Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
@Tranquilis Дали ќе ми прават проблеми ако ранецот за голем кабински багаж наместо 56 цм е пример 58, но ќе го собере во металната конструкција ако се стисне малку?
 
@Tranquilis Дали ќе ми прават проблеми ако ранецот за голем кабински багаж наместо 56 цм е пример 58, но ќе го собере во металната конструкција ако се стисне малку?

Ако можеш да го стиснеш колку да влезе во рамката не е проблем.
 
Ако можеш да го стиснеш колку да влезе во рамката не е проблем.
А на другиот аеродром од каде ќе се враќа може и да му наплатат солена цена за нечекиран багаж што мора да иде во карго... Како што лично сум видел да се случи (багаж кој „влегува„ во калапот со стискање, ама да се наплати „казна„).

Ако го чарџаат Ти ќе му ја платиш казната? ;)
(пошто овака го советуваш)
 
Глупо е да ти се спуштам на ниво и да се објаснувам дали ја/ти/Господ ќе му/и ја плати казната, така да поштено ќе го рипнам тој дел

Поентата е дека ако багажот кој не е чекиран е спакуван во торба која што се витка/стиска т.е. не е тврда (мал цврст куфер), може и воопшто да не ти бараат да го пикаш во „калапот“. Од искуство зборам, 10ина пати сигурно.

Имам торба со димензии 64 X 34 X 23цм што е мека т.е. се стиска и секогаш крца... и ми проаѓа ко бесплатен багаж БЕЗ ПРОБЛЕМ.

Линк од торбата:
http://t-mobile.mk/public/podaroci-detali.nspx?phoneid=13511
 
Не знам зошто сметаш дека се расправаме. Ова е размена на искуства, јас ти верувам дека не си имал проблеми со 12см поголема торба.
Всушност сум видел луѓе со цели куфери како ги качуваат во кабинскиот дел од авионот без да им направат проблем.

Ама сум видел и луѓе за пар сантиметри преголема торба како им наплаќаат казнена сума за нечекиран багаж. Значи лично имам видено со мои очи директно пред мене како се има случено тоа на повеќе луѓе наеднаш.

Така да секој за себе ќе си одлучи дали да ризикува или не. За тие 2см скоро сигурно нема да направат проблем (посебно пошто прашувачот веќе платил за голем кабински багаж)... ама потенцирам дека казнување може да се случи, и понекогаш се случува.
Затоа мој совет (и пракса) е багажот да биде на лимитот или под него. Едноставно за мене не вреди ризикот (и потењето пред секој боардинг) за пар милилитри волуменски простор. Ако за некој друг вреди да ризикува, тоа е негова одлука... но неодговрно е да му се каже дека сигурно нема да го казнат.
 
^Убаво кажано.

Јас пак имам летови наскоро и воопшто не се размислувам т.е. со сигурност како бесплатен багаж ја носам горенаведената торба.

Ако ми кажат да ја пикнам во „калапот“ ќе ја пикнам без проблем, така што не гледам причина зошто да ми земат плус пари кога торбаат влегува во просторот предвиден за тоа. Ќе се водам по мојата теорија се додека „не го јадам“ (ако воопшто го јадам) :)
 
Си игра улога и тоа дали си ја наполнил торбата или е лабаво полна, тогаш ќе влезе лесно. Мислам ако не се работи за тврдо куферче, за таквите иначе и за тркалата ако се надвор од лимитот знаат да казнуваат. ;)
 
Имаш од Скопје до Лондон Лутон со Визер а од таму имаш еден куп компании што летаат до Белфаст
За оваа опција ти треба транзит виза!
Баш пред 10 дена вратија една моја пријателка, иако ја убедував дека и треба виза, не ме послуша.
 
Во случај да не го искористиш билетот и сакаш да го презакажеш веќе платениот лет за неколку дена, враќаат пари или ќе мораш одново да си купиш карта?
 
@Agda Beata kолку што знам од тоа што читав пред некој месец, во тој случај се губи билетот.
Има некои опции за презакажување, ама мислам дека поскапо излегува тоа отколку едноставно да купиш нов билет. Има и некоја опција да се одбере при купувањето на билетот (и кошта плус пари), со што после се има флексибилност во презакажување на летот.

Практично кажано, во сегашнава твоја состојба или ќе леташ тогаш кога е билетот или го губиш...
 
ај ако може некој дами објасне како да ја испечатам картата од визер значи имам код има уште 10 дена од летото значи може да се испшати само нз каде се оди во тоа резервации или како беше ?
 
@Agda Beata kолку што знам од тоа што читав пред некој месец, во тој случај се губи билетот.
Има некои опции за презакажување, ама мислам дека поскапо излегува тоа отколку едноставно да купиш нов билет. Има и некоја опција да се одбере при купувањето на билетот (и кошта плус пари), со што после се има флексибилност во презакажување на летот.

Практично кажано, во сегашнава твоја состојба или ќе леташ тогаш кога е билетот или го губиш...

Фала!
Веќе ја презакажав. Презакажувањето кошташе 40 евра, плус билетот(ова не укапирав како го рачунаат), па ми излезе горе-долу колку што кошташе билетот.
 
Едно прашање.На 11 јануар треба да летам,незнам дали Виз даали АирАустриа ама да си се информирам.Колку кутии цигари смеам да носам во торбата? Некој ми викаат штека,некој две.
 
Едно прашање.На 11 јануар треба да летам,незнам дали Виз даали АирАустриа ама да си се информирам.Колку кутии цигари смеам да носам во торбата? Некој ми викаат штека,некој две.
Една штека...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom