BiG_kIsS
You talk too much... Let me shut you up
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 3.414
- Поени од реакции
- 2.923
Мислам дека никој не спори дека проблемот е во луѓето, а не во животните. Животните на направиле ништо за да бидат фрлени на улица и шутирани од рандом луѓе и да премрзнуваат и да гладуваат. Ама ете се случува тоа. И што ако животните не се криви? Пак се ОНИ тие што го кркаат. И на крај краева не е ни битно кој е крив, битно е да се помогне да не им биде до толку ужасно и да не се влошува уште толку ситуацијата.Не си го пикам носот во проблемите на женката, освен ако се здравствени и ако можам да помогнам, а досега не сум бил во таква ситуација.
Е па очигледно проблемот не е во животните, туку во луѓето.
Затоа повеќе од очигледно е дека луѓето се тие кои треба да го подобрат својот однос кон животните, а не животните тие кои не треба да се размножуваат.
И да се дознае кој е крив, што после? Немаме закони кои ги заштитуваат животните. Еве, бев на 3 недели во Македонија и срцево ми се кршеше секој ден по малку кога гледав што се случува. Не сум била 2ипол години и ситуацијата е МНОГУ влошена. Можеби ти тоа не го гледаш во твојата населба, ама во Центар, за секој чекој што го правиш, има по едно улично куче или маче. А да не зборам па за оние кои имаат дом, а се третирани како да немаат душа и осет за болка.
И можеби 200 не е многу, ама е многу повеќе од било кој што направил. И можеби кастрација и стерилизација не е најдобрата опција, ама кога изборот е меѓу тоа и смрт (од глад или студ, не збориме за еутаназија) тогаш е дефинитивно чекор во правилна насока.
А ти можеш да сонуваш колку сакаш. Ама кога ќе го смениш менталитетот на луѓето, тогаш дојди, ќе правиме муабет како кастрацијата и стерилизацијата не е хумана. До тогаш, или иди легни си или излези малку од твојата „совршена и хумана“ населба и види што се случува наоколу и пробај да смениш нешто.