Зобајте-кампања за 500.000 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Целта на оваа тема претпоставувам е..дали оваа кампања ќе ги оправда 500.000 евра вложени во неа?
Јас мислам не. Нашиот народ несака некој да му се меша во "вкусната кујна" т.е. месишта мрсни (скари за престиж), чоколади за децата на поклон, чипсови за грицкање за гости, смоки и.т.н. ..

Само зголемување на цената на нездравите продукти, како и за цигарите. Светот одамна го направи тоа и донесува резултат.
 
еден добронамерен совет- затворете ги очите и гледајте
 
КАКО СУМ СИСТЕМАТСКИ УНИШТЕН ОД ИДИОТИ
Решивме да го ставиме овој пристоен филмски наслов дури откако ги испукавме сите пцовки на адреса на македонскиот образовен систем и сите надлежни кои биле вклучени во овој учебник за "Граѓанско образование" за осмо одделение (наводници никогаш не биле попотрeбни од овде). Одиме со еден жолт детал на страна 14, да видите со каква ментална храна се трујат младите додека Владата спрема 450.000 евра за кампања за здрава исхрана.

kako-sum-sistematski-unishten-od-idioti-103781.jpg

Еве кои се просветителите:

kako-sum-sistematski-unishten-od-idioti-103780.jpg

Им честитаме на сите учесници во проектот и им посакуваме сите нивни потомци да растат во системот кој тие го креираат.
 
Еве кои се просветителите:

kako-sum-sistematski-unishten-od-idioti-103780.jpg

------------------------
ПУ; НЕ СЕ ВАЖИ:::( нема 20% застапеност од малцинствата-поточно оние симнати од планинењо, а се во власта)
 
Има има Анчо М-р Муџабел Ахмет е тука да даде легитимитет на учебников
 
k2.items.cache.04bbb2ee15be053ae94c104735db41e3_Lnsp_589.jpg

Гвуевски со фамилијата на оброк здрава храна во ќебапчилница дестан, иначе дестан е познат по тоа шо се вика ќебапчилница а уствари служат исклучиво леќа грав и зелена салата.
Невидливиот си ги носи гостите на вегетаријански соини ќебапи во чаршија.
Емирот Хамад бин Калифа Ал Тани во придружба на домаќинот, претседателот Ѓорѓе Иванов јадеше скара и печени пиперки во познатата ќебапчилница Дестан, во Старата скопска чаршија Порции ќебапчиња со кромид ручаа денес емирот и претседателот во Старата скопска чаршија. Шеикот и претседателот добија стандардни порции ќебапчиња со кромид. На високиот гостин специјалитетот му се допаднал. Шеикот Ал Тани, кој е на листата на најбогатите луѓе во светот во денешната неформална прошетка низ чаршијата се покажа како срдечен и непосреден човек. Ги разгледуваше производите на занаетчиските дуќани, се поздравуваше со присутните, ги прегрнуваше децата. Целата прошетка помина во опуштена атмосфера и добро расположение, без воопшто да се забележи присуството на бројното обезбедување
 
А и претходната реченица што не е обележана со жолто: „...и не се на грбот на општеството“ - Прво, не сум сигурен дека вакви фрази се воопшто разбирливи за децата кои треба ова да го читаат - но тоа е најмалиот проблем. Самата фраза е доста вулгарна и навредлива, втор проблем. Што правиме со оние кои што се на грбот на општеството (да речеме дека децата разбрале што тоа значи) заради икс причини, не по своја волја? Оваа реченица нив ги негативизира, ги стигматизира - во смисла - „лојалните граѓани се добрите“; што не прават лојалните (добрите)? не се на грбот на општеството. Тогаш, овие што се „на грбот“, што се тие? Тие се лошите.

Можело да биде напишано „...и допринесуваат за доброто на општеството“. Е, можело, де.
 
Последно уредено:
k2.items.cache.04bbb2ee15be053ae94c104735db41e3_Lnsp_589.jpg

Гвуевски со фамилијата на оброк здрава храна во ќебапчилница дестан, иначе дестан е познат по тоа шо се вика ќебапчилница а уствари служат исклучиво леќа грав и зелена салата.
Невидливиот си ги носи гостите на вегетаријански соини ќебапи во чаршија.
Емирот Хамад бин Калифа Ал Тани во придружба на домаќинот, претседателот Ѓорѓе Иванов јадеше скара и печени пиперки во познатата ќебапчилница Дестан, во Старата скопска чаршија Порции ќебапчиња со кромид ручаа денес емирот и претседателот во Старата скопска чаршија. Шеикот и претседателот добија стандардни порции ќебапчиња со кромид. На високиот гостин специјалитетот му се допаднал. Шеикот Ал Тани, кој е на листата на најбогатите луѓе во светот во денешната неформална прошетка низ чаршијата се покажа како срдечен и непосреден човек. Ги разгледуваше производите на занаетчиските дуќани, се поздравуваше со присутните, ги прегрнуваше децата. Целата прошетка помина во опуштена атмосфера и добро расположение, без воопшто да се забележи присуството на бројното обезбедување
Глеаш луѓето си го жртвуваат своето здравје за да им угодат на шеиците и емирите шо доаѓаат кај нас и секојдневното јадење брокули го заменуваат со ќебапчиња, а се со цел да донесат странски инвестиции и благостостојба во државава, а тебе не ти чини тоа....
Ти бре мајката ништо не ви чини, шо народ ќе бевте... :icon_lol:
 
Веројатно изеле и повеќе од 6 грама сол (за еден ден), кутрите :icon_lol:

Едит: во множина[DOUBLEPOST=1413908195][/DOUBLEPOST]
До 2006 буџетот од даноци и други давачки се полнеше 10-15% од казни 10-20% останатото беше од сомнителни соросоидни донации.
Види, бе, какви скриени бисери има овде, да ти биди мерак да си го арчиш времето на Кајгана.
 
Последно уредено:
Незнам што е чудно што владата си троши како ќе и текне, кога ние сме си овци што ќутиме и после толку “проекти“, уште мислат дека им веруваме дека не перат пари туку ова се реклами за наше добро. И како што и во самото видео оној глумецот си кажува “Овој трик секогаш успева“. Па нормално дека ќе им успева и понатаму.

Инаку, за толку пари, Џејми Оливер ќе го донесевме, ем рецепти ќе ни направеше, ем реклама за Македонија ќе добиевме (и така тоа на 24 Kitchen само се репризира) ем и поевтино ќе поминевме.
 
Проблемот со здравата исхрана потекнува од повеќе фактори меѓу кои се: Европско (Америчко) работно време од 9 до 5 наместо постоечкото од 7 до 3, укинувањето на мензите каде што за малку пари може да се добие квалитетна готвена храна, создавањето култ кон junk food, создавање на аверзија кон помладите кон готвењето од типот мама ќе ти направи што ти се јаде ти учи немој да се замараш со тоа и ред други работи.
Решението секако не е кампања од типот владини спотови туку континуирана работа со помладите генерации, квалитетна храна во училиштата, субвенции за рестораните што ќе нудат топол оброк за сметка на скара и така натаму
Чекај, дали навистина мислиш дека оваа кампања е покрената со искрени и сериозни намери, и дека има поставено пред себе озбилни цели и достигнувања (во смисла на вистински подобрување на исхраната и здравјето)?
 
koj bil na pojadok na Most ? tamu zobaa ili od nezdravata turbo folk hrana se deleše ??
 
Во најновата акција на МВР наречена „КечапМајонез?“, вечерва во Скопје се упасени вкупно 57 лица кои се осомничени дека не ја почитувале новата владина кампања и се хранеле нездраво.

34 лица се уапсени во сендвичарата „Седмица“ а 23 лица во „Вили“. Тие се фатени на дело како се хранат нездраво, непочитувајќи ги препораките на премиерот.

- По претходно добиени оперативни сознанија дека осомничените веќе подолго време ги прекршуваат препораките од кампањата за здрава исхрана, МВР преку посебни истражни мерки успеа да дојде до нив и на дело да ги фати како во своите тела внесуваат хамбургери, чизбургери, чикенбургери, шарски, ловечки и слични видови забранети субјекти – рече портпаролот на министерството, Иво Котевски.

Како што соопшти тој, осомничените веќе се изведени пред истражен судија кој им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена, и во овие моменти се носат во истражниот затвор во Шутка, каде ќе бидат ставени на посебна диета со брокула.

Како што објави порталот Курир, постои основано сомнение дека дел од уапсените се хранеле нездраво под инструкции на СДСМ, Сорос и грчките тајни служби.

„Најдобар доказ за тоа е што дел од уапсените се затекнати во сендвичара во непосредна близина на грчката амбасада во Скопје“, пишува Курир.

sedmica-hamburger-300x225.jpg

http://www.kozanostra.net/uapseni-3...-vili-fateni-na-delo-kako-se-hranat-nezdravo/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom