Стротман во недела ќе биде приклучен во Примавера тимот за калчолигашки дуел
Очекувајте го за две недели да дебитира во новата сезона
. Колку само ни фали тој и Кастан, тие двајца не го прават тимот поцврст, лани кога го немаше Бенатија, Кастан потврди дека може да биде лидер во одбрана и дека не игра добро само ради присуството на Бенатија, многу ни фали, едвај чекам да ги видам заедно со Манолас, одбраната тогаш ни била многу поцврста, но за жал ете и неговата повреда стана историја
Без разлика каков ќе биде резултатот утре, очекувам после репрезентативните паузи враќање на Стротман, Кастан и Мајкон, па конечно да се комплетираме и консолидираме .. а веќе на зимо сакам да го видам Дармиан во нашите редови, тенки сме бековските позиции, а Дармиан може да игра и лево и десно. Со Торосидис да се збогуваме на лето, а исто така да се направи чиста и на левата страна,но на зимо не бива бидејќи имаме моментално 4-ца на таа позиција(Балза,Холебас,Кол и Емануелсон) и тешко дека ќе има време да се решиме со 2-ца а притоа и да купиме еден, нема време за такво нешто, а и изборот е мал(тешко кој ти дава играч на сред сезона).
Не ми се допаѓа што Гарсија е малку тврдоглав, многу е самоуверен и во себе и во своите играчи, но треба да биде малку повеќе флексибилен кога тимот има многу повредени играчи или кога игра против силни противници. На пресот денешен кажа дека Рома нема да мења ниту формација, нути тактика, ниту филозофија иако Баерн не растуриа, а притоа голем дел од главните играчи ни се повредени, се плашев дека од вакво нешто, а утре впрочем ќе видиме дали врееди да се биде флексибилен или да не се одстапува од она што се игра без разлика на околностите.