Ситуацијата на Македонија е поволна, во некој сегменти. Да, кого и да прашаш во Македонија, САД или Русија би ти рекол Русија, исто како и во Црна Гора на пример. Но проблемот на Македонија се баш Албанциве. Конфликтот во 2001 година беше изрежиран со 1 цел : Пазете што правете, и Македонците и Албанците. Албанците да бидеме реални се нација која уште од време на Ахмет Зогу (ако не се лажам првиот крал на Албанија помеѓу двете светски војни, кога и дефакто Албанија настанала) рекол, парафразирам : Албанците секогаш мора да бидат со појакиот, да го добијат тоа што го сакаат, спремни да гинат за нив. Па така уште од тоа време они се увлечуваат и на Русите и на Американците, сега модерно на Американциве. Е сега кога Америка им го даде тоа што го сакаа, Косово (Али да не се лажеме и Америка доби многу од тоа) Американците се уплашија од можно менување на колосекот на Албанците надвор од Албанија, па го изрежираа конфликтот во 2001та година. Тоа беше конфликт во кој они им рекоја на Албанците : Еј, пазете што правите, Македонците се моќни (Па ни дозволија Су-25 кој подоцна им ги забранија на Украинците да ги продаваат затоа што тогаш ќе им пропаднеше целта на конфликтот) а на Македонците : Пазете, и Албанците се моќни, ги наоружаја и герилски напаѓаа. Така да, Македонија не смее многу да иде со Русија, али ако сакаме со Русија не треба да идеме ни со НАТО ни со ЕУ, па така оваа ситуација барем во овие времиња е една од подобрите солуции. Според мене, Македонија мора да балансира, се додека геополитиката и колосекот на Балкан не се смени, а кога ќе се смени, јасно треба да кажеме на која страна ќе се одлучиме. Малите држави никогаш не можат да водат своја политика.
Македонија сега засега успешно балансира меѓу западот и истокот. Има многу подобри односи со запад но и со Русија не заостанува, иако и Русија нема некој голем интерес во Македонија освен можеби за да им биде трн во око на САД би покажале некоја заинтересираност. Во 2001ва Русија ако добро се сеќавам и понуди помош на Македонија, и би сакал да верувам дека тоа го направија поради интересите кон Македонија, но некако ми се чини дека беше само за ги нервираат Американците и НАТО. Плус не има признаено и под уставното име а и дипломатските односи се на многу високо ниво.
Е сега она што мене најмногу ме изненадува од држава како Македонија и Владата нејзина е дали навистина Грујо е толку паметен што ги знае овие геополитички интереси кај големите сили па балансира меѓу двете. Од една страна со политика и дипломатски односи, од друга страна со овие инвестицииве што ги носат, колку и да не се она што нам ни го пласираат на ТВ.
На интернет имам гледано видео за ова. Се поставува прашањето: Како Македонија да не се најде во милост и немилост на НАТО и Западот, но во исто време да има и добри односи со Истокот? Вака некако беше прашањето, точно не паметам.
Одговор: Па зошто Македонската Влада отвара развојни-инвестициски зони и толку интензивно бара странски инвестиции и на Запад и на Исток? Владата знае да ја игра геополитичката игра иако е мала држава и свесни се дека колку повеќе странски фирми влегуваат во Македонија и од Запад и од Исток, толку потешко ќе биде некоја од големите сили, па макар и малите да ја нападнат или уништат. Големите си ги штитат корпорациите и интересите, така да штом има странски фирми во Македонија такво нешто е многу тешко да се направи. Се создава интерес и кај двете страни да држат неутралност на видило, а многу мал процент на непријателство скришум. Така да ако може ова да се земе како фактор за геополитички интереси, Македонија колку повеќе странски фирми има внатре толку е посигурна и од двете страни.
И токму кога зборуваме за геополитика и минати војни и интереси, се појави овој текст.
http://www.middleeastmonitor.com/ar...g-the-macedonian-question-of-the-21st-century