Нивната цел веројатно била човекот да не се чувствува осамено.

Зошто си толку разочаран од христијаните? Имаш ли некои негативни искуства за ваквата огорченост?[DOUBLEPOST=1415569364][/DOUBLEPOST]

Знаеш ли што зборуваш? Православното Христијанство нема секти. Католичкото, методистичкото и секакво друго христијанство не се секти на Православието туку се искривени (еретички) учења сведени само на ритуали и церемонии.

Православно на грчки се вика ὀρθόδοξος (orthódoksos) , from ὀρθός (orthós, “straight”) + δόξα (dóksa,“opinion”). Значењето му е вистинско(правилно, исправно) сфаќање (мислење, мнение, расудување).

Православната Црква се вика Ορθόδοξη Καθολική και Αποστολική Εκκλησία - Православна Соборна и Апостолска Црква.

Католичката Црква се вика Ecclesia Catholica Romana - Римокатоличка Црква. Од Апостолска нема ни А. Ти се разјаснува ли пополека?

Дека ова што го зборувам не се празни зборови без покритие, еве ви докази:

http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=2944
http://pravoslavlje.spc.rs/broj/1032/tekst/sveti-oganj/print/lat

Спореди со Третата Книга Царства Глава 18:

22. И му рече Илија на народот: „Само јас останав пророк Господов, а Ваалови пророци има четиристотини и педесет души и четиристотини идолски пророци;
23. нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно теле, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ќе го приготвам другото теле и ќе го ставам врз дрва, и оган нема да потпалувам;
24. тогаш повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ќе го повикам името на Господа, мојот Бог. Оној Бог, Кој ќе одговори преку оган, Он е Бог.” И сиот народ одговори и рече: „Добро, нека биде така!”

31. И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што се колената на синовите на Јакова, кому Господ му беше рекол вака: „Израил ќе биде твоето име.”
32. И изгради од тие камења жртвеник во името на Господа, а околу жртвеникот направи окоп, што собираше две мери зрна, за да се посеат,
33. и постави дрва врз жрвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата,
34. и рече: „Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!” И направија така. Потоа рече: „Повторете!” И тие повторија. Тогаш рече: „Направете го тоа по третпат.” И тие го направија и по третпат.
35. И водата се разлеа околу жртвеникот, а окопот се наполни со вода.
36. Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, извика кон небото и рече: „Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие луѓе, дека си Ти единствен Бог во Израилот, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив сè според Твоето слово.
37. Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ, дека Ти, Господи, си Бог и ти ќе го свртиш срцето нивно кон Себеси.”
38. И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата, што беше во окопот.
39. Кога го виде тоа, сиот народ падна ничкум и рече: „Господ е Бог, Господ е Бог!”

Сега јасно ли ти е зашто Источната Православна Црква е Новиот Израилот и зашто нејзините верници се избраниот народ божји?
Која е таа Црква,јас триесет и кусур години ја барам.Во која црква Бог ги слуша молитвите,каде тоа свештениците живеат скромно како пророкот Илија,постат и живеат во пустина како Свети Јован Крстителот.Каде тоа свештениците се молат за сиромашните,им даваат храна и облека,ги изцелуваат нивните болести.Каде е тоа,која е таа земја,дали е на оваа планета,или ми кажуваш ти за Утопија?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.973
Поени од реакции
8.510

Мислам дека си побркал свештеници и монаси.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Мислам дека си побркал свештеници и монаси.
Голем грев сум направил,сега Господ како ли ќе ми прости што сум ги помешал нив.Да сум помешал оџи со попови,да сум помешал будисти,хиндуисти во ред,ама сум ги помешал свештеници и монаси кои и двајцата припаѓаат на истата света вселенска непогрешлива вечна православна црква.Кој од двајцата прави повеќе гревови,свештеникот или монахот?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Знам што пишувам - тебе не ти чини напишаното па затоа ме заморуваш.
Ај да видиме колку знаеш што зборуваш
Грешиш во врска со мојот став за христијанството.
Не го оцрнувам христијанството
Но, пријателе - христијанството го нема.
Се лажеш дека христијанството не е разорено. Се јаде како рак од внатре. Зарем не забележуваш?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Работата е што ти на реалноста гледаш како на навреда. Вистината многумина ја доживуваат како навреда.
Во ред е штом сакаш да се намесиш, и да му помогнеш на твојот пријтел. Но прво треба да видиш дали некаде сум напишал навреда, или туку само ги зедов неговите зборови и го разобличив неговато лицемерие. Воопшто не станува збор дали е вистина или не, за мене е јасно дека тоа е клевета и оцрнување потикнато од омразата. Станува збор за неговата амбиваленција,лицемерие и пред се за омразата кон христијаните.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Кое лицемерие? Каде виде лицемерие? Објасни ми.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Или се правиш наудрен или просто бараш повод за контрање.
Сепак, види во постот/репликата погоре.
Некој се прави наудрен, ама не сум јас. Негледам никакво лицемерие. Тоа што го напишал @Хептаграм XI е реалноста. Зарем не се јаде христијанството одвнатре? Зареме не е поделено на илјадници фракции? Зарем не се 99% од христијаните само декларативни "верници" и традиционалисти? Зарем не се храмовите полни само за панаѓури?
Тоа е вистината, тоа не е ничие оцрнување, ти вистината ја сметаш за оцрнување.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Некој се правио наудрен, ама не сум јас. Негледам никакво лицемерие. Тоа што го напишал @Хептаграм XI е реалноста. Зарем не се јаде христијанството одвнатре? Зареме не е поделено на илјадници фракции? Зарем не се 99% од христијаните само декларативни "верници" и традиционалисти? Зарем не се храмовите полни само за панаѓури?
Тоа е вистината, тоа не е ничие оцрнување, ти вистината ја сметаш за оцрнување.
Ете гледаш и ти не издржа, го оцрни и ја покажа омразата, а за да биде оцрнувањето лицемерно го нарече вистина.А колку повеќе богоборците го клеветите христијанството толку повеќе сведочите за неговата Боговдахновеност.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ете гледаш и ти не издржа, го оцрни и ја покажа омразата, а за да биде оцрнувањето лицемерно го нарече вистина.А колку повеќе богоборците го клеветите христијанството толку повеќе сведочите за неговата Боговдахновеност.
А што е клевета во мојот пост?! Која омраза? Кое лицемерие? Кажав ли нешто кое не е вистина?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.973
Поени од реакции
8.510
А што е клевета во мојот пост?! Која омраза? Кое лицемерие? Кажав ли нешто кое не е вистина?
Не можеш да знаеш што е вистина.
Вистината е субјективна категорија. Што од долнава слика е вистина?
Како се движи топката? Дали е вистина дека се движи само горе-долу или е вистина дека се движи горе-долу, но истовремено и нанапред?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не можеш да знаеш што е вистина.
Вистината е субјективна категорија. Што од долнава слика е вистина?
Како се движи топката? Дали е вистина дека се движи само горе-долу или е вистина дека се движи горе-долу, но истовремено и нанапред?

Фаќање за сламка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom