- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ
филм на Раде Шербеџија
Facebook
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=728EAB0B4777D44A871D0A2A1A0FE7A2
http://sitel.com.mk/galerija-veles-okupiran-padna-prvata-klapa-od-filmot-osloboduvanje-na-skopje
Екипата на филмот реши првата клапа да му ја посвети на неодамна починатиот колега, филмскиот работник Ѓорѓи Ѓорѓиевски-Џокер. Според Шербеџија, „Ослободување на Скопје“ е една од најубаво напишаните драми во поранешна Југославија, со која имале голем успех во сите бивши републики и долго сонувал од неа да направи филм.
Петар Мирчевски ќе го игра Агент Господинов, Раде Шербеџија е Ѓоргија, а тука е и српскиот актер Небојша Глоговац во улогата на Душан. Во останатите улоги се и двајца фински актери, Мико Ноусианен и Јари Вирман, како и Дејан Лилиќ, Денис Абдула и Аксел Мехмед. Продуценти, покрај Насков, се и Горјан Тозија и Владимир Анастасов, како и Игор Нола од Хрватска, а како копродуценти се јавуваат Данило Шербеџија од Хрватска и Арто Халонен од Финска. Директор на фотографија е Дејан Димески, дизајнер на продукција Иван Бартлинг, дизајнер на костими Жељка Франуловиќ од Хрватска, а композитори се Влатко Стефановски и Туомас Кантелинен.
Шербеџија и ќе игра во филмот (Ѓорѓија), заедно со Силвија Стојановска (Ленче), нивна повторно соработка од 1993 г., кога заедно играа во „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Главниот лик (Зоран) ќе го игра 10-годишниот Давид Тодосовски. Во екипата се и ќерката и синот на Шербеџија - Луција и Данило - таа во улога на Лица, тој како копродуцент. Најголем број актери се македонски, а играат и актери од Хрватска, Финска, Србија и од Бугарија.
Продукцијата „Партизанс“ соопшти дека во Велес и околината ќе снимаат една недела, четири недели во Битола, а снимањето според планот да заврши на 19 декември во Скопје. Премиерата е најавена есента 2015.