The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 112
Херпес на уста или раничка од настинка и температура е предизвикан од локална вирусна инфекција, која дава типични болни меурчиња на усните, а поретко и во устата. При првиот контакт со вирусот настанува примарната инфекција (обично во детството), која се манифестира со висока температура, воспаление на слузницата на образите и на грлото. По смирувањето на примарната инфекција вирусот останува во латентна форма во нервните корени, блиску до нападнатата регија на кожата. прекумерна изложеност на ултравиолетови зраци можат да испровоцираат повторна појава на херпесот. Повторуваните херпеси на устата обично поминуваат за 8 до 10 дена. Најголем дел од луѓето се инфицирани со херпес симплекс вирусот уште во детството. Повремена појава на херпес на устата покажува дека вирусот е присутен, дури и ако не постојат податоци за примарната инфекција во детството. Примарната херпетична инфекција, се манифестира со висока температура, болни, отечени и отворени ранички на непцата и слузницата на образите (стоматитис) и многу болно воспаление на грлото (фарингитис).
Чешање и пецкање
- прв симтом
Првиот знак е чешање и пецкање на дел од устата, по што се појавува црвенило и оток. Во тек на 24 до 48 часа се развиваат херпетичните меурчиња, едно или повеќе. Меурчињата прскаат и формираат болни ранички, кои на крајот се покриваат со красти. Дијагнозата се поставува визуелно, бидејќи промените имаат карактеристичен изглед.
Малите деца не треба да бидат во контакт со луѓе што имаат херпес на устата, за да се спречи настанување на примарната херпетична инфекција. Неодамна се развиени неколку вакцини против херпес вирусот - тип 1, но со нив можат да се заштитат само децата кои не се инфицирани со овој вирус. Кај луѓето со ослабен имунитет превентивно можат да се даваат антивирусни лекови за да се спречат рецидивите на херпесната инфекција.
Третман - Херпесот на устата може да се лекува со специфични антивирусни лекови. Терапијата треба да почне уште пред да се развијат меурчињата. Системска терапија, антивирусни таблети, се користат во случаи кога херпесот често рецидивира или кога промените се многу проширени. Помош од стоматолог треба да се побара ако раничката на усната не поминува, ако е придружена со покачена температура или ако постојат и други промени на слузницата на устата.
Јас досега не сум имала херпес. Немам таков гаден проблем. И среќна сум поради тоа.. И од чаша на некој со херпес да пијам ништо не ми се прави. Ни кога сум нервозна, ни кога сум под стрес, ни кога имам висока температура ( а ретко имам ) не ми се прави херпес. :je:
Имате ли вие проблеми со херпеси? Ви се прават и од што? Нервоза, стрес, висока температура..? И колку често?