Анима Мунди обезбеди стерилизација за 200 бездомни кучиња.

  • Креатор на темата Креатор на темата ZeenaK9
  • Време на започнување Време на започнување
Па право да ти кажам, јас лично мислам дека е похумано да нема такви како тебе кои поддржуваат стерилизација.

И секако дека можеме да ги споредуваме злосторствата на Хитлер со стерилизацијата, бидејќи никој нема право да одлучува за друг, особено не за некој кој не му е ништо ниту по крвна врска, ниту по било каква врска.

Тоа право ексклузивно му припаѓа на Господ и на никој друг - под препоставка дека си верник - во спротивно тоа право не му припаѓа на никого.
Со припитомувањето и доместификацијата човекот си наметна обврска и си наметна одговорност. Така да сопственикот е тој што треба да одлучува. Споредбите со Хитлер стварно не ти држат вода. А ако веќе не ти се допаѓа тој начин на решавање на проблемот, посвои ги 200 кучиња и сите ќе бидат среќни и задоволни.

Не прочитав зошто си точно против стерилизацијата и што превземаш за да се намали бројот на скитниците. Господ и такви работи не се аргумент, барем не во овој потфорум.
 
За тебе не се аргумент, за мене се, и да, споредбите со Хитлер и тоа како само држат вода.

Па јас лично ја имам таа среќа да живеам во населба каде што, фала му на Бога, има повеќе хумани луѓе отколку нехумани, па кога ќе се појават кучиња или мачки бездомници, соседите им оставаат храна, а имаме и по некои ветеринари низ населба кои ги згрижуваат и им наоѓаат дом и заштита.

Мала помош - населбата не е во централното градско подрачје.

Сум бил сведок на секакви идиотизми, но и на секакви акти на хуманост.

Пред некоја година мачка шеташе низ зграда со месеци, но некој без памет ја отрул, односно се обиде да ја отруе, за среќа навреме ја открија и ветеринарите ја спасија.

Во друг случај мачка која штотуку се омачи дремеше со малите мачиња низ зграда месец дена, а подоцна им најдоа семејство кое ги посвои.

Кога сме кај кучињата, нив ретко ги има низ населба, а и тие кои ги има се згрижени од локалното население, вклучувајќи ме и мене.

Единствен случај на игнорантност кон потребите на животните на кој сум бил сведок во населбата, беше зимата 2001/2002 кога едно куче беше оставено на милост и немилост на студот, а баш таа зима беше екстремно студена, ако добро помнам и зимскиот распуст беше продолжен поради студот. Последен пат кога го видов тоа куче, лежеше безживотно врз мразот во трговски центар полн со продавници и со стопанственици кои очигледно се пример за нехумани луѓе.

Но ситуацијата значително е подобрена изминативе 10 и повеќе години, па фала му на Бога, бројот на хумани луѓе е поголем од бројот на нехумани, па затоа бројот на животни бездомници оставени сами на милост и немилост на околностите значително е намален.

Од тука лично мислам дека животните имаат право на живот и да се размножуваат, а луѓето секогаш се добредојдени да бидат хумани и несебични, па да помислат малку и на потребите на другите, а не само на своите потреби.
 
Поим си немаш што тресеш овде, а аргументацијата ти е безвезна.

Ако ти пречат луѓето што прават нешто околу ситуацијава, ти бате, си имаш проблем. Нема некој да изиграва хуман, со 2000 кучиња низ скопјево, немаш толку хумани луѓе, за жал. А на тоа да се чека, е глупост на кило што ја тресна. Никој да не одлучува за друг? Затоа се накотија 2000 џукели наоколу. Затоа што секој прави што сака.

Ако сакаш да се реши проблемов, тоа е погрешна филозофија што си ја посвоил. Баш треба да се стави рестрикција, и правила, за некои идни сопственци на љубимци. Стерилизација за да се избегнат годишни легла на кучиња и мачки што не можат да бидат згрижени, па ни хуманоста на луѓето не може да ги спаси. Би одел и до таа мера да се лупаат казни за неодговорни сопственици. Дали шетале куче без ремен, дали вршеле нужда сред пат каде луѓе газат, дали ги шутнале од дома затоа што станале "престари", или им здосадиле, или ги оставаат да акаат негде затоа што не им се шета кучето, мачна обврска им е итн. - Од таму треба да почнат промените. Затоа што проблемот не се решава целосно ни со стерилизиацијава, а уште помалку тоа ти што тресеш, што не го менува статус квото ни за нијанса.
 
Аман бре, во град со официјално над 500.000 жители, односно неофицијално над 1 милион жители, нема доволно хумани луѓе за да згрижат 2.000 животни бездомници ?

Ај вака, малку оф-топик, колку ѓубре гледаш наоколу низ градот ?

Кој го фрла тоа ѓубре наоколу ?

Мислиш дека е потребна стерилизација и на тие кои го фрлаат тоа ѓубре наоколу ?

Бидејќи гледаш, казните до небо ги кренаа, но не бе бате, залудно, ете и понатаму имаш ѓубре на секој чекор.

На тебе бате, аргументацијата ти е безвезна, бидејќи си даваш на себеси право да одлучуваш за туѓи животи, право кое никој не ти го дал, ниту пак го заслужуваш.

Ај да беа 20.000 или 200.000, ќе речев дека нема доволно луѓе за да ги вдомат, но да не може град од 1 милион народ да вдоми 2.000 животни бездомници, не мислиш дека проблемот повеќе е во самите луѓе, отколку во животните ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Да имаше толку хумани луѓе ќе немаше проблем така? Но ете, нема. Значи има проблем. И тој проблем треба да се реши. Само немој да мислиш дека и кучињата како и било кое животно патат од тоа дека мора да се размножуваат. Не, едно животно може да си проживее ни еднаш да не добие потомство нити пак да спари. Тие немаат потреба да се ,,олеснат,, како луѓето. Е бидејќи имаме луѓе кои сеуште тоа не можат да го разберат, имаме и скитници. А верувај дека секое парење на женката воопшто не и е лесно, а уште помалку природно, ако целиш кон тоа.
 
Не си го пикам носот во проблемите на женката, освен ако се здравствени и ако можам да помогнам, а досега не сум бил во таква ситуација.

Е па очигледно проблемот не е во животните, туку во луѓето.

Затоа повеќе од очигледно е дека луѓето се тие кои треба да го подобрат својот однос кон животните, а не животните тие кои не треба да се размножуваат.
 
нема доволно хумани луѓе за да згрижат 2.000 животни бездомници ?

Нема, затоа што до сега ќе биле вдомени. Или не се хумани, или не се хумани кон животните. Нема затоа што на Декстер му сметало стерилизација, некој од џеп пари да фрла грижејќи се за животно за кое реално не му е стало, или веќе ќе го чувале. Заради ваквиот начин на размислување и логика ти зборам дека трескаш глупости. Не затоа што си против. Тоа е посебна приказна.

Казните ги има сега за се и сешто, за тоа што треба и за тоа што не треба. Ова треба, зошто? Затоа што неодговорен сопственик на животно не треба да е во позиција да го чува истото. Ваљда не треба како на 5 годишно дете да ти објаснувам зошто и што значи тоа. Со казните помалку луѓе што чуваат животни ќе прават како што ќе им прдне со истите. Затоа што не секој го бива и е добар грижник на домашни миленици. Бидејќи немаме RSPCA овде, ова со казниве е најпогодната алтернатива која би ја имале после тоа. И да, јас имам право да направам нешто во врска со тоа што имаме неодговорни сопственици на кучиња. Затоа што џукелите од кај ниц извираат, преку котење на големо и после ослободување од тој товар не младенчиња на улица да се снаоѓаат. Е, затоа јас (и тие со слично расмилување), ќе се мешаме и ќе диктираме. Затоа што нити животните заслужуваат такви сопственици, нити сме ние должни да ги трпиме тие глупости и да имаме улици полни џукели кои не се безбедни за минувачи.

Да, логиката ти е за нигде. Затоа што проблемот го гледаш на сосема 35то место наместо таму каде е коренот на истиот. А решенијата ти се уште побезвезни.
 
Не си го пикам носот во проблемите на женката, освен ако се здравствени и ако можам да помогнам, а досега не сум бил во таква ситуација.

Е па очигледно проблемот не е во животните, туку во луѓето.

Затоа повеќе од очигледно е дека луѓето се тие кои треба да го подобрат својот однос кон животните, а не животните тие кои не треба да се размножуваат.
Уште поочигледно е дека проблемот со луѓето не се подобрува, а ситуацијата со скитниците се вложува. Кога не можеш на самарот, удираш по магарето.

Колку и да изгледа грозно и погрешно не е, прво женката нема да биде измачувана 2х годишно, нема да ја бркаат мажјаци, нема да биде слаба како костур. Мажјаците нема да бидат изедени, изапани, слаби и дефинитивно нема да бидат толку агресивни и територијални, благодарение на намаленото ниво на тестостерон.
 
Нема, затоа што до сега ќе биле вдомени. Или не се хумани, или не се хумани кон животните. Нема затоа што на Декстер му сметало стерилизација, некој од џеп пари да фрла грижејќи се за животно за кое реално не му е стало, или веќе ќе го чувале. Заради ваквиот начин на размислување и логика ти зборам дека трескаш глупости. Не затоа што си против. Тоа е посебна приказна.

Казните ги има сега за се и сешто, за тоа што треба и за тоа што не треба. Ова треба, зошто? Затоа што неодговорен сопственик на животно не треба да е во позиција да го чува истото. Ваљда не треба како на 5 годишно дете да ти објаснувам зошто и што значи тоа. Со казните помалку луѓе што чуваат животни ќе прават како што ќе им прдне со истите. Затоа што не секој го бива и е добар грижник на домашни миленици. Бидејќи немаме RSPCA овде, ова со казниве е најпогодната алтернатива која би ја имале после тоа. И да, јас имам право да направам нешто во врска со тоа што имаме неодговорни сопственици на кучиња. Затоа што џукелите од кај ниц извираат, преку котење на големо и после ослободување од тој товар не младенчиња на улица да се снаоѓаат. Е, затоа јас (и тие со слично расмилување), ќе се мешаме и ќе диктираме. Затоа што нити животните заслужуваат такви сопственици, нити сме ние должни да ги трпиме тие глупости и да имаме улици полни џукели кои не се безбедни за минувачи.

Да, логиката ти е за нигде. Затоа што проблемот го гледаш на сосема 35то место наместо таму каде е коренот на истиот. А решенијата ти се уште побезвезни.

Е добро де, секој со свое лично мислење.

За тебе мојата логика е за нигде и моите решенија се уште побезвезни, а за мене лично твојата логика и твоите решенија се нацистички и нечовечки.

И сега и двајцата останавме незадоволни.

Уште поочигледно е дека проблемот со луѓето не се подобрува, а ситуацијата со скитниците се вложува. Кога не можеш на самарот, удираш по магарето.

Колку и да изгледа грозно и погрешно не е, прво женката нема да биде измачувана 2х годишно, нема да ја бркаат мажјаци, нема да биде слаба како костур. Мажјаците нема да бидат изедени, изапани, слаби и дефинитивно нема да бидат толку агресивни и територијални, благодарение на намаленото ниво на тестостерон.

Па ти држи вода теоријата, но што ти згрешило магарето па сега ?

Убаво реков уште во првиот коментар на темава, човекот е најголемото животно од сите.
 
Но ситуацијата значително е подобрена изминативе 10 и повеќе години, па фала му на Бога, бројот на хумани луѓе е поголем од бројот на нехумани, па затоа бројот на животни бездомници оставени сами на милост и немилост на околностите значително е намален.
Бројот на животните не е намален ради хуманите луѓе кои ги хранат, намален е ради оние совесните кои стерилизираат/кастрираат (а кај нас ги нема многу, што по дифолт значи дека секојдневно се повеќе ги има нови единки на улици и тоа РАСНИ КУЧИЊА!!!).

https://www.facebook.com/camokamin/posts/698994953502254
https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/posts/810934258962814
https://www.facebook.com/photo.php?...48809339.17346.100003184646929&type=1&theater
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152788210616322.1073742354.149817651321&type=1
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152782064451322.1073742351.149817651321&type=1... и да не ти редам линкови веќе.
Бројот на кучиња е преголем. Решението е следно- еутаназија или стерилизација/кастрација. Просто е. Еутаназија го решава проблемот еднократно, брзо и ефикасно но не е долгорочно решение, зашто тие истите што во прв план ги оставиле кучињата на улица- ќе ги оставаат пак. Стерилизација/кастрација го решава проблемот на долгорочен план и максимално го намалува бројот на популација на бездомните единки, повторно на долгорочен план. Не можам да разберам, како не ви е јасно што им се случува по улици? Па тоа е хорор!!! Единственото нешто со кое што можам да се сложам со хејтериве тука- е дека местото навистина не им е на улица, но не од аспект на тоа дека речат на некого, туку затоа што улицата е премногу сурова за нив.
Сеуште не добив соодветен аргумент зашто си против стерилизација/кастрација. Едноставна процедура, женките не раѓаат нови единки, мажјаците пукаат со ќорци, што е тука толку страшно за да се спореди со Хитлер?:facepalm:[DOUBLEPOST=1414353051][/DOUBLEPOST]
Аман бре, во град со официјално над 500.000 жители, односно неофицијално над 1 милион жители, нема доволно хумани луѓе за да згрижат 2.000 животни бездомници ?
Си се фатил за бројката од 2000 како овчарот за стапот. Таа бројка е неофицијална и не се држи до неа цело време, имаше броење, а бројката од 2000 е само тие што успеале да ги избројат -уште колку само не се изброени, уште колку само се накотиле од последното броење, уште колку ќе се накотат до утре само. И не само затоа што се парат меѓусебе на секои 6 месеци- кучиња и 3 месеци- мачки, туку и секојдневно се соочуваме со напуштање на миленици. Една единка во просек раѓа 7 нови единки. За 6 месеци тие 7 единки ќе станат 49... и да не продолжувам на таму. Види ја малце поголемата слика, не лупај глава во ѕид. Ако било возможно да се вдомат сите- до сега ќе биле вдомени, но не се. И тоа не значи дека не треба да се направи нешто за да се контролира нивната бројка, не затоа што АМ се џелати, туку затоа што срце ги боли кога некој ќе им пријави или ќе пронајдат повредено- а дневно по минимум 10 се! Do the math.
 
Последно уредено:
Бројот на животните не е намален ради хуманите луѓе кои ги хранат, намален е ради оние совесните кои стерилизираат/кастрираат (а кај нас ги нема многу, што по дифолт значи дека секојдневно се повеќе ги има нови единки на улици и тоа РАСНИ КУЧИЊА!!!).

https://www.facebook.com/camokamin/posts/698994953502254
https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/posts/810934258962814
https://www.facebook.com/photo.php?...48809339.17346.100003184646929&type=1&theater
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152788210616322.1073742354.149817651321&type=1
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152782064451322.1073742351.149817651321&type=1... и да не ти редам линкови веќе.
Бројот на кучиња е преголем. Решението е следно- еутаназија или стерилизација/кастрација. Просто е. Еутаназија го решава проблемот еднократно, брзо и ефикасно но не е долгорочно решение, зашто тие истите што во прв план ги оставиле кучињата на улица- ќе ги оставаат пак. Стерилизација/кастрација го решава проблемот на долгорочен план и максимално го намалува бројот на популација на бездомните единки, повторно на долгорочен план. Не можам да разберам, како не ви е јасно што им се случува по улици? Па тоа е хорор!!! Единственото нешто со кое што можам да се сложам со хејтериве тука- е дека местото навистина не им е на улица, но не од аспект на тоа дека речат на некого, туку затоа што улицата е премногу сурова за нив.
Сеуште не добив соодветен аргумент зашто си против стерилизација/кастрација. Едноставна процедура, женките не раѓаат нови единки, мажјаците пукаат со ќорци, што е тука толку страшно за
Ги разгледав линковите на кои се подаруваат расни кучиња . Цццц страшно ... не само неодговорноста , туку и економската криза го прави своето. Мојот комшија пред 3 години зема куче да чува, ненормален љубител на кучиња и навистина има свест за проблемот со уличните кучиња. Три години подоцна жена му ја избркаа од работа, на него му ја намалија платата. Жената остана трудна во најлош финансиски бродолом со два кредита. Нешто мораше да се жртвува, за жал, околностите го принудија кучето да го подари на други љубители на животни.Барем имаше совест и не го остави на улица.
 
Бројот на животните не е намален ради хуманите луѓе кои ги хранат, намален е ради оние совесните кои стерилизираат/кастрираат (а кај нас ги нема многу, што по дифолт значи дека секојдневно се повеќе ги има нови единки на улици и тоа РАСНИ КУЧИЊА!!!).

https://www.facebook.com/camokamin/posts/698994953502254
https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/posts/810934258962814
https://www.facebook.com/photo.php?...48809339.17346.100003184646929&type=1&theater
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152788210616322.1073742354.149817651321&type=1
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152782064451322.1073742351.149817651321&type=1... и да не ти редам линкови веќе.
Бројот на кучиња е преголем. Решението е следно- еутаназија или стерилизација/кастрација. Просто е. Еутаназија го решава проблемот еднократно, брзо и ефикасно но не е долгорочно решение, зашто тие истите што во прв план ги оставиле кучињата на улица- ќе ги оставаат пак. Стерилизација/кастрација го решава проблемот на долгорочен план и максимално го намалува бројот на популација на бездомните единки, повторно на долгорочен план. Не можам да разберам, како не ви е јасно што им се случува по улици? Па тоа е хорор!!! Единственото нешто со кое што можам да се сложам со хејтериве тука- е дека местото навистина не им е на улица, но не од аспект на тоа дека речат на некого, туку затоа што улицата е премногу сурова за нив.
Сеуште не добив соодветен аргумент зашто си против стерилизација/кастрација. Едноставна процедура, женките не раѓаат нови единки, мажјаците пукаат со ќорци, што е тука толку страшно за да се спореди со Хитлер?:facepalm:

Си се фатил за бројката од 2000 како овчарот за стапот. Таа бројка е неофицијална и не се држи до неа цело време, имаше броење, а бројката од 2000 е само тие што успеале да ги избројат -уште колку само не се изброени, уште колку само се накотиле од последното броење, уште колку ќе се накотат до утре само. И не само затоа што се парат меѓусебе на секои 6 месеци- кучиња и 3 месеци- мачки, туку и секојдневно се соочуваме со напуштање на миленици. Една единка во просек раѓа 7 нови единки. За 6 месеци тие 7 единки ќе станат 49... и да не продолжувам на таму. Види ја малце поголемата слика, не лупај глава во ѕид. Ако било возможно да се вдомат сите- до сега ќе биле вдомени, но не се. И тоа не значи дека не треба да се направи нешто за да се контролира нивната бројка, не затоа што АМ се џелати, туку затоа што срце ги боли кога некој ќе им пријави или ќе пронајдат повредено- а дневно по минимум 10 се! Do the math.

Твојата математика и твоите ставови се твои, мојата математика и моите ставови се мои.

НЕ на стерилизацијата и
НЕ на еутаназијата !!!

Хуманост и одговорност, а не војна против животните и избегнување на хуманоста и на одговорноста !!!
 
Хуманост за тебе е смрт на кутрињата и на мајката доилка? Хуманост за тебе е прегланетоста кај мајката и кутрињата? Хуманост за тебе е тоа што тие се смрзнуваат на улица и скоро сите кутриња умираат, а на крај и мајката со нив? Тоа ли е хуманост???? Да не правиме ништо и да мислиме дека сето тоа е нормално, го бараат тоа животните, така? :mad:
 
За мене не е, за тебе не знам, но стерилизацијата и еутаназијата исто така не ги вбројувам во актите на хуманост.
 
Не знам по која логика одиш, ако не се стелиризираат/кастрираат животниве тоа им се случува: тешка смрт на улица. Што е подобро, да се спречи целава тортура или да се продолжи таа тешка смрт по улиците? Јас со свои очи видов како умираат кутрињата на една кучка. На крај остана само 1 зошто тоа успеа да го одгледа и тоа со моја помош. Од 6 кутриња, едно се спаси и е успешно подарено и сега кастрирано. Кучката никој не сакаше да ја вдоми и сега е веќе година дена исчезната, што значи или отишла на некое друго место, или ја згазило кола...
 
Е па ако ти си можел да бидеш хуман, можеш да ги повикаш и другите да бидат хумани, па во иднина сите кучиња на кучките да израснат и да бидат подарени, без кастрација, се разбира.

На крајот, се се сведува на човечкиот карактер и на човечките навики, кои за жал, се никакви кај нас скопјани, но тоа не е никакво оправдание за кастрација или за еутаназија на животните.
 
А, како да ги повикам другите? Јас успеав само 1 кутре да спасам, ако ги распределам сите улични кучиња од населбава со мали кутриња, секој жител би требало да чува околу 10 кучиња минимум. Како ќе стасам со тие 10 кучиња да се справам, па после уште 20 да ми дојдат на грб? Нелогични ти се идеиве... ако пуштам некастриран мажјак и нестелиризирана женка на улица, тие ќе се спарат, па после и повеќе улични кучиња ќе има. Во соседство има минимум 20 кучиња мешанци кои не се кастрирани/стелиризирани. Тие се парат, а потоа нивните кутриња на 2 месеци се оставани во паркот. Се хранат со тоа што ќе им го фрлат пицериите во близина и така растат уствари.

Плус тоа, не секој љубител на кучиња може да обезебди топло место за да се породи кучката и да се развијат таму кутрињата. Затоа не е можно јас да им наметнам на сите од населбава по една бремена кучка, па тие да се грижат за неа. И не секој знае како да се грижи за кучка со малечки и кои средства да ги овозможи на нив. И не секој сака кучиња, што е најважно. Моето куче што е со педигре го плукаат и пцујат, а тоа ништо не им направило...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom