- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.030
- Поени од реакции
- 12.545
Со новиот закон кој го подготвува Министерството за труд и социјална политика, во иднина ниту чистач(к)ите, ниту професор(к)ите кои држат приватни часови, па дури ниту локалниот вулканизер, електричар или хаусмајстор нема да може да работи без лиценца за која се разбира - ќе мора да плати.
Тие кои ќе се осмелат да ризикуваат и да ја вршат својата професија без соодветна дозвола од државата, ќе се соочуваат со казни, а и нивните клиенти нема да бидат поштедени.
Како тргнаа работиве, наскоро ќе треба да вадиме дозвола и за нужда и за дишење.
Само не ми е јасно какви лиценци ќе треба да вадат десетиците илјадници бирократи низ државната и јавната администрација и колку ќе треба да платат за истите.
И најважно од се:
Какви лиценци ќе треба да вадат министрите, замениците на министрите, премиерот, замениците на премиерот, советниците, портпаролите и останатите од нивни тип ?
http://www.sitel.com.mk/do-9-iljadi-evra-kazna-dokolku-vi-raboti-majstor-bez-licenca-0
До 9 илјади евра казна доколку ви работи мајстор без лиценца

17 октомври 2014 - 4:58pm
До 9 илјади евра казна доколку ви работи мајстор без лиценца. Ако сакаат да продолжат да работат мајсторите и сите кои нудат некакви занаетчиски услуги ќе мора да се регистрираат. Регистрирањето ќе биде задолжително и за чистачи и масери. Со предлог законот кој го изготви Министерството за труд и социјална политика, освен занаетчиите опфатени се и преведувачите и наставниците што даваат приватни часови.
Казни не се предвидени само за оние што ги даваат услугите, туку и за оние кои го повикуваат. Паричната казна ќе биде 1500 евра за мајсторот, а 1000 за нарачателот. Доколку мајсторот биде фатен како дава услуги два пати во една година, против него ќе биде поведена прекршочна постапка. Тогаш глобата ќе биде од 6 до 9 илјади евра. Покрај паричната казна на мајсторот ќе му биде одземен и алатот. Нема да се казнува работата за сопствени цели, семејната и соседската помош.
Граѓаните велат дека се запознаени со овој предлог закон. Дел од нив и претходно повикувале само регистрирани мајстори, дел рекоа дека отсега ќе почнат.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека основната цел на овој закон, е да се намали сивата економија, значително намалување на непријавените работници и нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување, како и намалување на нерегистрираните бизниси. Од Министерството велат дека станува збор за првична верзија на законот, која може да претрпи одредени измени, поради што и не сакаат да објавуваат повеќе детали.
Матеја Петровски
Последно уредено: