Нема повеќе слободна професија, само регистрирана професија

Член од
24 април 2008
Мислења
11.030
Поени од реакции
12.545
Со новиот закон кој го подготвува Министерството за труд и социјална политика, во иднина ниту чистач(к)ите, ниту професор(к)ите кои држат приватни часови, па дури ниту локалниот вулканизер, електричар или хаусмајстор нема да може да работи без лиценца за која се разбира - ќе мора да плати.

Тие кои ќе се осмелат да ризикуваат и да ја вршат својата професија без соодветна дозвола од државата, ќе се соочуваат со казни, а и нивните клиенти нема да бидат поштедени.

Како тргнаа работиве, наскоро ќе треба да вадиме дозвола и за нужда и за дишење.

Само не ми е јасно какви лиценци ќе треба да вадат десетиците илјадници бирократи низ државната и јавната администрација и колку ќе треба да платат за истите.

И најважно од се:

Какви лиценци ќе треба да вадат министрите, замениците на министрите, премиерот, замениците на премиерот, советниците, портпаролите и останатите од нивни тип ?

http://www.sitel.com.mk/do-9-iljadi-evra-kazna-dokolku-vi-raboti-majstor-bez-licenca-0

До 9 илјади евра казна доколку ви работи мајстор без лиценца

17 октомври 2014 - 4:58pm

До 9 илјади евра казна доколку ви работи мајстор без лиценца. Ако сакаат да продолжат да работат мајсторите и сите кои нудат некакви занаетчиски услуги ќе мора да се регистрираат. Регистрирањето ќе биде задолжително и за чистачи и масери. Со предлог законот кој го изготви Министерството за труд и социјална политика, освен занаетчиите опфатени се и преведувачите и наставниците што даваат приватни часови.

Казни не се предвидени само за оние што ги даваат услугите, туку и за оние кои го повикуваат. Паричната казна ќе биде 1500 евра за мајсторот, а 1000 за нарачателот. Доколку мајсторот биде фатен како дава услуги два пати во една година, против него ќе биде поведена прекршочна постапка. Тогаш глобата ќе биде од 6 до 9 илјади евра. Покрај паричната казна на мајсторот ќе му биде одземен и алатот. Нема да се казнува работата за сопствени цели, семејната и соседската помош.

Граѓаните велат дека се запознаени со овој предлог закон. Дел од нив и претходно повикувале само регистрирани мајстори, дел рекоа дека отсега ќе почнат.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека основната цел на овој закон, е да се намали сивата економија, значително намалување на непријавените работници и нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување, како и намалување на нерегистрираните бизниси. Од Министерството велат дека станува збор за првична верзија на законот, која може да претрпи одредени измени, поради што и не сакаат да објавуваат повеќе детали.

Матеја Петровски
 
Последно уредено:

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Значи стварно без заебанции си го тераме теркот на Европски закони и казни додека платите ни се 200 евра а невработеноста во државата е 35%. Кај ќе ни биде крајот само незнам. Што е следно? Да побараме дозвола од Владата за да се сексаме оти ако не фатат голи во кревет ем ќе ни го опнат ем казна ќе платиме... Жална Македонијо!
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.674
Ексклузивно во Дневник на Сител ќе гледате:

Сопругата на Бранко Црвенковски е казнета со сума од 9.000 илјади евра поради местење на вратоврска на нејзиниот маж за која што се тврди дека немала лиценца за работа.

Не сериозно и ова ќе го има, девет илјади евра за некој ако ти смени грло дома на сијалицата, девет илјади евра, море има девет илјади партиски потрчковци без заби да останат.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Секој ден по некоја ваква вест излегува, кој знае што закони се донесени на брза рака.

Инаку ова не е лошо за оној што побарува...пошто знае дека ќе му сработи некој со лиценца.

Ама од друга страна пак, има мал милион народ што преку ден работи молерај, навечер вози такси, за викенди мести струја. Тие луѓе крпат, и шо треба сега они да си купат 3-4 лиценци???
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ексклузивно во Дневник на Сител ќе гледате:

Сопругата на Бранко Црвенковски е казнета со сума од 9.000 илјади евра поради местење на вратоврска на нејзиниот маж за која што се тврди дека немала лиценца за работа.

Не сериозно и ова ќе го има, девет илјади евра за некој ако ти смени грло дома на сијалицата, девет илјади евра, море има девет илјади партиски потрчковци без заби да останат.
И после се чудат зошто Македонците вадат Бугарски пасоши. Народот неможе да истрпи повеќе. Само последниов месец 4ца мои другари заминаа во странство, уште 1 се спрема да замине. Останавме само 2ца од цело друштво.

АМА МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Само бираат целни групи од кои може да извлечат пари. Ам па добро и нормално дека за се треба да се воведе лиценци, на нас шала ни се чини. Еве на пример на власт имаме лиценцирани лажговци и арамии на кои треба да им се изврши психијатриско вештачење.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.030
Поени од реакции
12.545
И после се чудат зошто Македонците вадат Бугарски пасоши. Народот неможе да истрпи повеќе. Само последниов месец 4ца мои другари заминаа во странство, уште 1 се спрема да замине. Останавме само 2ца од цело друштво.

АМА МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ!
Еве, еве ги, во 1990 година и во 2011 година.

Не за џабе народот речиси секогаш е едногласен кога вели дека новинарите секогаш сеат раскол и омраза меѓу народот. Еве пример за еден од раните Латаси од 1990-те години, слабо познат денес во јавноста.



Само бираат целни групи од кои може да извлечат пари. Ам па добро и нормално дека за се треба да се воведе лиценци, на нас шала ни се чини. Еве на пример на власт имаме лиценцирани лажговци и арамии на кои треба да им се изврши психијатриско вештачење.
Навистина сериозно треба да се прашаме дали истите ѓубриња од луѓе кои ги пишуваат овие таканаречени закони, се луѓе со психички пореметувања или некакви садисти кои свесно уживаат во туѓите маки.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Значи стварно без заебанции си го тераме теркот на Европски закони и казни додека платите ни се 200 евра а невработеноста во државата е 35%. Кај ќе ни биде крајот само незнам. Што е следно? Да побараме дозвола од Владата за да се сексаме оти ако не фатат голи во кревет ем ќе ни го опнат ем казна ќе платиме... Жална Македонијо!
Немај гајле сеа со законов невработеноста ќе падне :vozbud:а и буџетот фино ќе си порасне. Во САД ова го има одамна, таму ако фатат нелиценциран водоводџија има тешки казни да си плати он а и газдата.

Section 750.1000 Civil Penalties for Unlicensed Plumbers

a) A person who practices, offers to practice, or holds himself or herself out to practice as a plumber without being licensed under the provisions of the Act may be subject to an Order of Correction to a telecommunications carrier for improper advertising under Section 5(b.10) of the Act and shall be issued a civil penalty under the following criteria:
1) First Offense
A) Where no violations of the Illinois Plumbing Code are found, the person:
i) Shall pay a civil penalty of $1,000;
ii) May be referred to the State's Attorney of the county or to the Attorney General for prosecution under Section 29 of the Act.
B) Where violations of the Illinois Plumbing Code are found, the person:
i) Shall pay a civil penalty of $3,000. The Department may reduce this amount to $1,000 upon the condition that the unlicensed person pays for a licensed plumber to correct the violations of the Illinois Plumbing Code. The licensed plumber correcting the violations shall be acceptable to the other party to the original contract or agreement;
ii) May be referred to the State's Attorney of the county or to the Attorney General for prosecution under Section 29 of the Act.
2) Second Offense
A) Where no violations of the Illinois Plumbing Code are found, the person:
i) Shall pay a civil penalty of $3,000;
ii) May be referred to the State's Attorney of the county or to the Attorney General for prosecution under Section 29 of the Act.
B) Where provisions of the Illinois Plumbing Code are found, the person:
i) Shall pay a civil penalty of $5,000. The Department may reduce this amount to $3,000 upon the condition that the unlicensed person pays for a licensed plumber to correct the violations of the Illinois Plumbing Code. The licensed plumber correcting the violations shall be acceptable to the other party to the original contract or agreement;
ii) May be referred to the State's Attorney of the county or to the Attorney General for prosecution under Section 29 of the Act.
3) Third and Subsequent Offenses
A) The person shall pay a civil penalty of $5,000;
B) The person shall be referred to the State's Attorney of the county or to the Attorney General for prosecution under Section 29 of the Act.
b) A licensed plumber, firm, corporation, partnership, or association who directs, authorizes or allows a person to practice, offer to practice, attempt to practice, or hold himself or herself out to practice as a plumber without being licensed under the provisions of the Act:
1) First Offense
A) Shall pay a civil penalty of $5,000;
B) Shall be required to pay for a licensed plumber to correct any violations of the Illinois Plumbing Code. The licensed plumber correcting the violations shall be acceptable to the other party to the original contract or agreement;
C) Shall have his or her plumbing license suspended;
D) May be referred to the State's Attorney of the county or to the Attorney General for prosecution under Section 29 of the Act.
2) Second Offense
A) Shall pay a civil penalty of $5,000;
B) Shall be required to pay for a licensed plumber to correct any violations of the Illinois Plumbing Code. The licensed plumber correcting the violations shall be acceptable to the other party to the original contract or agreement;
C) Shall have his or her plumbing license revoked;
D) Shall be referred to the State's Attorney of the county or to the Attorney General for prosecution under Section 29 of the Act.
(Source: Amended at 38 Ill. Reg. 19715, effective September 23, 2014)
http://www.ilga.gov/commission/jcar/admincode/068/068007500J10000R.html
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не смее да остане субјект кој извршува дејност и добивка без при тоа да плати давачки кон држава и даноци. Не е фер кон останатите кои плаќаат, што се другите будали што се регистрирани? Стеснување на сива зона.

Е сега велат недај боже Мијалков да ти е конкуренција нели ќе видиш сума на лиценци 100% од добивка, услови за добивање невозможна мисија, па под закончиња или годишно промена на услови. Зависи каква ти е среќата. А него го нема уште кај занаетчииве - и сега ќе го налутите и ќе отвори и таму фирма.

Али во Македонија проаѓа се како алва, што сакаат тоа прават буквално.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Немај гајле сеа со законов невработеноста ќе падне :vozbud:а и буџетот фино ќе си порасне. Во САД ова го има одамна, таму ако фатат нелиценциран водоводџија има тешки казни да си плати он а и газдата.
Убаво ќе беше да напишеш дека литро бензин во САД е 50 денари, дека немаат ДДВ, колкави им се платите.
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
dali ke ima licenci za :LADNA BOZA ,LIMUNADA ,I AJMO OVDE VRUKA KIKIRIKA I SEMKI ,ili i ovoj zakon ke vazi samo za nas ko zakonot za fiskalna ....idesh na bit pazar ,na zenski pazar ,kupuesh platno i ,plakash ,pa chekash fiskalna smetrka ,i poshto zemco ne ti dava ,go prashuesh ,a smetka ? i zemco so odgovor : abe imam fiskalna kasa ,ama ne sum go otvaral ...i ti ko moron gledash kaj shto ti posocue so prst ,koga stvarno tamu ima fiskalna kasa ama spakuvana vo najlon kesa kako SHTOTUKU KUPENA I NEUPOTREBENA

eh more makedonac ,lapaj ....
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не смее да остане субјект кој извршува дејност и добивка без при тоа да плати давачки кон држава и даноци. Не е фер кон останатите кои плаќаат, што се другите будали што се регистрирани? Стеснување на сива зона.

Е сега велат недај боже Мијалков да ти е конкуренција нели ќе видиш сума на лиценци 100% од добивка, услови за добивање невозможна мисија, па под закончиња или годишно промена на услови. Зависи каква ти е среќата. А него го нема уште кај занаетчииве - и сега ќе го налутите и ќе отвори и таму фирма.

Али во Македонија проаѓа се како алва, што сакаат тоа прават буквално.
Па со расипна-нефункционална кочница ќе отидат и отаде Алфа Кентаур....за тоа време таа истата кочницата само шкрипи: техничка-влада, техничка-влада, а не го прави она за што е конструирана, да го кочи бандажот на тркалото на кое се тркалаат.....заедно во склоп, во правец во кој народ ги усмерил на избори...;)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па со расипна-нефункционална кочница ќе отидат и отаде Алфа Кентаур....за тоа време таа истата кочницата само шкрипи: техничка-влада, техничка-влада, а не го прави она за што е конструирана, да го кочи бандажот на тркалото на кое се тркалаат.....заедно во склоп, во правец во кој народ ги усмерил на избори...;)
Таа кочница работи за нив. Кој тоа не го сфатил досега мора да е светски слепец. Ние немаме кочница се тркаламе накај провалија со се тие на избори што ги усмериле.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас сум горд слободен уметник без лиценца :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom