Претешко е тоа прашање за тебе...
Ај вака.
Ако до атеистите поставам прашање од верска природа, од атеистите нема да добијам одговор, оти тија, нели, не веруваат дека Бог постои.
Ако до атеистите поставам прашање од овосветовна природа, тоа прашање со леснотија ќе биде квалификувано како прашање кое треба да биде поставено на некоја поттема од форумов, која опфаќа научни теми.
И сега, каккви прашања треба да им се постават на атеистите, со надеж дека ќе бидат одговорени?
Буквално исти ко на религиозните, прашања поврзани со религија и други аспекти од животот некако тесно/широко поврзани со атеизмот.. Прашањето не мора да биде ориентирано околу тоа дали веруваат у одредена религиозна работа, туку како оправдуваат одредени „чуда“, не знам, дали се спиритуални, дали тоа е во комбинација со нивен поглед на животот, можете да прашувате секакви прашања, како они веруваат дека настанал животот/светот како прашање е ок поставено еднаш, не 100 пати во различни форми, све што некако би било поврзано со атеизмот, а не со омилен рецепт за колачи.
Е сеа, само затоа што можеш да ги прашуваш онтолошки прашања и за тоа како веруваат дека настанал универзумот, не можеш да прашаш атеист прашања кои очигледно бараат поголема експертиза у стилот на „Опиши ми го процесот на супернова и која е разликата помеѓу создавање на атоми по пат на фузија/физија на површина на ѕвезда и создавање на атоми по пат на супернова...“ не, тоа бара експертиза и е рамно на тоа да те прашувам за атомски состав на првите камења кои ги создал Бог.
У реду се сите прашања кои се општи за тоа во што веруваат атеистите, дали веруваат во нешто, дали можат да објаснат Х религиозна ствар, не знам дали веруваат у духови и све што навистина би те правело љубопитен за атеистите, а потоа да се задоволиш со одговорот.
Што е муабетот е дека вие не прашувате (и атеистите и вие) прашања пошто стварно сакате да дознаете нешто, туку за да иницирате дебата и да се спуштите еден со друг, од тука доаѓа проблемот. А имате таква тема, нема потреба да се ловите по секоја тема.
Мислам не е забрането да поставуваш прашање (еднаш) кое е контраверзно, не знам, веруваш дека ќе ги збуни атеистите, али чисто онака од некоја морално културна перспектива, би било боље да дебатираш такви ствари у тема за дебатирање, а оваа да биде баш ако си љубопитен и сакаш да знаеш нешто.