Какви се тајни сте криеле од родителите ?

коа паднав од мотор иако имав положено а за кецови секојдневие :)
 
Вешто си ги криев цигарите у ташна. од 7 -мо одделение до 2-ра година ич никад не ме осетиа. Потоа саксијата со марихуана на прозор, коа ќе се сетам сега умирам од смеење... Дечкото,немаше никој дома и јас ај си реков ќе го поканам, едно доаѓање татко ми, останав ваква o_O И го пикнав у шифоњер додека си замине тато. Потоа за манијакот од средно, ден денеска никој не знае.
Ме следеше секој ден, бегав ко улава, на крај се откажав и не ни одев во школо некој период, им однесов само оправдање и готово,а дома коа ќе ме прашаа им викав дека не ми е арно. Има доста:unsure:

Нели беше инвалид ти? Или се лажам?
 
Тројката по математика во 3 одделение... ја пикнав во шише што стоеше како декор на сталажите, а татко ми пред 5 години кога реновиравме го зема шишето и пред да наполни ракија ѕирнал внатре и некако го извадил ливчето и видел 3 ка, па бидејќи пред 5 години брат ми беше 3 одделение се изнервира татко ми и брат ми си го изеде ќотекот. Нормално, кога дознав јас му кажав па му се извинуваше долго време...
 
Нели беше инвалид ти? Или се лажам?
Ептен ти фала што си ме потсетил. Да, сега имам 22 години а собраќајката ја доживеав на 18 год. ;) До 18 години си живеев и функционирав најнормално.
 
Имам заборавено што све имам криено и ги имам лажено, зошто стварно има многу. И тоа све зошто моите биле многу строги и многу сум им се плашел.
 
Дека пушам цигари,ама не за долго ме открија истиот ден.
 
јас сум криел за тоа кој ги урна кулите близначки.... освен тоа ништо друго не сум криел секогаш ми викаа кажи што правиш што се дешава за ништо нема да те караме ако не е претерано и освен играње спортцка други лоши работи и не зафатив ама фала богу ни спортцка не играв више .. ептен ретко. Така да болји е кога знаат се ;)
 
Го криев легендарниот кец по географија, коа ме праша наставникот што е комета?
У позадина слушам нешо шепкаат (небесно тело)..Му викам комета е многу бесно тело.. и така јадев еден многу бесен кец, што ако дознаеа моите дома ќе јадев еден бесен шамар.
 
поголема сума евриќи на млади години,1023 места им сменав и никако да ги најдат.ама затоа кога ги запленија...............црниот дел од приказната ќе го прескокнам :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom