Какви се тајни сте криеле од родителите ?

Во текот на детството и во пубертетот ги немам излажано за ништо.Општо земено,почнав да лажам(нели,понекогаш) кога сфатив дека на луѓето не им значи толку искреноста колку што ќе речат дека им значи.
 
Сподели некоја со нас и ние да се насмееме, и така тука се е анонимно. Нема да те препознат твоите. :D
Криел од неговите дека умрел, појди кажи му.
 
Nema so neam krieno :) ziveev besno i imav mn laden odnos so tatko mi a poblizok bev so majka mi, alal da im e sho imat pretrpeno mene i da znajte od site sranja so gi praev i pretrpev jedino roditel nikad nema da te ostavi na cedilo.
 
Јас и онака не сум зборувал многу со нив, до 7-8одд. што беше, беше, сега ништо не им кажувам, освен ако не ме прашаат нешто.
 
Јас криев многу работи ама потоа сам и ги кажував. Не можам да чувам тајни од мајка ми. Она е како полицаец ако сама дознае за нешто има цел ден да ме испрашува. :icon_mrgr:
 
Не кажувам за мене, али ќе кажам за еден случај од мое маало.
Многу одамна, еден беше на работна акција (Босна). Јавија дека погинал. Потврдија. Им кажаа кога ќе дојде ковчегот за пречек нели.
У меѓу времену си дојде дома и ги глеа овие уплакани и утепани од негова фамилија, со апчиња за смирување.
Не праел фантазмагорична шега, нити било што слично.
Никад не кажа што било работата.
Можда evil twin from another dimension, кој ќе го знае.
 
Криев закопани врапчиња во двор. Незнам зш, тогаш бев мал, дебел и будал. Немам кријано ништо, добро освен печес ѓурултии и врапчињава, во реалноста сите лајна шо сум ги јал излегвале на виделина. Ме предаваја душнаните на моите дома.
 
Криеле кецови, некој и тројки :facepalm:

Прво што ми текна, криев дека крадевме (вадевме) знакчиња од коливе по паркинзиве. Колку само сме заслужиле некој од сопствениците да не фати и да не згази од тепање, јбг 5-то, 6-то одделение памет. Мада на неколку пати ги палевме патиките да избегнеме ќотек. Интересно, не ги крадевме за да ги продаваме, туку чисто онака за колекција, омилен ми беше од Алфа Ромео. Кратко траеше криминалов кога не виде еден комшија од зграда, па тука очекував дека ќе го изедам од татко ми за сите знакчиња, чудно е што се' помина со маратонски разговор и нормално, цела ќеса знакчиња фрлена во контејнер... успеав од Алфа знакот да го задржам, го имам ден денес :sneaky:

Криев, дека дигнав 500 денари од татко ми од џеб, будалиот цела плата ја ставил во 500тки туце, па потешко беше да примети дека е олеснет. Тоа го направив пак, па како по обичај се што претеруваш ќе биде откриено кога-тогаш и бидна. Парите ги трошев за да наполнам албум од Формула 1.

Криев дека се бацив со девојче во уста (ќерка на комшиите најблиски) кога бевме второ одд. Она беше година дена постара :cool: Е ова не го открија.

Има уште бајаги, за повеќето работи дознале отпосле, нешто не. Еве сега кријам дека го имам знакот од Алфата :rolleyes:
 
Криев кога паѓав, за да не ме караат дека пак сум се утепала, али обично се приметуваше, зошто клемпаво си бев и колена, лактови, дланки, тоа се ми беше лом.
На мајка ми и заебав 3-4 ѓердани, ги исеков и си ги собрав тие циркончињата, зашто со другарка ми бевме во фаза на експериментирање со правење накит. Тоа не беше баш паметно од моја страна, а мајка ми кога ми ги најде после некој ден срце ја фати.
И ја исеков на баба ми завесата до пола, од долга стана средна должина, а бидејќи брат ми беше во тие -неам поим што правам- години, он беше виновниот. :sneaky:

И ред други глупости, меѓутоа во глобала се сум им рецитирала кога ми тежело нешто на душа. :D
 
секакви тајни од бељи и глупости во детството до има и по некоја мрачна тајна што не смее да сподели ни под разно :cenzura:
 
Не го кријав кецот по математика, ама кријав дека во петка го препрајв.
 
Се праев дека спијам од 2 до 4 за да ми дадат пари за флипери, а уствари лежев буден и размислував за поентата на универзумот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom