Зобајте-кампања за 500.000 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Се извинувам за офтопикот, ама за цигарите што сте ги откажале имам навистина голема почит кон сите вас.
Јас едноставно не можам.

Ви влијаела кампањата на Владата на РМ, а? :D:D
 
Се извинувам за офтопикот, ама за цигарите што сте ги откажале имам навистина голема почит кон сите вас.
Јас едноставно не можам.

Ви влијаела кампањата на Владата на РМ, а? :D:D

Се разбира, владата ако не беше ништо не правевме :D
 
Па во ера на интернетот трошат пола милион евра за реклами и совети кои се веќе видени/прочитани. Врие од статии на нет за здрава исхрана. Владава се што требала да направи е да ги најами членовите од темата “Заработка на интернет“ и со буџет од 10$ да им нареди да спамаат насекаде со линкови за здрава исхрана, сите среќни.
 
Ок,коа размислеш барем за добра работа ги дават овие пола милион евра.
Не знам шо одма рипнавте у стил Северна Кореја ко некој да ви заранува шо да јадете.
Мислам дека дигање на свеста кај луѓето за поздраво хранење е потребна.
Знаете ли колкава е бројката на нови дијабетичари годишно?
Колкава е бројката на оние со артеросклероза ?
Дека од ден на ден дебелината се зголемува??
Секојдневно ги гледам у болницата.

У однос на сите пари шо ги фрлија(испраа) за срање проекти,овој е еден од покорисните.

Ама имам друга забелешка. Треба да удрат на идустријата, пример знаете ли колку продукти шо ги јадете секојдневно не се добри по вас оти се преполни со шеќер ? Знаете дека вишок шеќер предизвикува срцеви заболувања, ментлни па дури и помага за развиток на рак?

Ја се слагам со ова. Ако биде средено ко шо треба и ако рајата добие информации за тоа шо јаде и шо се има во јадењето у смисол на нутриентско инфо.
 
Па во ера на интернетот трошат пола милион евра за реклами и совети кои се веќе видени/прочитани. Врие од статии на нет за здрава исхрана. Владава се што требала да направи е да ги најами членовите од темата “Заработка на интернет“ и со буџет од 10$ да им нареди да спамаат насекаде со линкови за здрава исхрана, сите среќни.
можеле со тие пари да ангажираат лица за посејување на и онака пусти и празни македонски предели со технички Коноп или канабис -кој не е штетен , не содржи наркотик и е многу баран во земјите од ЕУ, а плус ќе вработеа со тоа и доста невработени лица ( и така МКД имала богато искуство и традиција во одгледувањето на конопот)
еве сега Украина потпиша договор со Германија и Австрија, а со Црна гора и хрватска -наскоро
Во Чешка е отворен маркет за производи од овој вид коноп- увезен од Украина
Сличен маркет ќе отвори и Латвија ...
Само така парите немаа да стигнат до џебовите на широкогазите - вака идат на реклама - ветер и магла[DOUBLEPOST=1413714408][/DOUBLEPOST]
А шо уствари му фали на компирот за биде здрава исхрана
незнам дал ја спомнаа сојата?! хаххахаха- тогаш ќе асоцираше на ова

што е заедничко меѓу сојата и вибраторот?
И двата се замена за месо .
 
Последно уредено:
Па во ера на интернетот трошат пола милион евра за реклами и совети кои се веќе видени/прочитани. Врие од статии на нет за здрава исхрана. Владава се што требала да направи е да ги најами членовите од темата “Заработка на интернет“ и со буџет од 10$ да им нареди да спамаат насекаде со линкови за здрава исхрана, сите среќни.
Они и тоа ќе го направат, само остатокот од парите ќе си го поделат со "наши" деца
 
морале кутрите да прифатат- чим е ЕУ у прашање ако треба и фарми за камили и кенгури ќе отворат :tapp:

http://ec.europa.eu/health/nutrition_physical_activity/portal/index_en.htm
ама ЕУ не иде со рекламчиња по тв-а и билборди, ами автобуси „Патувачка дружина„ обиколиле 180 училишта од цела Европа и низ игри и наградни квизови ги запознавале децата со користа од здрава исхрана- запазете- ДЕЦАТА
и веб сајтот од тогаш сеуште е актуелен - со јазици на членките од ЕУ, ама кој патлак го бара МК- коа не е ни блиску до таа унија -а камоли членка ???
http://ec.europa.eu/agriculture/tasty-bunch/
 
@LaChupacabraLoca мене искрено освен притисок, друго не успеваат да ми дигнат.
Да се вратиме на темава. 500к евриќи за некој економист да ми чита дека во Македонија имало нови заболени од КАНЦЕР? Јебал те канцер будало една, па и тој што пишувал изгледа на гугл транслејт преведувал. А, дека Влада(ва) наша, мила и драга, се грижи за болните (или дијабетичарите во муабетов) гледаме. Имаш донација од Новонордиск (читај не плаќаш НИШТО) и оној абдал (цел на татко му) се мисли дали да прифати или не? Бем ти таква грижа, нека се носат и тие и сите житни култури со нив.
 
Проблемот со здравата исхрана потекнува од повеќе фактори меѓу кои се: Европско (Америчко) работно време од 9 до 5 наместо постоечкото од 7 до 3, укинувањето на мензите каде што за малку пари може да се добие квалитетна готвена храна, создавањето култ кон junk food, создавање на аверзија кон помладите кон готвењето од типот мама ќе ти направи што ти се јаде ти учи немој да се замараш со тоа и ред други работи.
Решението секако не е кампања од типот владини спотови туку континуирана работа со помладите генерации, квалитетна храна во училиштата, субвенции за рестораните што ќе нудат топол оброк за сметка на скара и така натаму
 
На крај пак ефект ќе има на луѓето кои и предтоа пазеле што ќе стават во уста..
Јас лично неможам да влијаам на околината да се храни здраво, а не па некоја реклама која ќе ја замижат..
Такво поднебје сме. Болниците се полни со луѓе кои доживеале мозочен удар и пак дома ќе се вратат на старите навики, плус нови апчиња кои ќе створат магија..нели..
 
Не ја мешајте темава во партиско-политички контекст ... оваа кампања истовремено е добра односно добронамерна но од друга страна е тотално шљам кампања која однапред се знае дека нема да има никакви ефекти исто како и многуте претходни кампањи изминативе години за низа други работи !
Народот е паметен, ум му тече на секого од ушите па уште некој таму на екранот во соба ќе му попува што да јаде и пие ... во ред сето тоа но и тие луѓе кои навистина се хранат здраво страдаат од истите оние болести како и оние луѓе кои не се хранат здраво, во денешно време најголем непријател на здравјето е секојдневниот стрес нема врска тоа кој што јаде, дали пие, пуши и.т.н. секојдневните стресни ситуации се главни причинители за појава на некои болести како на пр. дијабетес и други внатрешни метаболни пореметувања, срцеви заболувања, нервни заболувања и.т.н. а за појавата на карциноми виновник е загадената средина, зрачењата од се и сешто живееме во ера на технологија опкружени со купишта технолошки објекти/предмети околу нас кои зрачат, космичките зрачења, фабриките кои не трујат со што се не, издувните гасови од возилата и.т.н.
Храни/хранете се здраво ама брзиот, динамичен, турбулентен и стресен начин на живот си го прави своето !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom