Да Виво бев денес и земав Kjуб атентион.Човекот е стварно предобар.Ми останува да ти се заблагодарам за препораката и доколку си слободен може да ги испробаме малку нагоре се разбира а пред тоа во Стар кафе може да се почастиме по едно еспресо.Јас частам се разбира.
Инаку бевме денес со татко ми кај Орце и морам да кажам дека така никогаш не сум се насмеал слатко.
Идејќи натаму сабајле викам татко побрзај ќе отидат точаците,а он вели абе ти будала ли си.Он чека само некои како тебе.
И стигнавме сабајле пред гаража и татко ми гледа луѓе.Абе вика што е ова?

Па ова многу луѓе,и еден веќе си излегува со велосипед.Татко ми го прашува еј другар си зема точаче.Колку го зема?А дечкото му одговара.Да сега го земав 400 евра,ама сум го нарачал пред 2 месеци.По ова татко ми.Еј значи овие биле стварно нездрави.Народов безпари а купува точаци од 500 и кусур евра.Цел ден остана занемен татко ми.Еве го уште неможе да поверува дека имало нездрави луѓе и дека не сум само јас будала.
Како и да е неможам да му се израдувам на точакот.И порано сум имал,ама со ова сега адреналинот ми е до максимум.Како мало дете се радувам.

[DOUBLEPOST=1414853171][/DOUBLEPOST]
Му напоменав и за тоа на Орце.вели дека нема да има проблем,само совет од него би било да секој точак,па и од продавница да е купен да се пријавува при излез,барем првиот месец!
Не за друго туку да не помислат тие дека еве на пример си бил до Бугарија и од таму си го купил нов точакот.Нема да ти го земат но кога не си го пријавил можно е да си платиш царина и да ти направат проблеми.После кога е стар,само вози и немаш гајле.
Нормално ова важи доколку едно лице носи еден велосипед.Ако едно лице оди,а носи на пример 3 велосипеда тука шансите да се помине се еднакви на 0.
Вака кога ќе се пријавело на излез они знаеле дека ти изнесуваш велосипед и дека не си го купил нов.Односно го рачунаат како личен багаж од типот на лаптоп,мобилен итн.
Штом се пријави за назад нема никаков проблем.Тоа додека е нов точакот.Потоа и не мора бидејќи веќе има траги на користење па гледаат дека е половен.
Значи шансите се мали 1% да ви направат проблем ако е еден точак во прашање
но добро е да се пријави.Знаете она кога ве прашувале порано колку пари носите и дали имате нешто да се пријави.Некој криел,а некој си кажувал и вистина.Правило е секоја стока над 350 евра или пари над 9000 евра по закон да се пријават,па така ако имате и ајфон 6ка на пример треба да го пријавите,но ретко кој се замара со тие работи.