За да ја “биде“ една држава, мора во еден одреден период (најдобро и најчесто во почетокот) да владее во неа диктатор, монарх - со други зборови “цврста рака“.
Значи според чичко Аристотел, парафразирам; прва етапа е родовско уредување а Ари почнува од следната фаза т.е. аристократија/олигархија па следува тиранија (tyrannos потекнува од исток и значи владетел но еве тогаш па и сега е синоним за диктатура, апсолутизам) па потоа следи демократија. Имено кога тиранинот ќе дојде на власт (преку легитимен или нелегитимен пат; преку револуциа или државен удар) прво ќе се соочи со политичките опоненти (аристократите/олигарсите) на најсуров начин (одземање на имот и елиминирање во бувална смисла) и ја превзема власта го поделува одземениот имот на војската или приврзаниците и народната маса која му помогнала да дојде на власт поради лојалност (мислам vemerooou!) а потоа има апсолутна власт и нема одреден временски период т.е. бесконечно то ест то ест до смрт.
Ари пишува одамна иако таквите системи постоеле и пред него (и тоа во наша непосредна близина) а бога ми и до ден денешен.
Според многуте теоретичари тиранијата влијае позитивно бидејќи власта од аристократијата/олигарсите кои се помала група на луѓе ќе падне во рацете на еден човек кој кад тад, дали преку револуција и државен удар или смрт ќе падне во рацете на нов систем кој веројатно ќе биде демократски.
Другата позитивна страна е што проблемите кои веќе постоеле за време на или се појавиле за време на тие системи на некој начин делумно се решаваат (значи сум зборувал; имаме проблем, се наоѓа решение = револуција, прогрес) во поглед на граѓанските права или воопшто човековите права т.е. општественото уредување (бидејќи граѓански права немал секој зависно од период) поради притисокот и нестабилноста (внатрешна, често политичка) која ја создавала народната маса, тогаш слободни граѓани земјоделци и занаетчии, денес средната класа.
Познати ни се многу законици, пишани документи од областа на правото. Интересни се ликовите како Дракон (Хелен) и неговите реформи а посебно бруталните казни (од овде е поимот Драконски казни), реформите на Солон, Клистен, браќата Грах итн се до индустриската револуција кога работите се менуваат за 300 степени...
Го должам многу, накратко; правото и општественото уредување се тесно поврзани.
Тоа е мерилото или индикаторот на кое ниво е нашето или било кое општество.
Кои се нашите граѓаниски, работнички или опширно човекови права, такво ќе биде нашето општествено уредување.
п.р. Во антички Рим и Хелада за долг си одил во робство. (со тек на време тоа правило се укинува)
Денес не се оди во робство, не се купува лојалност?
Врти сучи ништо се нема сменето. ОК во одреден период да но за тоа ни требаше глобална дестабилизациа (WW2)[DOUBLEPOST=1415316860][/DOUBLEPOST]
Всушност, “демократија“ е само празна флоскула за заглупување на рајата да се носи со илузија дека и таа има некаква власт и моќ на одлучување, а всушност демократијата е само инструмент за полесно владеење со една држава од страна на надворешни влади и светски центри на моќ.
Демократија, онаква како што денес ја подразбираме никаде не постои, и никогаш не постоела во историјата. “Елинската демократија“ е само еден мит и приказна за мали деца. Каква е таа демократија во робовладетелско општество? И во општества каде жената на пример, нема право на глас? Античката демократија е само еден меѓусебен гангстерски договор на тогашните моќници за меѓусебна распределба на власта за да нема кавги и расправии МЕЃУ НИВ. За народот - ич не им било гајле...
Demos = народ
kratea = власт
Значи власт на народот.
Накратко; демократијата (според Аристотел) е правото на глас, правото на слобода на говор, правото на секој да бира секого и правото на владеење на секого кој ќе биде биран од секако без разлика на gens (т.е. потеклото и социјалниот статус не е битен).
Делумно постоела, некогаш. (некои слоеви имале право да учествуваат во законодавната и управната власт, пред тоа целата власт била во рацете на аристократите а пред нив во нај јаките родови/племиња).
Сега постои целосно, друго е кој бираме ние, трето е што не си ги знаеме правата, четврто е што сме ботови... може до 6 милијарди причини да набројувам. Секоја лејка си е посебна сторија.
Денеска не се родови/пламиња туку се општествени елити кои не познаваат граници.
Дали е нешто сменето? Јок.
Контрадикторно е; од една страна го имаме правото на учество при распределбата и поседување на власт но од друга страна културно сме сјебани преку банките, законите и социјалниот инженеринг.
Мрсно ко заплетен рибарски конец.
п.с очекувајте расј оф д комуњист кога роботите ќе ја превземат целата работна сила.[DOUBLEPOST=1415317916][/DOUBLEPOST]
А социјализмот (како преодна фаза до комунизмот) едноставно мораше да прави компромис со природните закони и затоа не успеа многу долго да опстане. Убава е замислата и идеата но во пракса тешко спроведлива, затоа што природата си има свој тек и свои правила кои со никој систем не можеш да ги промениш, ниту корегираш. Можеш само донекаде да ги ублажиш, или со сила на одреден период потиснеш. Било која држава конструирана врз теорија (било да е социјалистичка, национал-социјалистичка, комунистичка и сл.), или религија - не опстанува вечно, кога да е природата “ќе си дојде по своето“ и ќе се воспостави природниот тек на работите...
Токму така, природата си има свој тек и правила (а да не звучам ко заостанат комуњар ама ќе звучам) таа си тера кон комунизмот.
на п.р. како би се однесувала една заедница или помала гурпа на луѓе за време на некоја незгода (п.р. дупната гума на автобус СК - ПП), природна катастрофа, војна или неко вид на пост апокалиптично општество?
Колективно дејствување или договор...
Комуњистички карактеристики ќе има и тоа бајаги, назад кон корените јбг
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)