Западот знае да те измени! Многупати среќавам луѓе што сонуваат за некој подобар живот, за пари,ама зад секој сон стои одредена цена. Се оттуѓуваш од своето, во трката за пари, и да овозможиш подобар свет. Многу луѓе не сфаќаат дека каде и да одиш никогаш нема да си словенец, германец, италјан, секогаш ќе си останеш туѓинец.
Конкретно за Словенија, словенците имаат аверзија кон луѓето од бившите ју простори, затоа што за нив сме паметни и знаеме да се снајдеме, и работиме за 600 евра, додека дотичните не се задоволуваат со 1000 евра...ние знаеме да живееме со толку пари, месец за месец, а тие не, и ствара кај нив одбивност и љубомора.
Децата, ајде ќе ги гледаш додека не одат во пубертет, но кога ќе влетаат полни со хормони во светот на словенските тинејџери, тешко нив! Гледам јас што се случува низ словенските улици, и искрено ми се повраќа. Остајте тие муабети воспитување и слично, дете во пубертет не слуша ни мајка, ни татко! Македонската средина донекаде е поздрава во тој поглед.
Сум сонувала и јас за некој подобар свет, ама си ја лупнав главата доле, не вреди да се оштетам себеси за пари, преголема е цената да се откажам од своето, па да останам таму во белиот свет, сама како некое пукало, и после кучи посао, посао кучи.
Тоа ми беше муабетот, сепак мое лично убедување е ова, не силам ништо, ама сакам да кажам дека не е се така мед и млеко таму.